Среда, 29 Мај 2024   
Резолуција на Македонците од Петрич

petricВо пресрет на Париската мировна конференција, на која по поразот на Централните сили се кројат идните граници на Европа, било формирано Привременото претставништво на поранешната ВМРО. Формирано од Серчани и македонските револуционери од Западна Македонија, Привременото претставништво издава „Апел до македонскиот народ и македонската емиграција во Бугарија“ за постигнување единство во барањето за автономија и неделивост на Македонија. Апелот го потпишуваат Ѓ. Петров, П.П. Арсов, П. Ацев, Т. Делииванов, М. Герџиков, П. Христов, Д.Х. Димов, Т. С. Серски и други. Апелот поткрепен со брошурата на Хаџи Димов „Назад кон автономијата“ претставувал чекор кон балканското единство и Балканската Федерација. По Версајскиот договор, во кој не се прифатени барањата на Македонците, активноста на Привременото претставништво згаснува.

По завршувањето на Првата Светска Војна, меѓу првите кои го пројавиле своето незадоволство од поделбата на Македонија биле Серчани. Тие уште во октомври 1918 г. со Декларација го повикуваат македонскиот народ да ја обнови борбата за автономија на Македонија. Во документот тие велат дека „го креваме старото знаме на македонската автономија, знамето на балканската слога и на идното балканско братство... Македонија треба да се востанови во нејзините географски граници...“

Основните принципи со кои се повикува македонскиот народ биле разработени во брошурата на Хаџи Димов „Назад кон автонимијата“. Тоа ќе биде основата на спогодбата за обединување и продолжување на делото на поранешната Организација. Така, во Привременото претставништво влегуваат низа истакнати дејци на македонското револуционерно движење, како Х. Татарчев, П.П. Арсов, Ѓ. Петров, М. Герџиков, П. Христов, Ч. Кантарџиев, С. Хаџиев, Т. Делииванов, Р. Ризов, Л. Џеров, Н. Пушкаров, К. Љондев. Х. Јанков, Д. Икономов, А. Лозанчев, протојереј Т. Николов, Г. Скрижевски, М. Шкартов и други.

По обединувањето, Апелот бил испратен до македонскиот народ на 9 март 1919 година. Во него биле изложени актуелните проблеми и ставовите за решавање на македонското прашање во кој меѓу другото се вели: „...Македонското население, без разлика на народност и вера, има цврста и свесна желба неговата земја да се запази цела и неразделна како самостојна политичка единица на Балканот во нејзините природни балкански граници врз база: Солун како општ центар, Вардарската долина, Скопје и Битола со нивната стопанска и економска заднина... На вака создадената држава да и` се даде самоуправа со полна рамноправност и еднакви права на сите народи без разлика на бројност и при отсуство на секакви духовни и политички установи кои би и` дале предност на која и да било од нив или би побудиле сомневање или страв од зародување на сепаратистички стремежи и аспирации...“

Набргу по формирањето на Привременото претставништво на поранешната ВМРО се започнало со создавање на организации насекаде на територијата на Бугарија каде што живеело бројно македонско население. Почнал да излегува и листот „Билтен“, орган на Привремено претставништво, во кој биле објавени статии за принципите на македонската самостојност.

На 10 април 1919 година, архимандритот Пол Христов, генерален викар на Тракија, делегат на македонските комитети, како претставник на Привременото претставништво на ВМРО, протестира до Жорж Клемансо, претседателот на Мировната конференција во Париз. Тој протестира против активноста на Извршниот Комитет на македонските друштва во Софија, кои не ја застапуваат македонската кауза и бара ауденција за да ги изложи барањата на македонскиот народ.

Во дописките меѓу Привременото претставништво и архимандритот Пол Христов, Претставништвото го известува П. Христов дека „во текот на неколку месеци успеало да ги сплоти сите македонски бегалци во Бугарија и населението во Македонија под знамето на самостојно суштествување на Македонија при полна географска и економска целина и под полна заштита на Лигата на народите. Како што пишуваат од Претставништвото до Христов, сплотувањето на вчерашните и денешните изгнаници на Македонија, макар и при големо ограничување на печатот и собранијата, стана брзо поради единствената причина дека на чело застанаа дејците од некогашната ВМРО, кои одново го поставија македонското прашање на дневен ред, таму каде што го беше оставила Организацијата“.

Тоа го потврдува и Резулуцијата на Македонците од Петрич од 15 јуни 1919 година во која се вели:

„Емиграцијата од разните делови на Македонија што живее во Петрич и месните граѓани, собрани денес на 15 јуни 1919 година на импозантно собрание, откако ја подвлековме и разобличивме познатата безогледна и штетна националистичка политика на балканските државници што во крв го облеа целиот Полуостров и ја осуди Македонија на пропаст, решивме:

1. Да ја поддржиме и да ја поткрепиме издигнатата од Временото претставништво на Обединетата бивша Внатрешна Македонска Револуционерна Организација проверената парола за автономна Македонија, парола во чиешто име се боревме толку години без колебање и дадовме безброј жртви, еднакво прогонувани како од орудијата на деспотска Турција, така и од оние фактори во Бугарија кои со својата политика ја предизвикаа пропаста не само на Македонија, туку и на Бугарија.

2. Со сета своја стара енергија го подигаме својот глас за автономна Македонија и апелираме кон сите наши сонародници надвор и внатре во Бугарија да се организираат и да се сплотат околу оваа колку за Македонија, толку и за Бугарија единствено спасоносна парола, која ќе ги обедини и поттикне одделните националности кон полезна културна дејност и ќе ја ублажи политичката атмосфера помеѓу балканските народи за едно зближување и федерирање.

Високо протестираме против кампањата што ја водат платени орудија на владата и дел од бугарскиот печат кој не престанува да го клевети омразното за нив Времено претставништво, обвинувајќи го за сепаратизам и предавство! Отфрлајќи ги со возбуда тие клевети, ние одговараме: не е предавство овој заветен идеал што е легнат во душите на еден цел измачен народ уште од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација во турско, и

4. Изразувајќи ја својата солидарност и признание за дејноста на Претставништвото, ние, искрени приврзаници на таа идеја, апелираме кон сите сонародници да му ја дадат својата морална и материјална поддршка на Временото претставништво за среќно довршување на за-почнатото дело.

Оваа резолуција му се доставува на знаење на Временото претставништво на ОБВМР Организација и за објавување во Билтенот“.

Резолуцијата на Привремен комитет во Петрич е потпишана од учесниците во Собранието: д-р П. Наумов, Никола Антонов, Илија Бижов, Георги Благоев, Никола Полизоев, М. Трајков, Дим. Илиев. (Документи од борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, том први, Скопје 1981, стр. 612-613;  Билтен, бр. 6 (Ѕ. VII 1919), стр. 9.)

И покрај огромните напори и силната агитација, Привременото претставништво на поранешната ВМРО, не успеало во својата намера да се создаде независна македонска држава. На Мировната конференција во Париз беше санкционирана поделбата од Букурешт во 1913 година, а Македонија остана поделена меѓу нејзините соседи, Србија, Бугарија и Грција. Тоа ќе предизвика огромно разочарување кај македонскиот народ, по што Организацијата почнала да згаснува. По неуспешниот обид во есента 1919 година да се врати ентузијазмот и да се изнајдат нови патишта на револуционерната борба организацијата се распуштила. Дел од нејзините членови се повлекле, а дел се приклучиле кон другите прогресивни движења, продолжувајќи ја борбата за самостојна и независна македонска држава.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.