|
|
Писмо од Темпо до ЦК на КПМ |
Писмо од Темпо до ЦК на КПМ за разговорите со ЦК на БРП (к) за ставот кон македонците и присоединувањето на „Бугарска Македонија кон наша Македонија“(Септември 1944 година) „Во Софија разговаравме со ЦК на Бугарската партија и им ги изнесовме сите наши забелешки на нивната работа и за ставот спрема Македонците. Ги притиснавме здраво. На крај тие ги признаа сите свои грешки и изјавија дека ќе направат сеж за односите меѓу нашата и нивната партија да се поправат. Ние им поставивме наши барања во поглед на бугарска Македонија и тие на сеж се согласија. Така сега во бугарскиот дел од Македонија се формираат бригади и дивизии, македонски народноослободителни одбори кои организирано, политички работат во народот за присоединување кон наша Македонија. Секако, сето ова, сеж уште во рамките на бугарската држава (воените единици во рамките на бугарската војска, а НОО во рамките на ОФ). Формалното присоединување ќе се изврши подоц-на, кога ќе одлучи Тито”. ДАРМ, ф:НОБ, ЦКна КПМ, К-3, инв.бр.2050/1944, Темпо до ЦК на КПМ
ИЗВЕСТИЕ НА ТЕМПО ДО ЦК НА КПМ: ЕДИНСТВЕНА ЖЕЛБА НА ТИЕ НАШИ СТАРИ БОРЦИ БЕШЕ ШТО ПОБРЗО ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНИЈА ( септември 1944 година) „Се состанавме со нашата емиграција во Софија (Перо Шанданов, Пецо Трајков, Туше Делииванов, Мартулков (Алексо), Шакир Војвода и др.). Сите тие плачеа од радост и единствената желба им беше што побрзо да се вратат во Македонија. Радосно беше да се гледаат тие наши стари борци кои како деца плачат и се радуваат што го гледааат остварен вековниот сон”. Историски архив на КПЈ, том ВИИ, док.123, стр 357
ТЕМПО ДО ТИТО: ВО БУГАРИЈА СЕ РАЗВИВА ДВИЖЕЊЕ КАЈ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕМИГРАЦИЈАТА ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ КОН НАША МАКЕДОНИЈА (25 септември 1944 година) „Во Бугарија се развива движење кај македонскиот народ и македонската емиграција за присоединување кон наша Македонија. Бугарската армија го спречува развивањето на тоа движење, додека сите партии во Отечествениот фронт се согласни да допуштат присоединување на бугарскиот дел на Македонија кон нас, само за што побргу да постигнат договор со Вас. За сите тие прашања е потребно што побргу да се состанете со нивните делегати”. |