Среда, 14 Август 2013   
Туѓите пропаганди во Кукуш

grcka-propaganda

- По овој вака исцрпен опис на трговско економските и социјални услови во Кукуш, Влахов продолжува со конкретизирање на конкретната состојба на македонскиот народ во Кукуш во однос ропско –пропагандните патешествија истурени врз плеќите на наехговите сограѓани. Почнува со училишната дејност која и разбирливо е најзлоупотребуваната од страна на туѓинските пропаганди. Така за ова тој вели:

„Што се однесува до учебното дело на Кукуш, може да се каже дека тоа беше на значајна висина во споредба со многу центри на Македонија. Кукуш имаше едно трикласно мешано училиште и две основни училишта за Македонците, и едно трикласно и едно основно за Македонците – унијати. Турците имаа едно религиозно училиште при една од своите џамии каде се учеа децата да знаат да читаат и главно го изучуваа стихови од коранот на арапски јазик. Циганите во Кукуш беа муслимани и не посетуваа никакво училиште.
Во Кукуш имало отворено училиште уште кон 1840 год. Пред да биде основано народното општинско училиште, пред повеќе од еден век, имало приватни училишта при некои одделни интелигентни, кукушани, кои биле посетувани од момчиња и момичиња“.

- По овa Влахов оди конкретно на секоја училишна туѓинска пропаганда во Кукуш, објаснувајќи од кога, како работела и колкаво и` било вистинското влијание врз македонскиот народ од Кукуш. За ова вели:

„Грчки училишта во Кукуш немало, наспроти обидот на грчките шовинисти од Солун да отворат во домот на грчкиот свештеник (кој немаше никакви еноријаши) училиште на грчки јазик и затоа што никој не сакал да посетува грчко училиште, такво училиште не беше отворено.
Српско училиште никогаш немало во Кукуш и кога за прв пат, кон 90-те години на минатиот век се јави некој си Јовановиќ, Црногорец, кој беше добил од турското правителство разрешение да отвори српско училиште во Кукуш, тој беше дочекан со чукање на тенеќии и беше изгонет. А подоцна истиот тој Јовановиќ се јави и ги молеше кукушани да му дозволат да остане да живее во Кукуш, а да земе под ќирија една квартира каде ќе подготвува јадење за бедни деца, без да отвара училиште, само да може да живее и да добива плата. Кукушани му одговориле дека штом не води никаква пропаганда може да остане во Кукуш. Тој најмил квартира и готвачка која приготвувала јадења за неколку бедни деца од маалата таму и не отворил никакво српско училиште“.

- И бидејќи овие две пропаганди (српската и грчката) немале законска можност како онаа на Бугарите кои ги добиваат целосните надлежности од страна на Турција, со кои Кукуш и Македонија влегуваат во Бугарската Егзархија, Влахов тука завршува. Ова и за да си остави поголем простор за целосна демистификација на бугарската училишна и севкупна пропаганда врз чија подла активност ќе говори низ поголемиот дел од Мемоарите. Затоа преоѓа и на една друга пропаганда која не е од соседите но малку од подалеку, а која ја има истата кобна цел – дележ на македонскиот народ и тоа на Христијански верски основи. За ова вели:

„Кукуш имаше две цркви од кои едната, најголемата, беше на унијатите, макар што тие остануваа два-три процента од целото македонско население, а другата беше на Македонците православни која беше релативно мала. Вон од тие две цркви, на еден рид во Кукуш имаше уште една црква која се викаше Св. Георги и им припаѓаше на унијатите, каде што кукушани одеа при разни религиозни празници на прошетка“.

- Со ова Влахов полека не` внесува во како што ги вели “културниот живот“ и “прогресивната интелигенција“ но и преку кои и за жал туѓите пропагнди заедно со претходните – училиштата, црквите, гостилниците за бедни деца, упорно се обидувале да го придобијат македонскиот народ за свои егоистичко-империјалистички интереси. Така, тој пишува:

„Неколку збора за културниот живот на Кукуш. Споменав дека пред повеќе од 10 години во Кукуш имало општинско народно училиште, во кое биле учители Димитар Миладинов, Попов, Христо Батанџиев, еден од основателите на револуционерната организација, Туше Делииванов, исто така еден од основателите на ВМРО, и ред други дејатели кои потоа зедоа најактивно учество во македонското движење.
Кукуш дал и доста прогресивна интелигенција. Овде треба да спомнам дека тоа е град кој прв се откажа од патријаршијата, склучувајќи унија со римскиот папа во 1859 година“.

