|
|
Царот Персеј - живот, дело и борба за Македонија (2 дел) |
Царскиот пат по кој Персеј со целото царско семејство и највидните Македонци бил однесен и погубен во Рим, не го граделе римските војски, тој си постоел како пат на фалангата и се` уште постои во Македонија и во светот каде што патувал, војувал и стигнал Александар Македонски. Еве како Полибие на стр. 496/ II книга го опишува царскиот пат: „Од Аполонија и Епидамен оди низ Лихнид, и Пилон преку планината Борунд, па низ Хераклеа и Линкестида, Еорда и кон Едеса, Пела, Тесалоника, Хипсана, Перинт, Визант“- тоа е всушност македонската држава на Персеј. Патот продолжувал од Визант до Троја, Нинива, Персепол, Суза и оттука до Авганистан, Пакистан, Индија, патот го граделе Македонците од фалангата на Александар Македонски. Подоцна тој македонски пат е наречен “патот на свилата” или патот на Марко Поло. Кина, Индија, Јапонја заради тој пат ги знаат и ги почитуваат Македонците и државата Македонија. Последното трагично патување на Персеј по македонските патишта не го намалува значењето ниту на патот, ниту на градовите, ниту на Македонците. По тој пат поминале Цезар, Наполеон и Хитлер, по тој редослед НАТО ги бомбардираше градовите познати од времето на македонската светска империја. Персеј бил жртва на својата слава. Ни самиот не верувал дека некој можел да ја победи непобедливата македонска фаланга. Сојузниците го напуштиле. Долготрајните борби го исцрпиле и психички и физички. Го збунил македонскиот начин на војување на непријателот. Римјаните не можеле да го победат надмоќниот Персеј ако не им се приклучиле Атињаните. Тие тоа го сториле како одмазда за Херонеја. И без тоа тие не можеле да се помират со поразот од Филип II и големата контрола од страна на Антипатар. Обидот да се вратат на историската сцена преку организација на град-државичките го платила Теба и затоа силно ги опоменал Александар. Контингентот на фалангата во Атина ги спречувал од било каква помисла да се ослободат од Македонците иако имало чести обиди. Харпал како благајник на царското богатство од Вавилон побегнал во Атина и половината од златото го раздал како поткуп. Атина преплашена да не ја снајде судбината на Теба не му дозволила да остане ни во Пиреа се` додека Харпал не си ја добил заслужената смрт. Само Демостен се прелажал. За еден златен пехар од македонското злато ја загубил главата. Не можел да му помогне ни на Харпал, ни себеси. На сето тоа платил и за “Филипиките”. Уште еднаш Атина се обидела да користи случки и да се одмерува со спротивставување на Македонците. Тоа била Ламиската војна. На помош на Антипатар му дошол Кратер со 10 000 фалангисти, одлично обучени и со големо искуство стекнато во походот што во Азија го направи Александар Македонски со фалангата. Генералот Кратер во тоа време бил одреден од Александар да управува со целата империја, да ги победи и да ги замолчи Атињаните за подолго време. Одреден да се грижи за царското семејство Кратер се погрижил да ја зајакне целата наследна лоза. Тој своите синови, подоцна и внуци ги одредил да управуваат со Коринт во седиштето на Советот на Македонците што управувале со сите народи и град-државите на таа значајна превлака на патот кон Пелопонез. Од Филип II до Персеј, Македонија ги одржувала своите граници и жестоко се спротивставувала на било какво ограбување или одвојување. Атина нестрпливо чекала да се приклучи кон римската агресија. Се надевала дека како соучесник во борбата против Македонија ќе има привилегии и ќе добие нови територии. Се излажале во очекувањата. Како што Македонците ги придобиле народите за себе, а не за Атина, така и Римјаните си ги задоволиле само сопствените интереси. Ливие го опишува ужасното пустошење на цела Атика како и цела Македонија. Атина не била наградена ниту пак прогласена за римски сојузник. Била опустошена како дел од таканаречената Провинција Македонија. Персеј се соочувал со различни обиди Рим да се вмешува, да препорачува и да се бори против Македонија. Во повеќе наврати успешно се спротивставувал, како на пример во битката кај Хискана. Уште во 171 г. Рим одобрил војна против Македонија, а Персеј ја прифатил успешно спротивставувајќи се на секој обид за навлегување на македонска територија. Дури во 168 г. се случила битката кај Пидна и неочекуваниот пораз на Македонците. Персеј поддржан од кралските другари во Пела и од Собранието на Македонците и армијата започнал да се подготвува за војна со Рим. Имал 43 000 војници во состав со Пеонска, Тракиска, Аргијска, Етолска, Галска, Одриска и Критска поддршка. Римската војска имала 35 000 пешадија, но набргу собрала уште 8 000, претежно коњица од Ахајската Лига, Пергам и Тесалија, за да се изедначи бројно со македонската фаланга. Во суштина тоа била атинска помош за Рим со што се самопобедила. Во почетокот Персеј при првиот судир однел победа со елитниот коњички ескадрон на реката Пенај во Тесалија. Иако Римјаните имале големи загуби (2 000 мртви и 600 заробени), Персеј не сакал да го нападне римскиот логор во решавачка битка за да ги поштеди од загуби заради надмоќта на македонската