|
|
Петиција од група бегалци од малешевско до Н. де Ринг - Ќустендил, 11 септември 1879 год. |
ПЕТИЦИЈА ОД ГРУПА БЕГАЛЦИ ОД МАЛЕШЕВСКО ДО Н. ДЕ РИНГ: САКАМЕ И ОЧЕКУВАМЕ МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ПОДОБРО ОРГАНИЗИРАНА ЗА ДА МОЖЕМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ ВО НАШИТЕ ДОМОВИ “Екселенцио, Потпишаниве бегалци од селата во Малеш, Скопска каза, доаѓаме со оваа петиција да Ви го пренесеме следново: населението од 14 села на гореспомнатата област пред година и пол емигрира поради неподносливите ѕверства од Турците. Сеж до денес бугарската влада се грижеше за нашето издржување. Но ова не може вечно да трае. Ние сакаме и очекуваме Македонија да биде подобро организирана за да можеме да се вратиме во нашите домови. Но османлиската влада не престанува да ги води работите во нашата земја на деструктивен начин. Нашиот град Пехчево стана гнездо на османлиските разбојници кои убиваат, измачуваат и прават се` што им е по волја, без никаква пречка од страна на властите. Поради ова не можеме да имаме безбеден мирен живот и не смееме да се вратиме во нашите домови. Молејќи Ве да ја земете предвид нашава скромна петиција, исто така, Ве молиме да ја имате добрината да дејствувате таму каде што ќе сметате за нужно за да се стави крај на ѕверствата и злоупотребите на османлиите. Ќустендил, 11 септември 1879 год. (Следуваат 13 потписи) Француски документи за историјата на македонскиот народ, серија VI, т.I... 1969, стр. 152-153; |