- По ова Влахов спомнува безброј имиња на Кукушани по потекло од било какво значење за градот и воопшто или се од т.н. “прогресивна интелигенција” но и дејци чија судбина е со различен подоцнежен тек. Заради прегледност на истите зашто авторот влегува во една непрегледна низа од настани, личности и попатни случки, при што некаде и се повторува или пак навраќа на исти и други случки и имиња, секој спомнат и се` што тој спомнува за нив ги даваме во редоследна прецизна низа. Сите останати, а што не се Кукушани следуваат во другите прегледи и споменувања:

- Нако Станишев – водач на Унијатското движење во Кукуш. Од љубов кон Русија ги испратил своите синови да учат таму (каде повеќето и останале).
- Милош Станишев – син на Нако Станишев и македонски револуционерен деец завршил право на Универзитетот во Женева.
- Нако Станишев Арапнаков – изработувач на платна и еден од водачите на Унијатското движење во Кукуш.
- Христо Станишев - син на Нако Станишев Арапнаков заминува во Бугарија каде е инжинер но и Претседател на Врховниот Комитет во Софија. Инжинерство завршува во Ганд, Белгија. Во Бугарија под дејство на Бугарските пропаганди, пари и функции, овој огранок од Станишеви, се одродуваат и се едни од најдобрите бугарски орудија, толку докажани во тоа, што еден од нив ја доби довербата и стана Премиер на современата Бугарската влада.
- Христо Бучков – Директор на Кукушките училишта, а подоцна издавач на македонски весник во Цариград.
- Вано Бучков – Кукушки трговец мануфактурист, предан помагател на Македонската Револуционерна Организација.
- Гоце Делииванов – виден просветар од Кукуш и подоцнешен задграничен претставник на ВМРО, но и брат на револуционерот Туше Делииванов.
- Никола Червен Иванов – фабрикант, завршил хемија во Лајпцинг, поддржувач и помагач на организацијата.
- Георги Влахов – лисансие во правото на Универзитетот во Лозана, по враќањето од лозана во 90-те активен учесник во македонското движење на емиграцијата во Бугарија и нејзин делегат на конгресите од с. Бобошево на границата меѓу Пиринска Македонија и Бугарија.
- Христо Влахов – еден од основачите на Македонската Револуционерна Организација, заедно со Гоце Делчев и Туше Делииванов во кукушката околија, раководител на револуционерното движење во текот на 10 години.
- Никола Влахов – активен учесник во револуционерните активности на организацијата. Уште како ученик во последните класови на Солунската Гимназија е фаќан и затваран од турските власти се` дури не е испратен во заточение во Мала Азија.
- Христо Тенчев – по завршувањето на наобразбите работи како Гимназиски учител во Солун, а подоцна е и Инспектор на училиштата во Македонија.
- Христо Делчев – Завршил Правен факултет во Цариград, долгогодишен учител во Солунската гимназија и адвокат, пратеник во Турскиот Парламент 1908 / 1912 година од Серскиот округ.
- Христо Г. Тенчев – Прогресивен деец лекар, активен учесник во револуционерната дејност на организацијата.
- Иван Тенчев – аптекар, брат на претходниот Христо Г. Тенчев исто така активен член на организацијата.
- Димитар Тенчев - член на Македонската Револуционерна Организацијата уште од ученик во Солун и исто така брат на претходните двајца – Христо Г. Тенчев и Иван Тенчев. Завршил стоматологија и работи како хирирг – стоматолг во Њујорк – САД.
- Атанас Јаранов – познат трудбеник и преведувач на училишни помагала и речници особено од француски јазик меѓу другото и за потребите на Егзархиските училишта.
- Димитар Јаранов - син на предходниот Атанас Јаранов инаку познат геолог во Европскиот маштаб.
- Христо Јанков – еден најважните водачи на организацијата, теренец и егзекутор на противниците и пропагандистите против македонскиот народ. Особено заслужен за развојот на организцијата во периодот од 1905 до 1912 година , кога по негова иницијатива се превземени две крупни акции во Солун. Едната е егзекуцијата на драгоманот на грчкото конзулатство кој пак беше главен организатор на убиствата од видни Македонци од андартите. Ова убиство внело нова силна струја среде македонскиот народ, а страв и несигурност кон пропагандистите. Втората акција е организираното убиство на еден од најжестоките и највидни врховисти во Солун – Дамјанов, со што се парализира дејноста и работата на бугарската влада и особено подлите пропагандни злодела насочени кон одродување на македонскиот народ, а во нивна бугарска корист. Јанков со сите активности ги неутрлизира пропагандите и тоа во Солун како тогашен центар на Мкаедонија. Христо Јанков е и еден од основачите на ВМРО (Обединета) и се` до нејзиниот крај тој е постојано член на ЦК ВМРО (Об.). Заедно со Христо Влахов во Ѓурмурџина ја организираат македонската емиграција во Бугарија и низ други политички форми, постојано изнаоѓајќи форми како да ја разголи бугарската имеријалистичко грабачка цел особено кон македонскиот народ и земја.
- Христо В`лчев – Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската Револуционерна Организација.
- Гоце Икономов - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската Револуционерна Организација.
- Димитар Икономов – хирург- стоматолог од Универзитетот во Женева, како раководител на Македонската Револуционерна Организација во Штип уапсен и осуден на 6 години затвор од кои повеќе од 3 години поминува во познатата зандана “Куршумли – Ан” во Скопје.
- Иван Икономов – брат на претходниот Димитар Икономов, еден од најактивните и бескопромисни македонски револуционери. Дипломирал инжинерство на Универзитетот во Ганд.

