Среда, 13 Ноември 2013   
Проглас на привремената политичка комисија на македонците под Грција

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМА ПРАВО КАКО СЕКОЈ ДРУГ НАРОД НА СВОЕТО САМООП-РЕДЕЛЕНИЕ. НИЕ ГО ИЗВОЈУВАВМЕ НАШЕТО ПРАВО.

(12 ноември 1944 година)

 

nob-egejska-makedonijaДо македонскиот народ под Грција,

Б р а ќ а   М а к е д о н ц и,

Еден од најизмачените народи во светот е нашиот. Шес векои чекаме да си сдобиеме слободата, шес векои со пушката во рака учествуваме во сите војни или зедно со други поробени народи или сами, за да скиниме синџирите на робијата ни, и да скршиме тешките пранги шо не остават да станиме и ние като сиот друг свет да си развиеме културата ни и да продолжиме старата ни славна историја.

Народот ни шо даде писмото и културата на триста милиони Славјани, беше осуден да тлее и да угасне, беше казнет да спие рабскиот сон долги години без да има право да види белиот ден на слободата, като да не заслужаваме да живиме и ние слободно, како да сем вечно казнети да бидиме јаболката на раздорот отстаро време, и нашата земја, бога-тата и убава Македонија, да се дава како дар от големите сили на империјалистичките држави на Балканот. Зато во секоја војна шо се водеше на Балканот, Македонија не верваше дека ке можи да се ослободи, знаеше оти постоеше само за туѓи интереси. Турското ропство... имаше осакатено нашата мила земја... Како брилијант светат имината на геројте ИЛИНДЕНЦИ. Добро, ама империјалистите на Балканот угаснаја со крв востанието. Дојде балканската војна и во Версај не разделија меѓу великобугарите и великосрбите и великогрците. Немаше кој да ни поможи и да ни ослужи.

Црниот јарем на грцкио фашизам беше оште потежок и од турцкиот. Многу коски на нашите браќа посипаја грцките острови. Умре Метасксас и со олекната душа чекафме побели дни, ама хитлеристите окупатори попалија нашите села и градој. Требаше да се бориме за слободата ни или да не постоиме во овој свет.

Со полна вера и надежда оти не ке не остават другарите ни Грци од ЕЛАС да се склизниме пак во старата робска келија, влеговме во борбата и три години водевме заедничка борба за истата кауза - да истераме окупаторот и да добиеме правото на самоопределение согласно Атланската карта. После тригодишната борба не само не ни се даде правото да приказваме за самоопределение, ами бојните ни другари од ЕЛАС сакаја да не нападнат и да не безоружат, не објавија како авто-номисти и фашисти и не ни позволија после успехите шо постигнавме да приказваме на вас оти имаме право на самоопределение како шо каза генерал Темпо, преставител на Маршал Тито во говорот на народниот митинг во гр. Битола на 7.11.44 год. …, оти МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМА ПРАВО КАКО СЕКОЈ ДРУГ НАРОД НА СВОЕТО САМООПРЕДЕЛЕНИЕ.

НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА МУ ПРЕЧИ НА ТОА И ДА ГО ДЕЛИ БЕЗ НЕГОВАТА ВОЛ-ЈА. НИЕ ГО ЗАСЛУЖИВМЕ ТОА ПРАВО СО ТРИГОДИШНАТА ВОЈНА, НИЕ ГО ИЗВОЈУ-ВАВМЕ НАШЕТО ПРАВО. Ние браќа Македонци, не бараме појке от колку заслуживме. Сакаме самите да си ја решиме судбината и да пожнееме плодојте што ги посеавме, со нашите успехи што ги повадивме со нашата крв.

 

Смрт на фашизмот - Слобода на народот

Од времената политичка комисија

на Македонците под Грција

 

ДАРМ.Збирка Егејска Македонија во НОБ, ае 271;
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.