Историја

Помогнете ни да дигнеме македонскиот народ против фашизмот!

snof

snofВо текот на Втората Светска Војна посебен политички успех на народноослободителната борба во Егејска Македонија претставува создавањето на Славјано македонски народно – ослободителен фронт (СНОФ) за Леринско и Костурско, како и посебниот партиски актив за Македонците во Воденско. СНОФ бил формиран од Македонци членови на Грчката коминстичка партија (КПГ) кои дотогаш војуваат во Народноослободителната армија на Грција (ЕЛАС).

Создавањето на СНОФ во октомври 1943 година претставува и првиот чекор во истакнувањето на македонското прашање на територијата на Грција во текот на војната. Заедно со македонскиот партиски актив за Воден, СНОФ го мобилизира населението за борба против фашистичките окупатори, го попречува дејствувањето на профашистичката Охрана, но истовремено го организираат снабдување на народот, како и низа други активности меѓу кои и културно-просветната дејност. Издаваат весници и билтени, а се прават и обиди за печатење на книги на македонски јазик. Од политичка организација, СНОФ прераснуваше во организација на народна власт на македонскиот народ во Егејска Македонија.

Ваквиот развој на настаните не им одговара на КПГ и Националниот ослободителен фронт на Грција (ЕАМ), коини по третата година од востанието, ги немаа расчистено стратегиските правци, како и односот кон националното прашање. Посебно откако ЕАМ и ЕЛАС на 5 јули 1943 година го потпишале договорот со претставникот на англискиот штаб за Средниот Исток, КПГ ја губи самостојноста во антифашистичката борба. На 10 март 1944 година КПГ создава комитет за национално ослободување (ПЕЕА), кој во април се проширува и презема мерки за свикување на народно собрание. Во ПЕЕА влегуваат профашистички и националистички елементи, што овозможува да се зацврстат позициите на десницата и на Велика Британија во Грција.

Иако СНОФ имаше голема улога во организирањето на македонскиот народ во антифашистичката борба, а македонските партизански единици водат успешни битки, под влијание на владата на националното единство, која стравува дека Македонците ќе создадат силна армија, КПГ започнува со заткулисни акции за разоружување и расформирање на македонските баталјони. Во новонастанатите политички околности во мај 1944 година,  ЦК на КПГ наредува да се расформира и разоружа СНОФ.

Незадоволни од одлуките на КПГ и распуштањето на СНОФ, кај македонскиот народ во Егејскиот дел од Македонија се јавува огромен револт и отпор кон ваквото решение. По одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и формирањето на македонската држава на 2 август 1944 година, меѓу Македонците во Егејска Македонија се појавува искра надеж, а македонскиот баталјон „Гоце“ од Костурско бара поддршка од ГШ на НОВ на Македонија.

Во извештајот на штабот на македонскиот баталјон „Гоце“ до Главниот Штаб на Народно-ослободителната Војска на Македонија датирано од 19 септември 1944 година, Костурско, се критикува ставот иа грчкото раководство на отпорот спрема македонскиот народ од Егејска Македонија и македонското национално прашање. Во овој документ, кој е зачуван е оригиналниот јазик се вели:

„Образувањето на Антифашиското собрание за освободуването на Македонија и на првата слободна Македонска држава се работи от големо значение и полнат душите от радос на секој еден Македонец дори и на тие Македонци шо у овој момент немат к’смет да живејат радосни ова историческо сабитие во атмосверата на слободна Македонија. Денеска многу Македонци се бора рамо до рамо против фашизамот. Сите Македонци партизани и заедно со ним и македонскио народ от Костурско, Леринско, Кајларско, Воденско и другите македонски области поздравуваат слободната македонска држава со вас героите строителите на новата историја на македонскија народ и надеждата ни се појке се дига високо за обштото васкресение и за згрупирването на целијот македонски народ у нашата татковина Македонија.

Ама от друга страна сме должни према историјата и према револуционото право и према героизмот на тукашниот народ што се бори јуначки против бугаро-германскио фашизам и прoтив секоја сапротива за слободата на народите, да ве осветиме вас братја и Главнио штаб, за едни нешта шо за жалост станват тука за голем зијан на историческата ни борба на народното ослободително движење на нашио народ. Групирването и издигнането на силите на един народ за да се ослободи е најголемото правило иа секое револуционо движење и на секоја револуциона логика, оти само групирани и собрани револуционите сили и без пречка и со обштото желание на националните и политически стремежи, победуват и прават непобедима челична и силна револуцијата на народнио дух. Тука раководителите не знајме как и зошто гледат работите на нашите Македонци што се борат за свободата и со хилјади пречки сакат да застанат течението на тие работи и да клаат плет на борбата на нашио народ шо естествено у таја борба во која дава крвта и толку жертви за да постигне национални, политическо-социјални и исторически права не жали ништо.

