|
|
Владимир Поп Томов: За БРП (к) во актуелниов момент прашањето за обединување на Македонија не се поставува |
(13 ноември 1944 година) “...Категорично изјавувам дека за БРП (к) во актуелниов момент прашањето за обединување не се поставува. 1. Македонското прашање може да се реши само со јакнење на прогресивните сили во балканските држави. 2. Меѓународниот фактор, со посебно потенцирање дека ќе има најголеми мачнотии (се однесува на Грција). 4. При соединувањето на Македонија под Бугарија кон македонската држава е тесно поврзано со остварувањето тесен сојуз (на Бугарија, н.б.) со нова Југославија... само кога Тито дефенитивно ќе победи. Ние сега не можеме да го поставуваме за практично решавањето на македонското прашање. Ние не го поставуваме сега, а ќе го следиме развитокот на настаните. Ете тоа е мислењето на нашиот ЦК на БРП(к)... Георги Димитров од Москва порача: “Со обединувањето на Петричко кон Македонија под Југославија не треба да се брза”. ДАРМ, ф.НОБ, ЦК на КПМ, к-3, инв. бр. 2285, бр.9/13.11.1944., Љупчо и Вера до ЦК на КПМ |