Среда, 19 Јуни 2013   
Струмички конгрес од 1904

strumicki-kongres

Струмички конгрес од 1904 година е конгрес на Струмичкиот револуционерен округ прв окружен конгрес од многуте одржани по Илинденското востание на кој биле разгледувани голем број на прашања од кој најважно секако била идната дејност на самата Организација.

Во април 1904 година бил свикан конгрес во месноста Кулата на Огражденските планини на кој присусутвувале делегати од Струмичкиот револуционерен округ под претседателсво на Ѓорче Петров. Главни прашања кој биле разгледани се независноста на Организацијата, одговорноста по Илинденското востание и односот кон Мирцштегските реформи.

Одлуки

Била осудена предвременоста на Илинденското востание, исто така биле осудени Солунскиот конгрес и Смилевскиот конгрес, а бил критикуван и Дамјан Груев поради тоа што го подржал кревањето на востание.

Конгресот ја осудил дотогашната централизација на Организацијата и се побарало широка децентрализација.

Струмичкиот револуционерен округ изгласал недоверба на Христо Татарчев и Христо Матов, а за нови задгранични претставници биле предложени Пере Тошев и Димитар Стефанов.

Струмичкиот окружен конгрес е првиот конгрес кој се одржал по востанието и на овој конгрес првпат била резагледана работата на реформската комисија и каков однос да се заземе кон Мирцштегските реформи. Во однос на овие реформи Конгресот зазел негативен став при што било истакнато дека:


...мнозина се надевале дека реформите ќе донесат олеснување, меѓутоа напротив, било констатирано дека реформите му ги одврзале рацете на Хилми паша и пред нивните очи се вршеле убиства, палежи и силувања од страна на турскиот аскер.


На окружниот револуционерен комитет особено му сметала работата на рускиот цивилен агент Николај Демерик кој му предложил на главниот инспектор Хусеин Хилми паша нова тактика за гонење и уништување на организациските чети.

Новата тактика која била предложена се сосотоела од палење на куќите во кои ќе се открие дека престојувале четите. Оваа тактика турската војска не ја применувала пред Илинденското востание, освен во текот на самото востание кога биле палени цела села, а вакавата пракса била прекратена со крајот на самото востание и доаѓањето на реформската комисија.

Затоа Конгресот решил да се даде видлив израз на народно негодување и незадоволство на цивилните агенти и странските офицери кој требало да учествуват во спроведувањето на реформите.

Конгресот го задолжил војводата Никола Жесков да изнајде луѓе и да подметне мина на товарниот воз на железничката станица во Удово.

Значење

Овој Конгрес минал под влијание на софиските советувања и Директивата на Димо Хаџи Димов со што започнал процесот на демократизација и децентрализација на Организацијата со што се влијаело и врз другите окрузи вклучително и на Битолскиот револуционерен округ да се зазеде таков став, треба да се истакне дека Протоколот на Струмичкиот окружен конгрес бил пронајден во архивата на Христо Узунов.

Извори

  1. Глигор Тодоровски, Реформите на големите сили во Македонија (1829-1909), Реформите на големите сили во Македонија по Илинденското востани, Скопје, 1984

Ванчо Ѓорѓиев, Струмички окружеб конгрес на ТМОРО од 1904 година, Историја, XLI/1-2, Скопје, 2005

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.