|
|
Професорот и бивш грчки премиер К. Амантос: Кога би се создала автономна Македонија, Грција ќе мора да се повлече до Олимп |
( „Македонија”, бр. од 17 јули 1945 година)
„Македонија секогаш била и денес останува тврдина и бели дробови на Грција... Сојузниците (по И светска војна, н.б.) направија голема грешка што на север не ни дадоа поповолни граници. Корекцијата на нашата граница спрема Србија треба да се реши на пријателски начин. Бидејќи Србија ќе има голема корист од српско-грчката соработка. Меѓутоа, вакво пријателство не може да има сеж додека погледите на Србите се свртени кон Солун. Кога би се создала автономна Македонија, Грција ќе мора да се повлече до Олимп, вечно загрозувана од балканските Словени”.
ДАРМ, ф. А ССНР, ПА, Грција, К-1, Џ/41-44, пов.бр. 2930/7.ВИИ. 1945;
ИЗВЕШТАЈ ОД ВАНГЕЛ АЈАНОВСКИ - ОЧЕ : НАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НОФ ИМА ИДЕОЛОШКО И ОРГАНИЗАЦИОНО ЕДИНСТВО. ТЕРОРОТ СЕ ШИРИ ВО ВОДЕНСКО (Септември 1945 година) “ПОЛИТИЧКИ ИЗВЕШТАЈ НА ИИИ ПОВЕРЕНСТВО НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА НОФ
Драги другар Паскал (Паскал Митревски, н.б.) здраво, Политичка состојба: Во последните денови како надворешната политичка ситуација, така и реорганизацијата навладата на Вулгарис немаа некое влијание што би предизвикало некакви промени во нашиот округ, освен теророт против словенскиот елемент, кој се зголеми уште повеќе од порано. Значи теророт се шири. Апсењата продолжуваат, како и другите форми на теророт. Оваа недела забележана е и една друга појава. Англиско-грчки воени сили ги обиколуваат македонските села, ги бркаат кметовите и ги прашуваат дали постојат вооружени автономистички единици, дали се води автономистичка пропаганда, односно дали постои организација на НОФ. Во повеќето села народот е избеган, а тие добиле одговор дека не постојат вооружени единици, но народот се бори за своите права. Англиско-грчките воени сили, воени власти, дале препораки дека народот не треба да бега од организациите и на изборите сите треба да гласаат за кралот. Нашата организација НОФ има идеолошко и организационо единство. На второ место доаѓаат КПГ и ЕАМ, а другите партии во целиот округ се во распаѓање. Нашата организација трпи напади од две страни: 1) од десницата и 2) што е најважно, од левицата КПГ. И покрај нападот, организацијата на НОФ со широка пропагандна дејност успеа да добие најголема доверба кај народот. Организациона (состојба): Се забележуваат слабости кај нашите кадри, поради семејните обврски. Сепак веруваме дека сето тоа ќе го надминеме. Досега не е забележан расцеп кај нашиот народ од секој аспект. Организацијата функционира нормално. Се одржуваат редовно состаноци во секое село и фабрика. Тоа за денеска, а по неколку дена ќе ви испратам детален политички, организационен и воен извештај. Денеска се појави една работа, за чие средување заминувам.
Другарски, Оче, секретар на Окружното поверенство на НОФ” ДАРМ, Збирка: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, ае 382; Архив на Македонија, Егејска Македонија во НОБ 1945., т. ИИ, стр 316-317; |