- Мицо Галабов - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската Револуционерна Организација.
- Мирчо Икономов - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската Револуционерна Организација.
- Насо Садразамов - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската Револуционерна Организација.
- Ѓорѓо Дупков - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската Револуционерна Организација.
- Гугушов - Кукушки трговец мануфактурист предан помагател на Македонската Револуционерна Организација.
- Милан Стоилов – член на организацијата, уште како студент на медицина во Санкт Петрбург, талентиран лекар, револуционер и македонски деец. Се враќа во 1903 година од Русија, а на веста за востанието на македонскиот народ и се приклучува на четите во борбите против турските зулумќари. Главно е во четата на Пешо Самарџиев со која оди воТиквешко, а загинува во борбите пред да стигне во Кочани.
- Киро Петров – македонски револуционер и деец, бескомпромисен борец против туѓите пропаганди заради и што е ликвидиран во 1924 година за време на атентатите и ликвидациите на непомирливата со бугарските пропаганди и асимилаторски мерки, македонска емиграција. Член е и на најреволуционерниот и цврст Серски округ раководен од Јане Сандански, а како меафриски учител во 1908 година, Киро Петров е на чело од групата македонски револуционери и настрада во ликвидации порачани од бугарската влада и националистички интереси. Убиен е од Хаџи Кимова.
- Насо Стоилов – аптекар и брат на Милан Стоилов, член на групата револуционери околу Киро Петров и тој како и Петров е меафриски учител во 1908 година во Серскиот револуционерен округ.
- Туше Калев - член на групата револуционери околу Киро Петров и тој како и Петров е меафриски учител во 1908 година во Серскиот револуционерен округ.
- Иван Манолов – филолог, македонски деец и долгогодишен учител во Македонија.
- Христо Смирненски – посебно талентиран македонски писател и поет подоцна и под дејство на социјалистичките тогашни струи во литературата. Заради ова во време на социјализмот во СФР Југославија, неговата поетска величина посебно ќе биде издигана, па не случајно и Влахов во Мемоарите го нарекува “најголем македонски пролетерски поет и пиосател“.
- Георги Тишинов – македонски писател кој уште во 90-те години на XIX век го пишува романот “Пролетни бури“, и кому Влахов исто му оддава посебно високо место на вонвременски талентираните прогресивни творци.
- Иван Јанев – прогресивен деец уште од формирањето на ТМОРО кој на ЦК ТМОРО 1894 година му предава 500 турски лири доброволно собрани од Кукушките дејци што дури и Татарчев го признава и сведочи, како тогашен член на ЦК ТМОРО.
- Никола Јанев
– син на Иван Јанев и прогресивен деец на Македонската Револуционерна Организација.
- Димитар Кушовалиев – еден од првите македонски дејци кој во скоро ослободеното од Руските трупи кнежество Бугарија оди на воена обука и наобразби за идното македонско востание, но и каде останува како офицер.

