Среда, 04 Септември 2013   
Некои македонски патриоти имаат прецизна мисла - Солун, февруари 1874 год.

ПЕТКО РАЧОВ СЛАВЕЈКОВ:

НЕКОИ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ ИМААТ ПРЕЦИЗНА МИСЛА:

„МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ БУГАРИ И УПОРНО НАСТОЈУВААТ ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО СВОЈА ОДДЕЛНА ЦРКВА И ГО ИСТАКНУВААТ МЕСНОТО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ КАКО ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК”

Ваше Блаженство,

petko-racov„Во Солун пристигнав на 14-ти минатиот месец  вечерта. Веднаш успеав да се сретнам со сите поважни месни и некои други лица од другие македонски градови. Целта ми беше што поскоро да го раберам она што ќе ми биде неопходно да ја завршам успешно мисијата што ми ја доверивте. Најнапред се сретнав со Аверкиј Зографски (калуѓер од Света Гора, н.б.), а уште на следниот ден со отецот Петар Димитров тукашен претседател на општината. Можам да Ви речам, Ваше блаженство, дека одовде, од Солун ветерот дува и се разнесува на сите страни. Двајцата почитувани духовници се водачите на движењето за обнова на Охридската архиепископија, макар што не треба да се заборави и Охрид, донекаде Битола, Велес и Скопје.

Унијатското движење тука не е без корен, како што се мисли во Цариград, а посебно од неговото Високо превосходителство гроф Игнатиев (Гроф Николај Игнатиев, тогашен руски амбасадор во Цариград, н.б.).

За ова време додека сум во Македонија јас го констатирав она што од порано го знаеме и за кое пишувавме пред три години. И сега, како и тогаш, како и пред дваесетина години, станува збор за македонското прашање. Во разговорот со некои македонски “патриоти” разбрав дека ова движење, кое само пред неколку години беа голи зборови, сега е јасна прецизирана мисла: „Македонците не се Бугари” и тие упорно нас-тојуваат, без оглед на цената, да се здобијат со своја одделна црква.

Во тој свој партикуларизам имааат поддршка и од некои црковни високо-достојници во Цариград, особено од Високопросветениот Натанаил Охридски ( Натанаил Охридски, од скопското с. Кучевиште, подоцнежен митрополит на Охридската епархија, н.б.), Панарет Пловдивски (од леринското с. Пателе, тогашен пловдивски митрополит, н.б.), Архи-мандритот Харитон Караузов (Архимандрит Харитон Карпузов, црковен деец од Неврокопско, н.б.).

Во текот на овој месец разбрав од доверливи извори дека секојдневно пристигнуваат писма од Цариград до солунската општина, а одовде се испраќааат до другите општини во внатрешноста. Писмата се пишувани во тој дух. Едно такво писмо... ги повикува воденчани да ги прекинат сите врски со Егзархијата додека не се решело македонското црковно прашање, бидејќи “сега бил моментот”. Особено активност во ширењето на идејата за обнова на Охридската архиепископија покажува нам познатиот г-дин Кузман Шапкарев од Охрид, кој постојано скита од Кукуш до Охрид и обратно… Не помалку активен е и Димитар Македонски (од неврокопско, учител и автор на учебници на македонски јазик, н.б.), “македонскиот учебникар” кој прима плата  како учител од Егзархијата и од тукашниве лазаристи.

Поради ваквите неразумни проповеди на македонските патриоти, дека црковното прашање е разрешено само во полза на Бугарите, кај народот се разбудило нерасположение кон епархиите во Дунавскиот и Одринскиот вилает и завист поради поранешното пробудување на Бугарите. Особено се чувствува голем отпор против источнобугарскиот говор во литературата. Општ впечаток е дека месните луѓе сметаат оти Ма-кедонците се нажалени од разрешување на црквеното прашање во полза на крајдунавските и тракиските Бугари. Ова нерасположение веќе прерасна во недоверба кон Егзархијата и кон нејзината висока хиерархија и е оформена мислата за истакнување на месното македонско наречје како литературен јазик и за создавање  на македонска хиерархија.

Посебно внимание треба да се обрати на неговото високопреосвештенство Натанаил, кој им ветува на месните луѓе, штом ќе дојде во својата епархија, оти ќе преземе чекори за обнова на Охридската архиепископија. Изгледа, тој се поврзал со македонските еснафи во Цариград и кај нив ги протура вестите за спогодбата со Патријаршијата. Од своја страна, тие ги известувааат пак своите во Македонија. Тоа предизвикува голем револт овде. Според тоа, сепаратизмот ги има своите корења во тајниот круг во Цариград. Ако се притисне таму, овде во Македонија ќе стивне работата. Запрете ја тру-бата, ќе има и ехо.

Прашањето до дедото Нил (Нил Изворов Смоленски, унијатски епископ, родум од Русе, н.б.) е мошне деликатно, бидејќи се забарикадирал во Кукуш... Си всадил мисла да стане охридски архиепископ или барем солунски митрополит. Како егзархиски пратеник, тој како “најинформиран” ги шири гласовите за спогодба со Патријаршијата. Ја претставува пред народот Егзархијата како рамнодушна, неактивна да го избави македонското население од грѓчкото духовно ропство... Тој одржува постојани врски со владиците  Панарет и Натанаил, опсобено со последниов кој му сугерира да се задржи во Македонија додека не добие берат за Охрид и пристигне во Македонија. Мое мислење е дедото Нил по секоја цена да се крене од  Македонија и да се одведе во Цариград, бидејќи овде е опасен. Тој веќе дејствува под заштита на овдешните лазаристи и на францускиот конзул.

Мислата за обнова на Охридската архиепископија во моментов е најраширена овде во Солун. Тука се кројат плановите, тука се собираат запалените глави. Таа мисла, се разбира, не се базира врз некаква зрелост, особено откако Митхад-паша е сменет од Солун. Но таа постепено се шири и во северна Македонија, само што не е сосема јасна. Во народот еден фрла едно, друг друго. Постои опасност, доколку не се преземат чекори од авторитетно место, да дојде до едно општо мислење. Тогаш последиците ќе бидат многу потешки. Најдобро би било ако гроф Игнатиев ја посети Македонија, бидејќи населението чувствува скриена надеж дека само од Русија може да му дојде спасот.

Утре, со господа, имам намера да се сретнам со некои првенци од тукашнава општина. Ќе настојувам да ги убедам во неоснованоста на нивните стремежи за одделна црква, кога веќе имааат своја во лицето на Егзархијата. Секако дека најтешкото прашање ќе биде околу назначувањето владици од македонско потекло, а особено за хиротони-јата (ракополагање, н.б.) на дедо Харитон...”

Солун , февруари 1874

П. Р. Славејков

Славко  Димевски, Две писма на Петко Рачев Славејков     за   македонизмот.- Разгледи ЏИВ, 5 (1972), стр.  561-566;

Документи за борбата на македонскиот народ, И, стр.218-221;
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.