|
|
Антигон II Гонат (318 п.н.е.-239 п.н.е.) |
Антигон II Гонат бил крал на Македонија од 277 п.н.е. до 274 п.н.е., и од 272-239 п.н.е. и` припаѓал на Антигонидската династија. Антигон II Гонат се родил во 318 година п.н.е, син е на Деметриј I Опсадникот. Хремонидска војна Војната е испровоцирана од Грците, поточно од атинскиот владетел Хремонид (според него е и наречена војната) Хремонид поттикнат од Спартанците решил да се спротивстави на македонската доминација врз Грција. Па така во 267 п.н.е. Спарта и Атина и` објавуваат војна на Македонија Македонскиот крал Антигон Гонат испровоциран, возвратил со тоа што со својата војска стигна до Мегара разурнувајќи го храмот на Посејдон до земја. Така, бидејќи Антигоновата моќ растела, диадохот и неговиот египетски соперник Птоломеј Филаделф сакал сопствена доминација на Егејот со што решил да им помогне на Грците и испратил флота на Егејот. Египетската војска се утврдила кај Лауриум (Јужна Атика). Но, Антигон изненадно ја опсадил Атина и ја држел под опсада дури и кога Александар Епирски ја нападнал Македонија, а исто и Спартанците се обиделе да го победат Антигон, но губат при што загинува и спартанскиот крал. По долго време Антигон ја освојува Атина со што Хремонид пребегува во Египет. Така, иаку повеќе држави се бореле против Македонците, но успешно победиле по што Грците уште еднаш биле посрамени од Македонците (дури и погадно од онаа кај Херонеја). Грчкиот историчар Полиб за војната напишал: „Никој човек досега не поставил толкава хегемонија врз Грција како Антигон, македонскиот крал“. Крал на Античка Македонија Претходник: Наследник: |