Среда, 26 Март 2014   
Вангел Ајановски-Оче за разговорите со делегацијата на НОФ на Македонија од егејскиот дел на Македонија во Скопје

(април 1949 година)

VangelAjanovskiOce“На 13 април о.г. вонредно се состанавме со другарите Павле Раковски... Вера Николовска... Тане Наумов...

...После тоа говореше Керамитчиев (Михајло)... направи еден осврт на положението од И Конгрес на НОФ, анализирајќи ги ставовите на Порфирогенис (Милтијадис) и Иоанидис и одлуката на Политбирото на ЦК на КПГ. Ја осуди резолуцијата на И пленум, говореше за настаните после И пленум, за прашањето на Гоце и него, за формирање на македонски единици. По тоа питање ја раскринка батакшиската политика на Захаријадис, говорејќи за мобилизацијата на жените во преспа и фор-мирањето на бајаги македонски батаљон на Вичо... и ги анализира во подробности сите наши предлози, објасни зашто нија не се согласуваме со ставот на КПГ по питањето на Балканската федерација (исфрлената парола на КПГ преку НОФ на 3.ИИ.1949. - “Единствена македонска држава во рамките на балканска федерација”, н.б.). Све по ред ги објасни ос-новните причини со кои не се сложуваме.

После Михали (Михајло Керамитчиев), говорев јас-Оче и ги поставив само следните прашања: 1. Зошто КПГ не ги раскринкава и казни одговорните руководиоци за престапничката им политика према НОФ. 2. Во што гледаат да му се дава право на македонскиот народ. Во тоа што Захаријадис им најдува инструменти за музика или во тоа што Паскал (Митревски) и Којчев учествуваат во власта или во лажните обеќања на Захаријадис. 3. Зошто КПГ не расчистува со националното прашање него секој 10 дена мења став, некогаш балканска федерација и некогаш самоопределение? 4. Зошто не е спроведена одлуката за формирање на македонски единици?

...Захаријадис ни постави задатак да ги заостриме тија односи и да ве расцепиме. Исто така Вера ни рече да Захаријадис на претконгресното советување побара од Паскал (Митревски) да расчистите со односите му со Колишевски и Вардарска Македонија, пошто Колишевски е со Тито. Вера му честита на Паскал (Митревски) за одговорот кој му го даде на Захаријадис, дека не ќе престани да биде духовно врзан за Колишевски и со народот од Вардарска Македонија па и се уздржава и неќе да поверва дека Тито ќе одит на страната на империјалистичкиот блок... После оваа изјава- рече Вера- Паскал доби голем ауторитет... Раковски рече: да стањето долу не е толку добро, односите не се добри измеѓу кадровите на НОФ и Грците, као и меѓу старите и нови кадрови на НОФ.

Засебно Вера ми рече дека да никој не зема правилен став, сите се плашат, а посебно Папалазару (Лазо Поплазаров) и Раковски водат дупла политика.

Мене и на Славјанка ни рече Вера дека КПГ опет почна да ја спроводи својата расцепничка политика меѓу кадровите на НОФ. Она рече да денеска во НОФ постојат три фракции, една на Паскал, друга на Раковски и трета на Којчев (Вангел) и да она мислит да КПГ опет спрема нешто против НОФ...

После тоа друг. Михали им говореше во врска со резолуцијата на ИБ, за хапшењето на Трајчо Костов во Бугарија. Им ги анализира говорите на Тито и Колишевски на Конгресот на НФЈ. Им дадовме весници со говорите на Тито и Колишевски...”

 

ДАРМ, ф: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, а/е 46/49;

А М, Егејска Македонија во НОБ 1949, т.ВИ, док.112. стр.229-234;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.