|
|
Единаесетта пешадиска македонска дивизија |
Единаесеттата пешадиска македонска дивизија била дивизиjа во составот на бугарската војска за време на Првата Светска Војна, во коjа се наоѓале над 30.000 Македонци. Идејата за таква дивизиjа била на раководството на ВМРО и кругот околу Александар Протогеров. Во есента на 1915 година Единаесетта пешадиска македонска дивизиjа ја нападнала Србија во правец кон Вардарска Македонија во составот на Втора бугарска армиjа. Во 1916 дивизиjата била префрлена на источниот сектор на Македонскиот фронт, каде успешно извршила напад во текот на бугарската офанзива меѓу реката Места и реката Струма против британските експедициски трупи. Во 1917 воените деjства продолжиле, а во 1918, кога одделни бригади биле префрлени во составот на неколку различни позиции, дел од неа учествувал во успешната заштитна Битка кај Дојран, во која биле победени многу посилни британски и грчки трупи. Потоа во текот на офанзивата на Антантата во Вардарска Македонија, Единаесеттата пешадиска македонска дивизија отстапила во добар ред до денешниот Благоевград каде била демобилизирана, а во април 1919 година била конечно распуштена. |