Историја

Грабнување на Даме Груев

dame-gruev

dame-gruevГрабнувањето на Даме Груев е првата голема и успешна вооружена акција на српската пропаганда против Македонската револуционерна организација како и на целата територија на Македонија.

Во периодот 1901-1903 година, а особено по Илинденското востание и Мирцштешките реформи,српската пропаганда неколкупати се обидувала да создаде свои вооружени чети на територијата на Македонија.

Една од најголемите пречки за продор на вооружената српска пропаганда била Македонската револуционерна организација и нејзините чети кои не дозволувале на нејзината организациска територија други вооружени чети кои не припаѓале на Организацијата.

Меѓутоа српската пропаганда ја сменила својата тактика и затоа во екот на Востанието, Белград на Организацијата и понудил морална и материјална поддршка и било побарано отворање на едно Задгранично претставништво во Србија, односно испраќање на еден организациски претставник.

Од дејствата кои ги презела Македонска револуционерна организација може да се заклучи дека таа најверојатно сакала да добие било каква помош и затоа кон крајот на ноември Задграничното претставништво го задолжило Борис Сарафов да стапи во контакт со српските првенци.

Додека траеле овие игри, Белград започнал со активност за формирање на првите српски чети во Македонија.

Во пролетта 1904 година со помош на српскиот конзул од Битола била формирана првата српска чета на чело со просрпскиот војвода Мицко Крстевски. Оваа чета била составена од 6-мина четници сите од Порече, а посебна помош при создавањето на оваа чета добиле од Саватие Милошевиќ.

Мицко со својата чета го привлекол вниманието на Организација која протестирала во Белград за таквата дејност. Меѓу другото бил задолжен Георги Герџиковиќ заедно со Христо Узунов да го поканат Мицко да се покори на Организацијата. Тие тоа и го направиле, но наспроти тоа војводата Мицко ја засилил својата активност и неговата чета се зголемила на 30 души.

Поради ваквото држење на Мицко Крстевски, војводата Ѓорѓи Сугарев почнал да ја проследува неговата чета. Организацијата подготвила план за опколување на српската чета во Порече. Петар Ацев отишол да се поврзе со Сугарев. Најпрво поминал низ Крушевско земајќи го со себе Ѓурчин Наумов, а во селото Горно Дивјаци добил известување да ја мобилизира селската милиција која требало да чека кака резерва во евентуалната борба со Мицко.

Потоа дошло до судирот во Црешнево. Мицко му поставил заседа на Ѓорѓи Сугарев меѓутоа тој успеал да се извлече. По заседата, Мицко се префрлил на левата страна на Треска и се спуштил на југ. Организациските чети, следејќи го Мицко, се собрале во селото Слатино. Во исто време таму дошол и Даме Груев со неколку селски милиционери.

Мицко од локалните србомани дознал за четите и решил да ги предаде на турската власт. Во селото набргу пристигала турската војска која го блокирала селото, а следното утро организациските стражари биле нападнати од аскерот и сите четници се кренале. Тие се обиделе да се пробијат и дошле во судир со војската, а притоа загинал Ѓурчин Наумов – Пљакот заедно со 4 четници.

Најголемиот дел од четниците и преостанатите војводи успеале да се засолнат, но во текот на борбата Даме Груев бил ранет и затоа тој со четникот Божин се засолнил во блиската шума. Од друга страна пак Мицко со својата чета се наоѓал во близината на селото и го набљудувал судирот.

Во текот на ноќта Даме и Божин се вратиле во селото, а следниот ден во селото влегол Мицко со својата чета и ја опколил куќата во која би сместен Груев. Србоманите со висок тон го повикувале Груев да излезе, но откако биле убедени дека тој е ранет во самата куќа влегол Мицко. Следниот ден Мицко ги повел со себе Даме и четникот Божин низ Порече.

По пат Мицко постепено ги разоружал и Груев разбрал дека тие се грабнати од просрпскиот војвода Мицко и затоа му укажал на Божин ако му се укаже прилика да избега веднаш да го стори тоа и да ја извести Организацијата. Божин успеал да побегне, а во меѓувреме Ѓорѓи Сугарев и Петар Ацев започнале потрага по Груев и поминале низ селата Крапа, Ловица, Црешево и др.

Тие на враќање наишле на Божин и дознале дека Даме се наоѓа во заложништво на просрпскиот војвода и за тоа веднаш била известена Организацијата. Таа од своја страна ги презела сите мерки за ослободување на Груев, а Битолскиот револуционерен комитет до српскиот конзул во Битола дал предупредување дека ако не биде ослободен Груев тие ќе започнат истребувачка војна.

Слични вакви закани биле испратени и до српскиот конзул во Скопје, а по иницијатива на Атанас Лозанчев и Задграничното претставништво, Антон Страшимиров стапил во контакт со дипломатскиот претставник во Софија.

Пере Тошев пак стапил во врска со српскиот ренегат Глигор Соколов и заедно со него заминал за Порече. За да се осигура дека нема да се повтори случката како со Груев, Пере Тошев го предупредил Соколов дека биле преземени дејствија за задржување на неговото семејство и роднини.

Весниците во Србија, веднаш откако дознале за пленувањето на Груев, започнале со печатење на пропагандни текстови во кој бил величен Мицко и српските чети во Македонија, а биле пуштени и дезинформации дека Груев бил убиен дека тој бил заробен од Мицко кој бил

бестрашен борец на српскиот народ во Македонија

Во Белград тамошниот австро-унгарски аташе известил дека Турците му понудиле на Мицко 5.000 наполеони за да им го предаде Груев, а според љубљанскиот весник Словенец, на Мицко од страна на Турците за главата на Груев му биле понудени 100.000 франци.

Околу 20 дена по судирот во Слатино, српскиот конзул од Солун го известил бугарскиот трговски агент Атанас Шопов дека Груев бил ранет и е лекуван од страна на Србите од Кичевско, потенцирајќи дека Груев бил под заштита на тамошна српска чета на чело на која се наоѓал негов познаник.

По едномесечното заложништво, Белград му наредил на Мицко да го однесе Груев во Скопје и да го ослободи. Мицко го предал на главниот инспектор за српските училишта во Македонија – Јован Ќирковиќ, а тој го предал на истакнатиот член на Организацијата во Скопје – Ѓорѓи Николов. Потоа Груев се упатил кон Куманово, а од таму за Бугарија.

Целата заложничка драма била на штета на Македонската револуционерна организација. Пошироката јавност не била запознаена со подробностите на целото случување, но се оставило впечаток дека еден од најголемите раководители се нашол во рацете на некој српски војвода, а сето тоа многу штетно влијаело врз моралот на организациските луѓе. Свештеникот Тома Николов кој бил раководител во Кичевско дека:

Паѓањето на Даме во рацете на Мицко беше голем морален удар за Организацијата. Тоа најмногу го почувствував јас во Кичевско кога српскиот свештеник ренегат Мисаил… надмено се шеташе по чаршијата во Кичево и се фалеше нагоре-надоле пред граѓаните, дека Даме ранет се наоѓа во нивни раце и тој испратил медикаменти од Кичево за негово лекување

Најново од: Историја

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

To top