|
|
Доверлив извештај на Крил Миљовски политичко-пропагандна работа во народот за присоединувањето кон нашата Македонија |
(Софија, крај на 1944 година)
„Нашите раководители на состанокот со претставниците на БРП (к) го поставија прашањето за бугарска Македонија и тие се согласија на се’. Така во бугарскиот дел на Македонија сега се пристапува кон организирањето на македонски бригади и дивизии, организирањето на Македонски народно-ослободителни одбори по сите градови и села, и како највисок орган Обласен народно-ослободителен одбор, и организи-рање на политичко-пропагандна работа во народот за присоединување кон нашата Македонија. Се разбира, сево ова е уште во рамките на бугар-ската држава, воените единици во рамките на бугарската војска, а народноослободителните одбори во рамките на Отечествениот фронт... ...Некои се однесуваат негативно, некои пак нејасно, а има и такви што сакаат да ја матат водата... По првиот состанок со Трајчо Костов, дојдов до заклучок дека решенијата што беа постиганти со раководството на БРП (к), запишани во еден нотес, се заборавени, а дека не е направен ниеден обид тие да се спроведат барем во вид на директиви, ако не практично, како што би морало да се прави, ако искрено се сака грешките од минатото да се ликвидираат до корен... Од десетина партиски директиви што на теренот ги испрати Обласниот комитет на БРП (к) во Горна Џумаја, нема ниедна што би го поставувала прашањето за обединувањето на македонскиот народ онака како што беше речено на заедничкиот состанок. Така стои работата со практичниот став на БРП(к) по прашањето за Македонија... ...На една коннференција на Отечествениот фронт во Горноџумајската област, од сите говорници по прашањето за статусот на Пиринска Македонија седум беа за присоединувањето кон федерална Македонија, еден против, и двајца со нејасен став...”
АРПЈ, Београд, док. бр. 1981/III, 4-5/44; Сл. Нешовииќ, Југословенско-бугарскитеодноси..., стр 245-246; |