Среда, 07 Август 2013   
Последици од Илинденското востание

Во Битолскиот вилает се воделе 150 борби со 19.152 востаници против 292.735 противници. Убиени или ранети се 746 востаници, а 3.087 убиени или ранети Турци. Биле запалени 122 села со 8.646 куќи. Без покрив останале 51.606 жители, а бројот на убиени или заклани е 1.779 души.

Во Солунскиот вилает, од 2 август до 8 септември 1903 години дошло до 32 борби во кои паднале 109 востаници, додека во Скопскиот во неколку борби од 14 август до 14 ноември 1903 г. паднале 93 четника.

Во сите три вилаети во текот на востанието паднале 949 востаници во 197 борби.

Во текот на целото востание во Македонија во 1903 година настрадале 16 околии со 201 населено место. Биле изгорени 12.400 куќи, а без покрив останале 70.836 лица, биле убиени 8.816 мажи, жени и деца, 30.000 луѓе ги напуштиле своите родни места.

Во Одринскиот вилает или поточно во четирите кази на Лозенградскиот санџак — Лозенградската, М. Трновската, Василикоската и Визенската: од 92 христиjaнски села 66 биле целосно или делумно опожарени. Од 17.754 христијански куќи биле изгорени 2.610. Убиени и заклани 2.565 души, обесчестени жени и моми 920, грабнати 135, бездомни останале 12.880 души, а во Бугарија избегале 20.000 души.

Одглас

odglas
Македонски бегалци во Бугарија

demonstranti-sofija
Македонски демонстрации во Софија по задушувањето на востанието

the-courier
September 02, 1903 The Courier

Илинденското востание претставувало непријатно изненадување не само за турската држава, туку и за многу други големи и мали држави во Европа, кои полагале право врз наследството на Османлиската империја.

За Австро-Унгарија и царска Русија, на пример, тоа претставувало тешко искушение, бидејќи го рушело постојниот статус-кво на Балканот, за што особено се залагале двете големи сили при неможноста сами да ги реализираат своите аспирации врз Османската империја. Нивната цел била - со строго дозирани подобрувања во Македонија да се сочуваат секакви радикални решенија што би ги прејудицирале нивните намери.

За таа цел, во февруари 1903 година пред востанието, тие веќе изнудиле извесни анемични реформи од Османската империја. Другите европски сили биле не помалку заинтересирани за положбата во Македонија, односно во Османската империја, но и нивната дипломатија, со исклучок на повремени сондажни предлози, се држела настрана очекувајќи иницијативи од заинтересираните Австро-Унгарија и Русија, кои ќе ја смират положбата во Македонија.

За тоа да не се менува положбата на Балканот биле заинтересирани и малите балкански држави, кои аспирирале врз Македонија. Затоа ни тие не биле расположени за успех на востанието. За нив, позитивните резултати на ослободителната револуција во Македонија практично значеле пресекување на нивните територијални аспирации врз последната, а тоа значело пресекување и на илузиите за господство на Балканот. Тоа го определувало и нивниот негативен однос спрема Илинденското востание.

Прогресивната светска јавност се однесувала со искрени симпатии спрема борбата на македонскиот народ. Европскиот и светскиот печат бил преполн со вести за ситуацијата во Македонија, за крвавите репресалии на казнените експедиции на турската војска итн. Насекаде се дигнал бран од протести во полза на македонскиот народ. Под раководството на истакнати личности од областа на културата, уметноста и политичкиот живот, како Лав Толстој, Максим Горки, Анатол Франс, Жан Жорес, Виктор Берар, Франс де Пресанс, Артур Еванс, Хенри Брејлсфорд и други, се создало цело движење за помош на македонскиот народ.

Во Англија, Франција, Италија и САД се создале македонски комитети, кои станале организатори на импозантни митинзи. На пример, само во Англија биле одржани околу 200 митинзи во полза на македонскиот народ. Митинзи биле одржани и во Париз и Рим.

