Среда, 23 Ноември 2022   
Деметриј I Опсадникот

dimitrij-prvi
Биста на Деметриј I Опсадникот

moneta-demetrij-prvi
Монета со ликот на Деметриј I Опсадникот

opsadna-kula
Опсадна кула (хелеполис) на Деметриј I Опсадникот

Деметриј I Опсадникот (337 п.н.е. - 283 п.н.е.), син на Антигон I Едноокиот и Стратоника, бил крал на Македонија кој владеел од 294 п.н.е. до 288 п.н.е. Бил припадник на Антигонидската династија.

На 22-годишна возраст неговиот татко му дал задача да ја брани Сирија од Птоломеј I Сотер. Деметриј катастрофално ја загубил Битката кај Газа (312 п.н.е.), но набргу делумно ги повратил загубите со победа кај Миј.

По неуспешниот поход на Вавилон и неколку походи против Птоломеј I Сотер на крајбрежјето на Киликија и Кипар, Деметриј запловил со флота од 250 брода кон Атина. Таму го ослободил градот од власта на Касандар и Птоломеј, го истерал гарнизонот поставен од Деметриј Фалерски, и ја опседнал и зазел Мунихија (307 п.н.е.) По овие победи атињаните го славеле како заштитно божество под титулата Сотер („Запазувач“).

Во походот во 306 п.н.е. против Птоломеј го победил Менелај, Птоломеовиот брат, во поморската битка кај Саламина, сосема уништувајќи ја поморската моќ на Египет. Во 305 п.н.е., носејќи ја титулата дадена од татко му пошол да го казни Родос за тоа што го напуштиле. Поради неговата генијалност во осмислувањето на опсадна машинерија го стекнал звањето „Опсадникот“ („Полиоркет“). Меѓу неговите изуми се вбројуваат и опсаден овен долг 60 м, со кого морале да управуваат не помалку од 1.000 војници, како и опсадна кула на тркала - хелеполис („Градозаземач“) 40 m висока и 20 m широка, со тежина над 163 тони.

Се вратил повторно во Грција како ослободител. Но Деметриј бил толку развратен и екстравагантен, што атињаните посакале да се врати Касандар. Исто така, предизвикал љубомора кај останатите дијадоси; Селевк I Победникот, Касандар и Лизимах, кои се обединиле да го уништат него и неговиот татко. Противничките војски се сретнале кај Ипс во Фригија (301 п.н.е.), и во борбата бил убиен Антигон, а Деметриј, по претрпените големи штети се повлекол во Ефес. Оваа промена на околности предизвикала непријателски чувства против него - атињаните одбивале дури и да го примат во градот. Но, кратко потоа тој ја пустошел територијата на Лизимах и се помирил со Селевк I Победникот, за кого ја омажил ќерќа си Стратоника. Атина во ова време била под опресивна власт на тиранинот Лахар, но Деметриј, по подолга блокада, го зазел градот (294 п.н.е.) и им простил на жителите за претходниот лош однос.

Истата година го зазел македонскиот престол по убивање на Антипатар II, синот на Касандар. Но оваа нова позиција била во постојана опасност од Пир Епирски, кој го користел неговото повремено отсуство за да пустоши по беспомошните делови од кралството (Плутарх, Пир, 7). На крајот, заедничките сили на Пир, Птоломеј и Лизимах, помогнати од делот од народот кој не го сакал Деметриј, го натерале да ја напушти Македонија во 288 п.н.е.

Преминал во Азија и ги нападнал некои од провинциите на Лизимах со различен успех. Поголемиот дел од војската му умрела заради глад и болест, па така побарал помош од Селевк. Но пред да дојде до Сирија избиле немири, и по здобивање со некои предности над неговиот зет, Деметриј бил сосема запоставен од неговите единици на бојното поле, па морал да му се предаде на Селевк.

Син му Антигон понудил се` што има, па дури и сам себе, само за да го ослободи татка си. Но сето ова било залудно, и Деметриј умрел по три години лежење затвор (283 п.н.е.) Неговите останки му биле предадени на Антигон, и му бил приреден раскошен погреб во Коринт.

Неговите наследници продолжиле да го наследуваат македонскиот престол се` до времето на Персеј, кога Македонија била освоена од страна на Римската Република.

  • Плутарх, Животот на Деметриј (англиски)
  • Диодор Сикулски, Library of History, книги 19–21 (англиски)
  • Polyaenus, Stratagems, 4.7 (англиски)
  • Јустин, Epitome of Trogus, книги 15–16 (англиски)
  • Athenaeus, Deipnosophists, 6.252–255 (англиски)

R. M. Errington, A History of the Hellenistic World, pp. 33–58. Blackwell Publishing (2008). ISBN 978-0-631-23388-6. (англиски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.