|
|
Критика од ЦК на КПЈ до ЦК на КПГ за новата политика на КПГ за обединета Македонија во Балканска федерација (Радиограма од 3 март 1949 година) |
„До ЦК на КПГ, Во врска со денешната политика на КПГ по македонското национално прашање, ЦК на КПЈ смета за потребно да укаже на следните факти: 1. ЦК на КПЈ смета дека ставот што го зазеде В-от пленум по прашањето за Егејска Македонија во основата е правилен и полезен за денешната ослободителна борба на грчкиот народ. 2. Сепак, ЦК на КПЈ се чуди дотолку повеќе поради тоа што вашиот Пленум, на II-от пленум на НОФ во Вичо за тоа е донесена резолуција во која се вели дека во март Конгресот на НОФ ќе го прокламира обединувањето на Македонија во една единствена, независна и рамноправна македонска држава во народно-демократска федерација на балканските народи. ЦК на КПЈ смета дека дека таквиот став не е во согласност со одлуката на Пленумот и е штетен и опасен за натамошниот развој на борбата на грчкиот народ и може да го поткопа единството на борците на ДАГ, кое денес е основна потреба за вашата борба. ЦК на КПЈ овој став го заснова врз следното: Истакнувањето да се создаде независна држава во рамките на балканска федерација денес не е актуелно, туку само го одвлекува вниманието на грчикот народ и на Македонците од Егеј од основната задача на заедничката борба против монархофашистите. Воопшто не е сфатливо како некој може од името на еден дел на македонскиот народ, независно дали е тој од Македонците од Егеј или од Пирин, да сака да го реши македонското прашање, немајќи односи, ниту договор со Народнна Република Македонија во која веќе е собрано мнозинството на македонската нација. Сметаме дека таквата политика е насочена против ФНРЈ... б) ЦК на КПЈ, исто така, смета дека дека засебната прокламација за сенародно востание на Македонците од Егеј надвор од рамките на сенародното востание на цела Грција, може само да ја изолира борбата на Македонците од Егеј од заедничката борба на целиот грчки народ. Поради тоа ЦК на КПЈ смета дека ЦК на КПГ треба да го спречи водењето на таква политика на Конгресот на НОФ на Македонија... Чекаме од вас непосреден одговор. ЦК на КПЈ, 3 март 1949 година” Исто, КПГ и македонското национално прашањ..., стр.438-439 |