|
|
Македонска парламентарна група |
Македонската парламентарна група била легален парламентарен претставник на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација во Бугарското собрание, во периодот помеѓу 1924 до 1934 година. Пратениците биле избрани со помош на ВМРО и се оформиле како посебна парламентарна група и станале политички субјект во законодавната власт. Групата стриктно добивала упатствата од организацијата. На виенските разговори помеѓу ВМРО и претставниците на Коминтерната бил донесен и четвртиот завршен документ на виенските разговори - Декларација на македонската парламентарна група. Во декларацијата било истакнато дека: Декларацијата која била во духот на Мајскиот Манифест, македонските пратеници требало да ја потпишат во Бугарското народно собрание и да ги претставуваат интересите на единственото македонско револуционерно движење, кое било предвидено да се формира. Меѓутоа по откажувањето на Тодор Александров од виенските разговори и потпишаните документи, а особено по неговата смрт, Македонската парламентарна група во Бугарското народно собрание ги застапувало интерсите на ВМРО (Автономистичка), а по расцепот на Организацијата на Михајловистите. Основната политичка линија на Македонската парламентарна група во XXI ОНС и XXII ОНС е спротивставување на подобрувањето на односите помеѓу Бугарија од една страна и Кралството Југославија и Кралството Грција од друга. Пратениците се родени во трите партиции на Пиринска Македонија и се избрани помеѓу 1924 и 1931 година главно преку општограѓански листи. Пратеници на групата Иван Каранџулов Извори 1. Следно ↑ Тюлеков, Димитър. Обречено родолюбие. ВМРО в Пиринско 1919-1934, III. Освободителното движение на македонските българи в Петрички окръг (1928-1934), 1. Македонската парламентарна група – легално проявление на ВМРО в Третото българско царство. |