Среда, 18 Септември 2013   
Победа на војските на Александар над војските на Дариј кај реката Граник

xgaplus

…А Дариј, кога му беше јавено дека Александар дошол распореден за борба, испрати околу 30.000 коњаници преку реката Пинар, и со нив околу 20.000 лесно вооружени... И први од тешко вооружените ги постави Хелените платеници, 30.000 на број, наспроти фалангата на Македонците. До нив, на секоја страна, 60 000 Каркиди, тешко вооружени војници.  Земјиштето на кое стоеја допушташе да бидат распоредени толку војници во редица. Тој постави околу 20.000 на ивицата од планината на левата страна, што и одговараше на десната страна на Александровата  војска, оние што беа распоредени во подножјето ги водеше зад десното крило на Александар. Сеопштата слика на нивните лесно и тешко вооружени војски распоредени според нивните територии и во длабочина се наоѓаше зад грчките платеници и персиската фаланга. Се сметаше дека целата војска со Дариј се состоеше од  600. 000 борци.

...Откако така ги распореди, некое време (Александар, н.б.) лежерно ја предводеше војската, така што напредувањето излезе сосема ненапрегнато. Зашто барбарите, како што отпрвин беа распоредени, не ги поведе наспроти Дариј… Со тоа Александровите луѓе сфатија дека Дариј не беШе човек со дух. Тогаш кога обете војски беа близу, Александар, јавајќи крај челото на војската заповеда да бидат добри јунаци, извикувајЌи им ги имињата со ним сопствените одлики  не само на главните војсководци, туку и на војсководците на четите и на странците платеници.

…И се` се случи така, како што претпоставуваше Александар: бидејќи штом почна битката гради в гради, се повлече левото крило на Персијците. И тука Александар и оние кои го придружуваа доживејаа голем успех... Грците пак платеници со Дариј, онаму каде што македонската фаланга покажуваше празнина, прекршена кон десното крило, зашто Александар беше навлегол набрзина кон реката и беше предизвикал борба гради в гради, и веќе беше ги принудил на  повлекување Персијците... токму на тој дел нападнаа Грците на Македонците, токму каде што видоа дека фалангата е најскршена. Но Македонците кога видоа дека  Александровата победа е сигурна, не мислеа да отстапат, ниту да допуштат какво и да е попуштање на нивниот престиж и на нивната горда титула непобедливите. Така дојде до голема борба меѓу Грците и Македонците. Тука падна Птолемај и околу 120 видни Македонци.

Во меѓувреме четите од десното крило, кога видоа дека се повлекоа назад Персијците…  Се свртија против странците и платениците на Дареј и нивниот тешко набиен центар, ги одбија оние од реката и покривајќи го сега скршеното  персиско лево крило, напаѓајќи попреку ги поразија барбарите. И коњаниците на Персијците, жестоко минувајќи нападнаа врз боевите редови на Тесалијците. И тука дојде до жестока борба на коњаниците; Персијците не се повлекоа сеж додека не видоа дека Дареј бега и додека нивните странски платеници не беа отсечени од фалангата. А тогаш дојде до отворено и сеопшто бегство, Дареј пак, во моментот кога неговото лево крило беше преплашено од Александар и тој го сметаше одсечено од  другата војска, из-бега со првите.

Аријан,  Александровата  Анабаса..., кн.II,  VIII- XI , стр. 47-51 ;

ПРЕД БИТКАТА КАЈ ИС АЛЕКСАНДАР ПЛАНИРАЛ ДА ИЗГРАДИ ШЕСТ РАСКОШНИ  ХРАМОВИ

Да се изградат раскошни храмови... На Делос, во Делфи и Додона; во Македонија, пак, во Дион на Севс, во Амфипол на Таурполката, во Кирос на Атена.”

Диод. Сиц., XVIII, 4;

АЛЕКСАНДАР  ФРЛИЛ   КОПЈЕ   ВО  ЗНАК  ДЕКА  ЈА  ДОБИВА  АЗИЈА

Кога пристигна на брегот, Александар прв фрли копје, како на непријателска земја, потоа од бродот, означувајќи дека ја добива Азија од боговите, како со копје освоена земја.

(Цхора дориктетос)

Јустин., XI, 5, 10; Диод., Библ. XVII, 17, 2;

Од книгата: ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

(од праисторијата до почетокот на 21 век)

Д-р  Иван Алексов
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.