Среда, 07 Август 2013   
План за задушување на Илинденското востанието

krusevo903Насер паша подготвил план за систематско уништување на востаниците. Востанатите територии ги поделил на сектори во зависност од востаничките центри и топографските услови.

Во секој сектор биле испратени големи воени сили кои имале задача да ги опколат востаниците и постепено да го стегаат обрачот околу нив и на тој начин да ги уништат востаниците.

Сепак треба да се истакне дека со овој план турската армија не успеала да ги уништи воружените сили на Организацијата. Востаниците од опколените области успеале навремено да се извлечат и да се префрлат во штотуку пребарани области. Востаниците избегнувале директни судири со армијата.

Сепак турската армија со својата големина и оружје успеале да го задушат востанието. Централната власт, поддржана од германската дипломатија и` наредила на својата армија да започне со систематско палење и уништување на христијанските села кое било проследено со колеж врз неборечкото населние. Главната цел на овој план не била да се уништат востаничките сили тука да се изврши притисок врз Македонската Револуционерна Организација, четите и востаниците да се откажат од борбата.

Една од најжестоките и најкрвави борби во Пиринска Македонија се одиграла на 1 септември кај селото Пирин. Во таа борба учествувале 500 востаници под команда на Јане Сандански. Во текот на борбата паднале 7 востаници, а 80 Турци биле убиени или ранети. Јане Сандански води и втора голема битка кај Обротиште, Свети Тројца, на 13 септември загинуваат 2 востаници, а Турци можеби повеќе од 80.

Четите во Солунскиот Револуционерен Округ имале големи борби со турската војска кај „Баш-Бунар, Гандача, на Пајак Планина, и кај селата Постолар и Аматово - кукушка околија.

Во Охридската околија, во месноста Рашанец, планинска долина помеѓу селата Куратица, Речица, Свињишта, Олејница и Сируласе наоѓал еден од најглавните логори на востаниците со 1.700 мажи, жени и деца.

На 13 август логорот бил опколен со 10.000 турски војници со артилерија и товари петролеј за палење на шумата во близина на логорот. По десетчасовна борба, востаниците биле разбиени. 32 биле убиени, а другите стотина ја пробиле опсадата и се спасиле во планините. Во овој логор се убиени 158 невооружени мажи, жени и деца.

Други големи битки во Охридската околија се водени во селата: Сирула, Оздољани, Сошани, Издеглавје, Лешани, Локтиње, Слатино, Врбјани, Ботун, Брежани, Ташмаруништа и Вевчани.

Демобилизација

Палежите на селата, апелот на османлиската власт за враќање на неселението по селата, советите на конзулите, гаранциите за амнестија и гласините за реформи, допринеле Главниот штаб да почне да размислува за распуштање на востаничките сили.

На 2 октомври 1903 година, Главниот штаб на Смилевската околија донел одлука за организирана демобилизација на востаниците. Планот за демобилизација предвидувал распуштање на востаниците и нивно враќање дома, собирање и складирање на оружјето, засолнување на компромитираните револуционерни раководители и дејци, раководниот кадар на теренот да биде сведен на минимум, а веднаш потоа Борис Сарафов заминал за Софија.

Даме Груев започнал со спроведување на планот за демобилизација и успеал да собере околу 350 пушки. Груев на компромитираните востаници им советувал да не се предаваат на турската армија, туку на дипломатсикте претставници.

По објавувањето на демобилизацијата во Битолско останале Даме Груев, Атанас Лозанчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Ѓорѓи Сугарев и други.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.