Среда, 16 Април 2014   
Борбата за Автономија - Карнегиевата комисија

komisija

Почнува со историски осврт на ослободувањето од Бугарија и сонот по тоа за –“Голема Бугарија” од која ете “неправедно” отпаднала Македонија. А таму “Македонските Бугари”, воделе борба со Турците за – целокупна Бугарија.

- Борбата во Македонија се разжестува за што авторот дава податоци од Англиската сина книга на почетокот на 1904 година за Македонијa и според која во просек месечно се убивани по 100 луѓе.

- Не можејќи да ги скрие автентичните македонски интереси искажани од дејци на македонскиот народ низ печатот, а така спротивни на бугарските долевани од Софија, Милјуков плетка се` и сешто (повеќето биле“млади луѓе“ и како такви, така се однесувале заради некој вид “космополитски идеализам“). Цитат:

“Меѓутоа секогаш постоеја разлики меѓу гледиштата на официјална Бугарија, која сакаше да го користи движењето како инструмент во својата надворешна политика и оние на самите револуционери, повеќето од нив млади луѓе вљубени во независноста и исполнети со еден вид космополитски идеализам“.

- Но разликите се огледуваат и во следните редови:

“Секако постоеше Централен комитет“ во Софија, чиј претседател обично беше некој кој ја уживаше довербата на кнезот“.

- И пак не можејќи да ја крие автентичната сила на македонскиот народ констатира:

- “ВИСТИНСКАТА револуционерна организација, БЕСКОМПРОМИСНА и ЉУБОМОРНА НА СВОЈАТА НЕЗАВИСНОСТ, СЕ НАОЃАШЕ ВО МАКЕДОНИЈА“.

- Низ краток историски развој на ВМРО, Илинден и последиците и Младотурската револуција, Милјуков сега ги бои работите и меша поими (со термини-“Македонски Бугари”, “Бугари” но и “Бугарски Македонци”).

- Правдајќи ја индиректно Бугарија со иницирањето Балкански војни за Македонија, Милјуков Младотурската влада ја прави полоша од предходните режими.

- Иако вели дека Македонците масовно купуваат земја од Турците (особено Македонци повратници од САД), Милјуков исфрла проблем - Турците ги бркале од купените ниви и ги делеле на Муслимани од Босна.

- Ова според него е мотив што четите се пак по планините (всушност Врховистичките –з.н). Милјуков во пристрасноста, крие дека тоа е масло на Бугарија на која не и` одговара демократизацијата на Турција, а со тоа и зголемената свест на македонскиот народ за своја национална држава.

- Затоа и преќутува што тоа не е случај со најбројните чети на македонскиот народ (илјадниците под команда на Сандански кој дури им помага на Младотурците во повеќе борби против султановите поддржувачи).
Затоа го преќутува и жестокиот одговор на Сандански и ликвидациите на Бугарските Врховистички чети (во кои има голем број офицери и војници од Бугарската армија).
Затоа и преќутува за Македонската политичка елита која на демократски начин во Турскиот Парламент издејствува низа Закони, кои се` повеќе водеа кон автономност и сувереност на Македонија и македонскиот народ што и ги тера Бугарија, Србија и Грција на договор тоа да престане.

- На крајот од овој дел за автономијата, Милјуков го завршува дека 1910 година е веќе крај за секаква идеја Македонија да биде автономна и независна (што е неточно зашто тоа е 1912 година кога сосетките увидоа дека се поизвесната независност, може само со војна да се спречи).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.