|
|
Во Македонија постои движење за обнова на Охридската архиепископија во унија со Римокатоличката црква |
(Солун, февруари 1874 година) ПЕТКО СЛАВЕЈКОВ ДО БУГАРСКИОТ ЕГЗАРХ: ВО МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ ДВИЖЕЊЕ ЗА ОБНОВА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ВО УНИЈА СО РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА, ШТО ПОДРАЗБИРА НЕЗАВИСНО НАЦИОНАЛНО И ЦРКОВНО ОСЛОБОДУВАЊЕ “Ваше Блажество, Пред два дена испратив писмо по доверлив човек, во кое накратко Ви ја опишав положбата во Солун и во Македонија во врска со неразумното движење за обнова на Охридската архиепископија во унија со римокатоличката црква. По средбата со некои овдешни првенци, разбрав дека веќе насекаде се зборува за еден поширок план, а имено да се создаде унијатска црква во Македонија. Според веродостојни извори, се чека само на хиротонијата на дедо Харитон за да се пристапи кон тоа дело. Додека не дојде благослов од Папата за прогласување на унијатска Охридска архиепископија, владиците со своите епархии да бидат составен дел на Унијатската црква со седиште во Одрин. Потоа, за охридски архиепископ ќе биде назначен дедо Натанаил, за Пелагонската епархија дедо Панарет, за Дебарската епархија јеромонахот Козам Пречистенски, за Солунската дедо Нил Изворов, за Скопската дедо Доротеј. Другите епархии, за кои уште нема избрани кандидати, привремено ќе се раководат од соседните архиереи. Дедо Нил ќе остане за владика во Солун, Кукуш и Воден. Отец Харитон, откако ќе биде ракоположен, ќе стане владика во Серско и Мелничко. Дедо Дионисиј, како архимандрит, привремено ќе ја управува Струмичката епархија. Имам личен впечаток, Ваше Блаженство, деке никој тука не моли за вистинска унија со Римокатоличката црква. Таа треба да биде средство за обнова на Охридската архиепископија. Ова го чувствуваат и католичките средини и затоа немаат голема доверба во луѓето со кои преговарааат. Затоа сметам дека не е доцна да се дејствува, да се премавне незадоволаството, кое понатаму може да се надвладее. Поопасно е унијатското движење во оние места каде што и порано од слични причини доаѓаше со Унија. Предводи Кукуш, по него иде Дојран, сочувствуваат Струмица, Малешево, Воден. По нив клинкааат солунските, серските, мелничките и драмските села. Навистина таму нема силни раздвижувања на унијатската пропаганда, но таму каде што чади, ќе има и оган. Се очекува за епископ Нил издавање на берат, па огнот да пламне. Веднаш Полјанската епархија (Дојранската епархија, н.б.) ќе премине во Унија, кон неа ќе се присоединат Струмичката и Воденската епархија, а и многу села од Солунската, Драмската и Серската и други епархии. Секако ќе се занишаат и другите македонски епаргхии, најнапред Велешката, па Скопската и другите. Велешката епархија и така е незадоволна од својот владика Дамаскин, а притоа велешани, подбудени од властољубие сметаат дека тие треба да ја управувааат јужна Македонија во црковен поглед. Причината за ваквата ситуација во цела Македонија е наполно јасна. Македонските епархии и градовите што веќе ги спомнав се мошне огорчени од тешката црковно-народна положба во која се наоѓаат. За ширењето на идејата за обнова на Охридската архиепископија врз унијатска основа помагаат и француските и австриските конзули, кои ветуваат полна заштита пред турските власти и пред гонењата од Цариградската патријаршија. Индиректно, за ширењето на Унијата во Македонија помагаат и Грците, кои очекуваат преку Унијата да слабее Егзархијата и да побараат сојуз за ликвидирање на католичката пропаганда во Македонија. Ова го заклучувам од водените разговори со грчкиот конзул во Солун. Тој ни најмалку не е загрижен од опасниоста за ширењето на Унијата во Македонија. Напротив, Грција бара поддршка за својата стопанска и национална дејност во Македеонија. Според мислењето на грчкиот конзул, овој дел на народот, кој не ќе ја прими Унијата, разочаран од Егзархијата, ќе остане под јурисдикција на Патријаршијата. Агентите и приврзаниците на унијата во разговорот што го водев не случајно споменуваат дека само преку Унијата може да се постигне разрешување на “Македонското прашање”. За да ги искористат до крај нерасположението и огорченоста на народот против Егрзархијата, тие ги засилуваат обвиненијата против Егзархијата. Тие зборуваат за македонското прашање врз црковна основа, но истовремено ги потхранувааат старите сепаратистички тенденции кај Македонците, преку Унијата да се создаде една нова етничка област - во духот на Митхад-пашините кроежи. Како што во 1860 година римокатоличките агенти за Унијата беа изработиле културно-национална програма за ослободување на бугарскиот народ од Патријаршијата, така и сега тие се јавуваат со определена програма за духовно-национално ослободување на македонските епархии преку Унијата. Веќе и во комуникацискиот јазик на македонските дејци се зборува за “македонското движење”, под кое треба да се разбира независно национално и црковно ослободување. Треба да посочам поцврсто, Ваше Блаженство, дека тука има еден момент од важен политички карактер, сепаратизмот се шири од црковна на поширока народносна основа...” С. Димевски, Две писма на П. Р. Славејков..., стр. 561-566; Документи за борбата на македонскиот народ, И, стр.221-223; |