|
|
За учеството на Македонците во Романското востание - (1821 година) |
„От коа поседе дома (татко му на Марко Цепенков, н.б.), пак му се кошна во Влашко со Никола и тамо беше го начекале времето да спечалат пари. Во тоа време имало некој Слуџар Тодор (водачот на востанието Тудор Владимиреску, н.б.) што го викале, и тој (ги) накренал сите јабанџии (најпојќе Маќедонци) против бојарите, со еден дарежлив ферман ѓоа од Русија беше му даден. Коа беше се надигнале јабанџии дваесе и шест илјади, му легнале да и пленуваат бојарите, до што му нашле по куќите – се му плениле, дури втасала турска војска и се распрснале востаниците. Бегајќи татко со 30-40 другари од Влашко за Немачко (Австрија, н.б.), сите беше и истепала потерата, само шест души беше останале, со нив татко ми и стрико ми; татко ми лесно ранет во плешките оспреди...” Марко К. Цепенков, Македонското народно творештво. Кн.10. Материјали. Литературни творби. (ред. Б. Ристовски), Скопје 1972, стр.308; Документи за историјата на македонскиот народ..., т. I, док. 170;
|