- Гоце Делчев – идеологот на Македонската револуција, бесмртниот борец на македонскиот народ. Главниот мозок на сите акции и активности и теренски организатор ширум цела Македонија на револуционерната организација. Загинува во борба на 04.05.1903 година во Баница, Серско.
- Мицо Делчев – брат на Гоце Делчев и член на револуционерната организација. Загинува во борба уште во 1900 год. кај с. Бајалци Гевгелиско во четата на Христо Чернопеев.
- Милан Делчев – помал брат на Гоце Делчев, исто како и браќата вклучен во револуционерните активности на организацијата, како и тие и тој го полага животот на олтарот на татковината за време на Илинденското востание.
- Ружа Делчева – најстарата сестра на Гоце Делчев која игра голема улога во револуционерната организација и активности и ја дава најмилата жртва - синот Тодор Чопов, исто така македонски беспрекорен револуционер кој е подло убиен од бугарските продолжени раце, токму заради непомирливоста во борбениот самостоен пат на македонскиот народ. Но и помалиот син е во истата борба и револуција задоен со истите идеи и свест - Туше Чопов.
- Гоце Бојаџиев – предан член на револуционерната организација. Загинува во борба уште во 1900 година кај с. Бајалци, Гевгелиско во четата на Христо Чернопеев.
- Мицо Самарџиев - член на револуционерната организација. Загинува во борба уште во 1900 година кај с. Бајалци, Гевгелиско во четата на Христо Чернопеев.

И по сите овие набројани Кукушани според Димитар Влахов никој не мрднал ни педа од својата македонска борба и дело, а со тоа и македонска национална свест, зашто како што кажува, немале успех ниту грчката, ниту бугарската пропаганда. Спомнува такви на крајот – само двајца, и тоа во следната реченица:
„Само двајца издајници, Анго Попов и Др. Константин Станишев, беа отишле на лагерот на великобугаризмот, а во лагерот на великобугаризмот и великогрцизмот не се најде ниту еден кукушанец“.

Покрај овие родум Кукушани (и кукушко), во градот работат многу други македонски дејци, револуционери но и интелектуалци и од други соседни земји. Такви се:

- Георги Варналиев – Македонски револуционер и просветен деец кој во Кукуш и кукушко активно делува и работи, a е родум од Велес.
- Христо Стојанов - Македонски револуционер и деец родум од Гевгелиско, активно делува и работи во Кукуш и Кукушко.
- Христо Чернопеев – родум од Беслатинско, работи во Кукуш и Кукушко.
- Крсто Асенов – родум од Сливен, работи во Кукуш и Кукушко.
- Михаил Герџиков – родум од Пловдив, работи во Кукуш и др.

За својот роден град Влахов на крајот од ова редење на имиња и настани, ќе рече:

„За време на Втората балканска војна, кога грчката солдатеска ги насочи своите удари на Кукуш, таа сакаше да не останат никакви траги од тој град – херој. Со исклучок на два тутунски склада, сопственост на странски компании, зградите на една католичка конгрегација на лазаристите, во која впрочем, најдоа прибежиште од јатаганите на грчките андарти многу стари кукушани и кукушанки, кои не можеа да бегаат, и една парна мелница што се наоѓаше на крајот од градот и која беше спасена благодарение на околноста што еден од работниците беше Грк по националност, целиот град беше изгорен од грчката солдатеска. Грчките шовинисти го сметаа ова нивно дело за некаква голема заслуга, затоа и крстија еден од своите параброди со име Килкиш и изградија нов град Кукуш во правец кон станицата, во кој град ги преселија избеганите гркомани од Струмица и грчки бегалци од Кавказ“.

Превземено од Македониум
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.