Нема да се занимаваме со старите работи што се една историја полна со грешки и с(о) едно систематично сакане на нашите непријатели, да не се исплне вековното желание на нашио народ да се ослободи и да се удрат чистите македонски раководители што се борат. Тие работи историјата ке ги прегледа оти може ние да немаме право ама сме принудени както претставители на един народ што пролива многу крв да кажиме истината за тој народ што сака историческо ориентиране. И ве питаме, има ли право еден народ што се бие со вера и саможертва во днешната антифашистка борба на којато темел му е картата на Атлантика и изјавленијата на Москва и Техеран, да образува негова војска во рамките на Национална војска на државата во којато живее тој народ или не?

Има ли право един народ што се боре заеднички и со нечувен героизам да пиши неговата историја во днешната антифашистка борба, да си искова чист национален дух, да си исплни националното единение дори и во грчките рамки на денешните исторически моменти, и да образува негова личност во заедничката антифашистка братска борба или не?

Има ли право един народ што турва крв, да има чисти и со македонски дух раководители или не? Оти правите раководители што излегоја натре от постојаната борба от оганот и от крвта на народо свој и што имат во себеси македонска душа, мисли и савест, треба ли денеска тија лица да раководат тоја народ или не?

Има ли право един народ да употребува народнио дух и да има иницијативата во сите проблеми на днешната борба и да употребува своја живот согласно духот и националните сличности тамо каде живее и се наогва или не?

Народот наш знае кој се борците за неговата слобода и тие борци ги сака за раководители. Многу пати го каза това нешто и преди неколку дена 30.000 (триесет хилјади) народ со еден народ и со едно желание во една народна демонстрација во град Костур посакаја, стари борци против фашизмот, да влезат пак раководители на нашио народ во днешната борба, којто стари борци денеска тие што управлават тука, ги имат фрлено настрана. Само гркоманите имат силата во рацете. Чистите и чесните македонци којто се бореја и се борат и дадоја се во таја борба днеска политически се уништожени и се фрлени на страна. Следователно тука македонскио народ нема негови раководители водачи, нема негови кадра којто да живејат и да мислат като Македонци во ова борба, и да фаштат сите национални проблеми, военополитически, социјално-културни, за сегашните и бдешните развитија.

И на крајо никаква иницијатива нашио народ да употребва неговата срекја и да има одговорно мнение за сите негови работи. Во рејон на село Загоричани, родното место на дедо Благоев (Димитар Благоев) го бијат македонското население, и никој од нас не смее да оде тамо оти на нас македонските партизани ни имат забрането да одиме тамо. Това е плачуштото положение шо царува тука и што со тија малки редои не можиме да ви го опишиме, оти истото положение както тука имаме положителни сведенија ет и во сите славјаномакедонски околии. Радоста ни за вашата слобода е многу голема. Нашето положение ет както што ви го описахме.

Денеска другари братја, ет ваше дело и должност да уредите и да решите целио наш вопрос во тие нови социјално-политически опстојателства, и во големите собитија што се развиват днес. Помогнете ни да дигнеме македонскиот народ против фашизамот. Смрт на фашизамот – Слрбода на народот!“ (АМ – Збирка „Егејска Македонија  во  НОБ 1941-1945“, АЕ: 223.)

Набргу по овој извештај состојбата меѓу ЕЛАС и македонските воени единици во Егејска Македонија ескалираат. Во обид да се разоружаат и расформираат македонските баталјони, некои од командантите на СНОФ, предводени од Павле Раковски и Вангел Ајановски – Оче, заедно со баталјоните преминуваат во Македонија.

Всушност во овој период доаѓа до отворен оружен судир помеѓу единиците на 27-та бригада од ЕЛАС и Костурско-леринскиот баталјон, што наложи овој баталјон да премине на територијата на Македонија на 13 октомври, а Воденскиот баталјон на 16 октомври 1944 година. Од нив на 7 ноември 1944 година беше формирана Првата егејска бригада, а на 18 ноември 1944 година во Битола од македонските воени единици кои се одвоиле од ЕЛАС и од дел на Македонската НО бригада „Годе Делчев“ била формирана „Првата македонска егејска народноослободителна ударна бригада“, која формациски била поделана на Костурски, Лерински, Воденски и Придржуен баталјон со тешко вооружување. Бригадата се` до своето расформирање на 2 април 1945 година учествуваат во завршните борби.

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top