Среда, 05 Февруари 2014   
Деметриј II

Antiochos_III_coinДеметриј II, син на Антигон II Гоната, владеел како крал на Македонија од 239 до 229 п.н.е. и` припаѓал на династијата Антигониди.

Уште додека татко му бил жив, Деметриј се истакнал, поразувајќи го Александар II Епирски во Дердија, и така ја спасил Македонија (~ 260 п.н.е.). Кога станал крал морал да се соочи со сојузот на двете големи лиги против Македонија, Ајтолската и Ахајската, кои обично биле спротивставени. Успеал да му нанесе големи порази на сојузот, и ја извадил Беотија од сојузот. Револуцијата во Епир, во која републиканската лига била заменета со монархија, многу ја ослабнала неговата позиција.

Деметриј исто така морал да ја брани Македонија од дивите народи од северот. Битката со дарданците се покажала катастрофална, и тој умрел накратко потоа, оставајќи го синот Филип, од жената Крисеја, кој се` уште бил дете.

Поранешни негови жени биле Стратоника, ќерка на селевкидскиот крал Антиох I Сотер, Фтија, ќерката на Александар Епирски и Никеја, вдовицата на братучед му Александар. Хронологијата на овие бракови е се` уште спорна.

Извор:

Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press.

Претходник:
Антигон II Гонат

Крал на Античка Македонија
239–229 п.н.е.

Наследник:
Антигон III Досон
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.