„Јане ја разви тезата, дека е погубно за македонското население и за самата Бугарија, македонското прашање да се третира во смисла на национално обединување на Бугарите и дека луѓето на другото течение се предале на бугарската влада. Сите коишто агитираат - било тоа во Македонија или вон неа - за ослободување и обединение со Бугарите, треба да бидат непријателски пресретнати од ВМОРО, исто како што се пресретнуваат српските и грчките чети. Тој објаснуваше во општи линии, дека треба да се работи за будење на сознанието на масите, дека тие се самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода без да се потпираат на туѓа помош, затоа што тие кои би дошле да ги ослободат, всушност ќе дојдат да ги заробат. “
Јане Сандански (1872-1915) |