Среда, 17 Ноември 2021   
Ферман на Султанот Селим III против корупцијата и злосторствата на битолскиот Aјан

(Април 1803 година)

sultan-selim-3„До уважениот везир, превисокиот мој советник, уредувач на светот... румелискиот валија, кога ќе стигне високиов царски знак нека се знае:

Лицето под име Шатир заде Сеид Селим, жител на Битолската каза, кој полага право на ајанлак, по својата лакомост и корупција уште од 1210 година зема од сиромаштијата на Битолската каза, лично за себе, какви сака суми пари. Покрај тоа, тој стана претприемач на една третина од селата на казата, ги презеде врз себе правата на еснафите и други лица поради долговите на власта за разни набавки од спомнатите еснафи; даноците за издржување на поштенската станица кои паѓаат на селата, чиј е тој претприемач, веднаш ги распеределува и ги  собира, па ги троши за свои лични потреби и недавајќи им ниедна аспра на еснафите ниту на поштенската станица, тој ги јаде и ги троши, со што го предизвикува испустувањето на еснафите и на поштенските станици.

Тој за спроведување на неговата вродена страст прибира кај себе разни злосторници и под разни изговори врши насилства и го глоби населението, со што се нарушува редот и спокојството на сите.

Иако со мојов висок ферман беше забрането ниеден Арнаутин да не премине во Румелија, во времето кога тој беше назначен од бившиот румелиски валија за кајмакам во Битола и кога се установи дека силни и многубројни арнаутски штетници тргнале од своите места со намера да ја нападнат Прилепската каза, колку и да  вложи напори за одбивање на злосторниците, споме-натиов губеше време и го лажеше и го заплашуваше населението, упатувајќи го на спротивни страни, како последица на што разбојниците влегоа во спомнатава каза и се закрепија во неколку села. Исто така, кога требаше да се стапи во борба со разбојниците тој по никаков начин не го дозволуваше тоа, а им ги ограбуваше имотите и покуќнината на населението од селата што беа негови противници, дури едно село го изгоре, со што направи штета.

И сега,  во договор со  штипскиот разбојник, насилникот Јусуф, кого со писма го излага и го натера да нападне, на чело на многубројни разбојници, на штипскиот ајан Алија, и се осмели да влезе во борба како бунтовник, но откако и направи голема штета на сиромаштијата, побегна не можејќи да даде отпор.

Именуваниот нема друга грижа освен правење нереди во спомнатата каза и околните краишта и, правејќи по навика недостојни дела, се ќе упропасти.

Со оглед на тоа ти заповедувам, тебе спомнатиот везир, бидејќи дрскоста на спомнатиот ајан за вакви глобења и испустување на населението е противно на царската ми волја, и бидејќи е нужен услов на правда и правичност да се додели пра-вото, враќајќи им ги на сиромаштијата сумите што по судски пат ќе се установат на товар од споменатиот, да се потрудите да се утврдат земените суми од сиромаштијата, било од годишниот данок, било од разни глоби, да се прегледаат и да се пресметаат  и на судско рочиште во негово присуство и на тие што полагаат право да се установи и потоа тие суми да им се предадат на сопствениците, и потоа вистинската положба заедно со преписите од судските записници.

Според тоа, вие, споменатите везир, мубашир и кадија, кога ќе разберете дека е спротивна на мојата царска волја дрскоста на спомнатиот ајан на ваков начин да го глоби и да го оштетува населението и дека е мое царско барање установените по судски пат долгови на сиромаштијата, побарувани од спомнатиот ајан, токму да се наплатат и да им се предадат на сопствениците,  да побрзате...со ваша помош и по судски пат установените суми како од годишните даноци по распоред, така и оние од други глоби побарувани од сиромаштијата, да се прегледаат и да се пресметаат и во присуство на тужителите и на истиот, откако ќе се установат судски, да им се предадат на сопствениците и потоа вистинската положба заедно со преписот на судскиот за-писник да се достави на царската ми Порта.

Да не дозволувате спротивно на мојата заповед и волја и не согласно со светиот закон, да се поништуваат правата на луѓето...”

 

Во Константинов град

Напишано на крајот од месец Зилхиџе 1216

(средина на април 1803 год. од н.е.)

Турски документи за македонската историја...,т.И , стр. 119-121;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.