|
|
Писмо на Ѓорѓија Пулевски до Деспот Баџовиќ |
„ЈАС УШТЕ ВЕРУВАВ ЗА ШТО СМЕ ТРГНАТИ ДА СЕ БИЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈАТА. СИТЕ БЕВМЕ ГОТОВИ ДА УМРЕМЕ. ИЛИ СЛОБОДА , ИЛИ СМРТ -ТРЕТО НЕМА”. (8 јуни 1879 година) „Предрагиј ми Деспоте,
Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Козман и му писах да дујде тука и собери колку се може поголема чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за шчо сме тргнати да се биеме за Македонијата. И не самон азе, тук всите верувахме и бехме готови да мреме; или свобода, или смрт-трето нема. Ама не било така.Едно мислел волкот, а друго увчарот. Неколку дена напред дјаду владика Натанаил ми даде едно твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш, Деспоте, как искаш доброволец и ветиш 1000-2000 доброволци. Тое јет убао и преубао. Ама азе кја ти реча да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешчо лошо. Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаила, кујшто е Македонец, ама повеќе тегли на болгарско. Кја ти кажа, еве сос чети чекаме толкоз време да врвим уф Турцко и се бијаме за нашата слобода, ама не пуштает. Кладоја огон и сега искет поекје тревога пред Јевропа, Еве мојте војници се растурају полека, а и азе немат шчо да чекам. Ако наистину имеш 1000 до 2000 добоволци, моли сербската влада да помогнит, есапа почиовечни сет. Тугај и јазе сос чета кја дојда, а и друзите кја кренит и вси заедно да удрим на Турчин ут север. Писмово мое не го давај никуму, да не го најдите црнокапецот Натанаил. Јави ми да зема со време мерки!
Твој Георги Пулески, војвода”
Архив Србије-Београд, фонд: Министартво просвете, П. бр. 981/8.ВИ.1879 г.; - Разгледи, ЏИВ/10 (1972), стр. 1132; Документи..., т. И, док.187, стр 264-265; |