Среда, 01 Декември 2021   
Заслуги на Ангел Гацо од Воденско за Грчкото востание (1821 година)

angel-gaco„Штом стигна до моите уши гласот од трубата на Арес и плачниот повик на прељубената татковина за заштита на нејзините права, наеднаш го презрев спокојството, богатството и славата и веднаш се вооружив против тираните и издржувајќи за целото време на војната кај Негуш каде што водев долготрајни и кравави борби до разорувањето на Негуш (по Негушкото востание 1882 година, Негуш бил разрушен од турските власти, а населението протерано, н.б.), каде што паднаа под ропство и моите сакани деца и мојата сопруга... После со 320 војници отидов на помош во западна континентална Грција, каде што се борев заедно со другите во борбите кај Камботи и Плаќа. Таму падна мојот брат и мои други роднини... Потоа се биевме во Пета. По тоа дојдов и во Пелопонез со 210 војници кога таму беше навлегол Драмалијата...

Потоа преминав во источна континентална Грција со сите мои војници. Таму генералот Одисеј ми вети дека ќе им плати на моите војници. И во текот на седум месеци, кога се боревме во разни места на источна континентална Грција и најодзади во Дали, каде што ја за-губив целата своја покуќнина и коњот и исто така бев ранет, добив од генералот Одисеј за оваа служба само 2000 гроша, а целата сума излегува 7020 гроша. По тоа преминав во Трикери, каде што се здружив со Каратасо (Караташо Геро, од берско, еден од востаничките водачи, н.б.), и се борев до крај, а во една од битките го убивме Ињев паша. Потоа (се) префрлив во Скијатос, ја отфрлив непијателската флота... Дојдов во Идра. Тоа се почитувана Управо, моите заслуги и ги ставам на внимание да ги признаете...”

 

Н. Тодоров- В. Траиков, Б’лгари учатници в борбите  за освобождението на Грција 19821-1828,  БАН,  Софија 1971, стр.108-109;

Документи за борбата на македонскиот народ..., т. И, док. 118, стр.171-172;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.