|
|
Масакрот во Б’мбоки |
За време на колежот во селото Загоричани во 1905 година, жителите на Б’мбоки избегнале колеж, при што грчкиот андарт капетан Вардас (Георгиос Цондос) се заканил до нив со зборовите: Ќе заколам сè, па дури и кучињата Потоа испратил заканувачко писмо до Б’мбокчани во кое се велело: Ако не преминете во патријаршијата, и тоа бргу, ќе влезам во селото и ќе заколам се: мажи, жени, старци, деца и сите кучиња во селото. Но, поради тоа што по настанот во Загоричани, под притисок на европските сили, османлиската војска постојано била стационирана во тој крај и поради што и самите селани се организирале, заканите не се оствариле. Барем не до 1949 година. С. Киселиновски, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913–1940), Скопје, 1981. |