Среда, 16 Февруари 2022   
Протестно писмо од ЦК на ДООМ до Тодор Живков

ПРОТЕСТНО ПИСМО  ОД ЦК НА ДООМ ДО ТОДОР ЖИВКОВ:  ПРЕДЛАГАМЕ СОЗДАВАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ПИРИНСКА МАКЕДИОНИЈА САМОСТОЈНА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КОН КОЈА ЌЕ СЕ ПРИСОЕДИНАТ ДРУГИТЕ ДВА ДЕЛА ОД МАКЕДОНИЈА

(јануари-февруари 1976 година)

 

“Централен комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија

1 декември 1975 година

До првиот секретар на БКП, Тодор Живков, Софија

Другар Живков,

dragan-bogdanovskiЦентралниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија располага со податоци дека бугарската власт во Пиринска Македонија спроведува масовен и голем терор врз македеонското население за да го присили на претстојното пребројување на населението кое ќе биде направено во текот на овој месец да се откаже од својата македонска националност и да се запише во официјалната статистика како припадник на бугарската националност.

Овој нов терор врз Македонците во Пиринска Македонија се спроведува по диктат на Софија, што значи лично од Вас другар Живков, преку партиските, отечественофронтовските, синдикалните и младинските организации, но и со директна полициска интервенција на органите на Државната безбедност. Очигледно е дека овој попис има одредена политичка цел во Пиринска Македонија, со него се сака да се избрише постоењето на македонската нација во овој дел на Македонија. Агитатори и насилници ставени во служба на великобугарскиот нацио-нализам создаваат таква атмосфера која треба да насади страв во пос-ледниот Македонец во Пиринска Македонија за да го присили да се откаже од својата македонска националност. “Во Бугарија нема да има Македонци” - тоа е паролата што бугарскиот денационализаторски режим ја издига сега пред ова пребројување на населението.

Другар Живков,

Денес во грчкиот окупиран дел на Македонија на слични пребројувања на населението Македонците се запишани како “Грци”, а во бивша Југославија Македонците беа запишани како “Срби”, но со ова нешто тие не се откажаа од својата македонска националност. Ние сме повеќе од убедени дека ова ново бугарско денационализаторско насилство нема да може од Македонците да направи Бугари. Ова Ваше насилство другар Живков врз Македонците во Пиринска Македонија ќе остане вечен срам за Народна Република Бугарија и за Вас лично. Во историјата ќе биде за-пишано како комунистот Тодор Живков со нацистички и фашистички методи сака да го избрише постоењето на македонската нација!

Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија не ги признава резултатите од ова насилничко пребројување на населението во пиринскиот дел од нашата македонска татковина и тој ќе го запознае целиот свет дека ова пребројување е само една монтирана политичка фарса која сака од една страна да го збрише постоењето на македонската нација, а од друга да го измами надво-решниот свет како во Бугарија немало Македонци.

Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија во името на правдата и вистината ја повикува Народна Република Бугарија да се откаже од умноболниот бугарски национализам и шовинизам и како за времето на великиот Георги Димитров да им ја признае на Македонците во Пиринска Македонија нивната македонска националност.

Другар Живков,

Во почетокот на 1944 година Отечествениот фронт на Бугарија издаде проглас по македонското прашање, во кој меѓу другото се вели:

“За да се избегнат какви и да било нови историски грешки и за да иж се даде на Македонија едно цврсто успокоение, Отечествениот фронт ја дига паролата “Македонија на Македонците”. Со таа парола ќе му се тури крај на ривалството меѓу балканските држави.

Никаква измена на сегашната расцепканост на Македонија од нејзините непријатели, ниту пак нејзино полно присоединување кон која било балканска држава. Единственото спасоносно решение е целокупна, слободна и независна Македонија. Само така ќе престане да биде јаболко на раздор и ќе се претвори во здрава обединителна алка меѓу сите балкански народи”.

Ова становиште на Отечествениот фронт на Бугарија беше праведно за самиот распарчан македонски народ, кој од векови се стреми за своја самостојна национална држава, а беше полезно за сите три баклкански држави кои ја распарачуваа Македонија, бидејќи со неговото остварување во живот ќе беше отстрането ривалството што постои меѓу нив заради Македонија. Будните Македонски синови знаат многу добро дека Тито кој ја возобновуваше тогаш пропаднатата југословенска држава го одби ова праведно становиште на Отечествениот фронт на Бугарија по македон-ското прашање и со тоа ја обнови криминалната поделба на Македонија. Затоа, ние патриотите и борците на Движењето за ослободување и обединување на Македонија го сметаме Тито за касап на националното единство на македонскиот народ и за гробар на светиот илинденски идеал на македонскиот народ.

Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија апелира на раководството на Бугарската работничка партија (комунисти) и на владата на Народна Република Бугарија да се вратат на становиштето на Отечествениот фронт по македонското прашање кое беше искажано во спомнатиот проглас. Народна Република Бугарија кога (ќе) го отфрли срамниот за него големобугарски национализам и шовинизам, може да му овозможи на македонскиот народ во Пиринска Ма-кедонија да стави темел на самостојна македонска држава - Самостојна Социјалистичка Република Македонија, кон која во згодни историски прилики, ќе се присоединат другите два дела од Македонија. На овој начин Народна Република Бугарија ќе даде големодушен пример на целиот свет за праведно решавање на националните прашања и ќе стекне пријателство кај секој еден Македонец.

ДООМ не е никакво орудие на Југославија или на нејзините измеќари во СРМ, ами е независно и прогресивно движење кое ја продолжува илинденската револуционерна традиција на македонскиот народ, борејќи се за обединета и самостојна Македонија. Затоа ЦК на ДООМ апелира на Народна Република Бугарија да го прифати неговиот предлог за создавање на територијата на Пиринска Македонија  Самостојна Социјалистичка Република Македонија.

Во надеж дека кај раководството на Народна Република Бугарија ќе победи разум и чувство за правдина спрема македонскиот народ и неговиот национален обединителен идеал, примете другар Живков, братски македонски поздрави од членовите на ЦК на ДООМ.

 

Претседател на ЦК на ДООМ
Драган Богдановски

 

“Македонска нација”, од  31 јануари-февруари 1976, стр.6-8;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.