|
|
Слободата и независноста на Македонија, ќе се осигури од наша страна |
(23 септември 1944 година)
Трајчо Костов до Лазар Колишевски:
“Здраво Лазо,... Ние сметаме дека има услови кои вие може потполно да ги примите и кои навистина создаваат можност за заедничко дејство, без било какво мешање во македонските работи. Најдобра гаранција за исполнување на тие наши обврски е Отечествениот фронт, и особено, се разбира, нашата Партија. Ние добро знаеме дека чистењето на старите, фашистички елементи од државниот апарат, и особено, меѓу офицерскиот кадар, не е завршено. Меѓутоа, ние, нашата Партија, имаме сериозна намера до крај да го завршиме искоренувањето на фашизмот кај нас. Слободата и независноста на Македонија според тоа, ќе се осигури од наша страна. Затоа, сега треба да ги насочиме нашите заеднички напори против главниот непријател - Германците и да иж укажеме максимална поддршка на Црвената армија, одлучно отфрлајќи ги сите остатоци од недовербата која до вчера беше потполно оправдана, но денес, во условите на но-вата власт, може само да пречи.
23. ИЏ. 1944 година Поздрав до сите, Т . Костов”
Историски архив КПЈ, том ВИИ, Београд, 1951, стр. 361 |