„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како предвесник на многу слични серии, извршен пред неколку недели, упорно им се припишува на македонските гемиџии, со намера да создадат чувство на страв пред општото востание, веднаш по жетвата. Во експлозијата загинаа единаесет мажи, а имаше судир и со турските војници. Човекот кој всушност ја предизвика експлозијата најверојатно загинал при обидот. На Солун кој се наоѓа во центарот на големата воена сила потребно му е да се справи со немирните Македонци“. Како што може да се види од датумот, веста за бомбашките напади во Солун, спроведена од страна на младите Македонци, постојано кружела низ весниците неколку месеци!
|