Оваа хумана акција ги зафатила и јужнословенските народи. Во Љубљана, Загреб, Белград, Софија, прогресивните општествени сили и прогресивната младина се дигнале во заштита на македонскиот народ и во прибирање помош за настраданото население. На тој начин, и покрај тешките последици што Илинденското востание ги остави зад себе во Македонија, тоа придонесе да се дознае вистината за македонскиот народ, за неговата борба, за неговите стремежи за слобода.

Мирцштешки реформи

Македонската Револуционерна Организација преку востанието успеала да ги депласира предвидените Падарски реформи и да ги раздвижи европските дипломати. Меѓу првите кој увидел дека се потребни нови реформи во Македонија бил австро-унгарскиот министер за надворешни работи Голуховски, но од негова страна немало конкретен предлог за нови реформи, до сличен заклучок дошла и Русија, но ни таа не презела никакви мерки.

Tsar_Nicholas_II_-1898
Николај II

Англија и нејзиното министерство за надворешни работи, согласност својата политика кон Балканскиот Полуостров предложила на Македонија да и се даде автономија. Таа успеала кон себе да ги придобие Италија и Франција, а преку последната и Русија. Меѓутоа кога дипломатските преставници на овие држави таквиот предлог го преставиле во Цариград пред германскиот и австрискиот дипломат, тие категорично го отфрлиле таквиот предлог, изјавувајќи дека уште од времето на фервруарските реформи од 1903 година, големите сили им довериле мандат за спроведување реформи на Русија и Австро-Унгарија. Оттука целиот процес се блокирал.

Под притисок на востанието меѓу европската дипломатија се јавиле две концепции за решавање на македонското прашање, англиската преку автономија и австриската преку реформи. Во текот на дипломатските игри австриската концепција преовладала. Австро-Унгарија не можејќи сама да го реши македонското прашање се свртела кон Германија. На 17 и 18 септември 1903 година во Виена пристигнал германскиот кајзер Вилхем. Во текот на оваа посета германскиот владетел изјавил дека:

... автономна Македонија би претставувала опасност, бидејќи со тек на време можела да се присоедини кон Бугарија со што би се нарушила постојната рамнотежа на Балканот.

Австро-Унгарија, имајќи ја подршката на Германија се свртела кон Русија. Двете големи сили започнале преговори на највисоко ниво кои траеле од 30 септември до 3 октомври. Преговорите започнале во Виена, а потоа продолжиле во Мирцштег. Преговорите се воделе меѓу рускиот цар Николај II, австро-унгарскиот император Франц Јосиф I и нивните министри Ламздорф и Голуховски. Од овие преговори прозлегле Мирцштешките реформи. Со нив било предвидено при главниот инспектор Хусеин Хилми Паша да се постават двајца цивилни агенти. Да се изврши реорганизација на жандармеријата од страна на странски генерал, за полесно спроведување на оваа точка било предвидено Македонија да биде поделена на сектори под раководство на различна голема сила. Реорганизација на правосудството и администрацијата, обештетување на настраданото население во текот на востанието, спроведување на февруарските реформи. На 23 ноември 1903 година реформите биле прифатени од Високата Порта, но таа си го задржала правото на приговор по одделни точки. Реформите се однесувале само на Македонија, а биле изземени санџаците и вилаетите од останатите области на Балканскиот Полуостров.

Македонската Револуционерна Организација преку Илинденското востание успела да ги принуди големите сили директно да се вмешаат во решавањето на Македонското прашање, кое до тогаш не било третирано одделно и претставувало дел од Источното прашање. Меѓутоа Македонската Револуционерна Организација во својата понатамошна дејност ниту ги прифатила, ниту ги отфрлила овие реформи, таа едноставно ги игнорирала. Поради недостаток на политичко крило, Македонската Револуционерна Организација не ги искористила реформите кои биле донесени поради нејзината дејност и во текот на спроведувањето на овие реформи таа не станала фактор во тој процес. Реформите официјално завршиле со Младотурската револуција од 1908 година кога биле повлечени европските реформисти.

 

На прво место

News image

Пендаровски во суштина е кукавица

Мицкоски: Додека Стево се прави Мајка Тереза му стигна одговор од американската Фридом хаус која г...

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА

ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Култура и туризам

News image

Археологија на македонскиот дух

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ I) (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.