Скопскиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ ги разгледал главните прашања кои во целина се однесувале на Македонската револуционерна организација. Овој Конгрес е еден од низата окружни конгреси, а на него се потврдил појавениот сепаратизам на Скопскиот револуционерен округ.
Конгресот започнал со работа на 2 јануари 1905 година и траел една недела.
Тој се одржал во Осоговските Планини над село Кнежево, Кратовско [1].
На овој Конгрес присуствувале 20 делегати од Скопскиот округ, а меѓу нив се нашле Крсто Б’лгаријата, Ефрем Чучков, Атанас Бабата и Тодор Александров.
Меѓу другото како главно прашање во работата на овој Конгрес се наметнало идното уредување на Организацијата. Разгледувањето на оваа прашање започнало со проектот-правилник на Пере Тошев наречен Образец I од Прилепскиот конгрес. Меѓутоа таквиот проект на Тошев претрпел измени од страна на самиот Конгрес особено во поглед Централниот комитет и Задграничното претставништво.
Таквиот преработен проект-правилник, Конгресот решил да стапи во сила веднаш во Скопскиот револуционерен округ за да се зачува единството во работата на Округот [3][4], меѓутоа правилникот бил ревидиран и ставен во сила без да биде потврден од еден општ конгрес на Организацијата и тоа претставува израз на сепаратизам од страна на Скопскиот револуционерен округ.
Меѓутоа конфузијата се зголемила откако Конгресот ги прифатил и принципите на Христо Матов (Брут) - Основите на Внатрешната револуционерна организација и Директивата за идна дејност од софиските советувања за притоа дополнувајќи дека Организацијата ќе ги гони сите Срби кој нема да се придружуваат кон нејзините статути.
Конгресот прифатил решенија кој меѓусебе си противречеле и затоа самиот Христо Матов, чии решенија биле прифатени и преовладувале на овој Конгрес, обвинил за кршење на единството во Организацијата.
Решенија
Согласно реведираниот правилник било избрано ново окружно раководство во кое влегле: • Крсто Б’лгаријата - претседател • Ефрем Чучков - секретар • Атанас Бабата - легален член
• Тројца нелегални дејци чии имиња не се наведувале Конгресот исто така го избрал Даме Груев за претседател на Скопскиот револуционерен округ, а доколку тој не ја прифател таа должност, да ја извршува Б’лгаријата. Конгресот го избрал Иван Гарванов за задграничен преставник на Скопскиот округ. Додека траела работата на Конгресот, Даме Груев се наоѓал во Софија и тој го прифатил изборот за претседател на овој Округ и истовремено го препорачал Иван Гарванов за задграничен преставник и на Солунскиот и на Битолскиот округ, а набргу потоа Даме Груев се нашол на територијата на Скопскиот округ.
На овој конгрес биле разгледани низа на прашања кој ја засегале Македонската револуционерна организација и бил направен обид за нивно решавање. Меѓутоа со донесените решенија само се засилиле недоразбирањата меѓу македонските дејци. Самиот Скопски округ со овој Конгрес манифестирал сепратаизам видлив преку преседантот при избор на Иван Гарванов за задграничен преставник на Округот.
Извори • ↑Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година • ↑Димитар Димески, Конгресот на Скопскиот округ на МРО (јануари 1905, Историја XXVIII/1-2, Скопје, 1992 • ↑ Протоколъ на I-вия редовенъ революционенъ конгресъ въ Скопския окръгъ, откритъ на 2 яануарий, 1905 година, Ил. Илинденъ, г.5/4 (44), София, 1933, (сообщава - Боянъ Мирчевъ • ↑Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981 • ↑Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски) Литература • Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година • Димитар Димески, Конгресот на Скопскиот округ на МРО (јануари 1905, Историја XXVIII/1-2, Скопје, 1992 • Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски) • Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981 |