|
|
Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988 |
ДЕКЛАРАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА, БУГАРИЈА И АЛБАНИЈА ДО ООН. 1. Во согласност со Универзалната декларација за човекови права на ООН и со одредбите на Хелсиншката спогодба Грција и Бугарија се должни да престанат да го негираат националниот идентитет на Македонците, и воопшто да го почитуваат македонскиот идентитет во своите држави и да не го спречуваат неговото слободно изразување и афирмирање надвор од нивните држави (во Канада, Австралија, САД и др.). Двете држави се об-врзани да им признаат на Македонците статус на национални мал-цинства и врз основа на тоа да им го почитуваат правото на еднаквост пред законот со фактичко уживање на човековите права и основни слободи, да ги штитат и да ги унапредуваат нивните легитимни интереси во оваа област. 2. Грција, Бугарија и Албанија да им овозможат на Македонците на својата територија слобода на хуманитарни, културни духовни и други контакти со Македонците од СР Македо-нија и со оние во мултикултурните демократски општества на Канада и Австралија, како и со Македонците во САД и во други земји во светот. 3. Грција и Бугарија се должни да им дадат на Македонците право на образование на мајчиниот јазик, право за отворање училишта и културни институции и слобода за свои организации и здруженија, право за издавање публикации на македонски јазик и учество во програмите на радиото и телеви-зијата, како и право за слободна употреба на мајчиниот јазик во судовите и во црковните обреди. 4. Грција да ги укине законските одредби со кои македонските политички емигранти од Граѓанската војна и нивните потомци, бидејќи не се “Грци по род” се исклучени од враќање во родните места, посетување на татковските огништа и уредување на гробовите на своите предци и блиски, како и зачувување на сопствените имоти. 5. Заедно со запазувањето на другите белези на националниот идентитет на Македонците во Грција, е неопходно да се вратат променетите лични и географски имиња во Македо-нија во изворната форма. 6. Грција, Бугарија и Албанија да го усогласат односот спрема Македонците со духот на Универзалната декларација за човечки права и основни слободи, Хелсиншката спогодба и другите меѓународни документи од оваа област. Македонски национален комитет Горнан Јовановски, претседател... Извор: - Стојан Киселиновски, Егејскиот дел на Македонија (1913-1989), Култура, Скопје 1990, стр. 146-147; Иван Катарџиев, - Македонската политичка емиграција..., док.89, стр.339-340; |