војска. Римјаните тоа го искористиле за да заземат стратешки позиции, додека Персеј се трудел да ги обезбеди сите премини кон Македонија во што успеал се` до доаѓањето на Емилио Паоло како командант на римската војска. Тој со неколку маневри го зазел преминот Петра на што Персеј се одлучил да изврши ноќен забрзан марш, да ја поведе војската во близина на Пидна. Тие 24 километри за прелоцирање на позициите ја измориле и војската и Персеј. Прочуената и несовладлива македонска фаланга за прв пат е разбиена во долгиот воедно борбен распоред во должина од три километри меѓу римскиот логор и морето. Со таков распоред Персеј немал доволен простор да ја насочи фалангата. Редовите на фалангата почнале да пукаат и Римјаните успеале да навлезат во нејзиниот центар. Коњицата го запрела нападот и комплетно заминала на запад и на север преку границата. Истото го сторил и Персеј, заминал но бил на дофат на Римјаните до Пела, до патот кон Самотраки. Десет илјади Македонци биле заробени, нема податоци за бројот на убиените, на Римјаните им требале живите Македонци. Торг, односно Јустин направиле споредба, забележувајќи дека борбите со Ханибал биле полесни за Сципион отколку што биле потешки и поорганизирани против Македонија. Картагина не била толку важна како што тоа била Македонија во светските рамки. Катон постариот на секој Совет во Рим повторувал иста речница: „Картагина треба да се запали“. Лесно и брзо синот (адаптивен) на Паоло Емилио ја изгорел Картагина во присуство на Полибие за тој како историчар да го опише тоа. Ханибал познат по изреката: “Ханибал пред портите на Рим” и по тоа што ги поминал Алпите под длабок снег, и со слонови, кога се повлекол преку Македонија се упатил кон Антиох и продолжил да се бори, победувајќи го Евмен од Пергам, сојузникот на Рим и голем опонент на Персеј. Персеј исто така имал намера да стигне до островите и наследниците на Александровите генерали, цареви на Македонија во малоазиските држави кои со тешки битки продолжиле да им даваат отпор на Римјаните цели 150 години до освојувањето на Александрија и до трагичната смрт на Клеопатра VII - Македонката. Ханибал и Сципион умреле во исто време. Смртта на Персеј и царското семејство во затворите на Рим се` уште го потресува светот со тоа што најмоќниот, најспособниот, најбогатиот цар во тогашниот свет завршил како роб, а Македонија комплетно и најсвирепо била ограбена и разурната. Македонија била распната на крст, поделена на четири изолирани делови, да не воскресне од што Римјаните најмногу се плашеле. Во 167 г. под мандатот на Паоло Емилио укината е македонската монархија, а тоа подразбирало и ликвидација на Персеј и сите негови наследници што е и направено. Првата република со главен град Амфипол, втората република со главен град Тесалоника, третата со главен град Пела и четвртата со главен град Пелагонија. Поделбата на Македонија ги опфаќа етничките граници од Филип II до Персеј. Во сите четири главни градови, Амфипол, Тесалоника, Пела и Пелагонија уште долго се ковале пари со истите назнаки, дури и тогаш кога Рим ги укинал републиките и ја прогласил Македонија за римска провинција во 146 г. по тешко совладаното востание на Филип VI Андрикс. Правото, управата, даноците и забраните што ги спроведувал Рим над Македонија слични се на оние што ги применувала турската власт на Македонија, со разлика што името, идентитетот и верата не се менувале. Македонската историја до Персеј, Римјаните, сегашните Италијанци ја пренаменија како предримска историја, како боговите, градбите како царскиот пат Виа Игнација и сите уметнички творби, покажувајќи му ги на светот како римски копии на “грчки” оригинали. Сите знаат дека сето тоа е македонско. Македонија уште еднаш ја распнале на крст. Во 1912 година е поделена на четири држави: Грција, Бугарија, Србија и Албанија. Геноцидот трае врз името, територијата, јазикот, писмото, црквата... На повидок е воскреснувањето на Македонија. Ако Христос воскреснал, зошто православна и христијанска Македонија да нема такво право кога од Хомера, од Библијата, од Херодот, од царевите и династиите до денес си го има истото име-Македонија во пишуваните документи со милиони древни букви. Какви факти се` уште се бараат па да им ги покажеме, да им ги наброиме наспроти геноцидот и неделата што континуирано ни ги прават. Лути и бесни што постоиме не можат да го сопрат духот македонски ниту со жестокоста, ниту со крвопролевањето на Пидна, на Илинден 1903, на Карпалак, во Букурешт... Римјаните долготрајно се подготвувале за уништувањето на Македонија, бидејќи знаеле за династичките крвни врски на Македонците. Персеј го помагале роднините од Епир, Илирите, Тракијците, Критјаните, Антиохите, Селевките, дури и Галите што пред тоа упаѓаа во Македонија. Во сите тие царски куќи многу принцеви и принцези наследници се и роднини на Филип II, Александар III Македонски, Молосите, Антипатар и многу други благороднички куќи од Македонија. Тоа е кохезијата за соработка со Персеј и опстанокот на Македонците. Заради тоа зад името на Персеј не треба да се пишува дека бил последниот македонски цар. |