|
|
Патопис на Пиер Белон за Македонија (1547 год.) |
Појдовме од планината Атос (т.е. Света Гора, н.б.) за да стигнеме во Салоника, каде што дојдовме за два дена. Салоника е голем град, многу познат и богат, по старо наречен Тесалоника за кој што спомнува и Св. Павле. Тој се наоѓа во Тесалија која што граничи со Македонија (со името Тесалија односно “ Прва Тесалија) била нарекувана Македонија, а со Втора Тесалија - вистинска Тесалија, н.б.) каде што чумата толку ги проретчила жителите, што тие го оставиле градот и ги напуштиле своите имоти... Заминувајќи од Салоника, минавме само два дена пат до рудниците во Сидерокапса во Македонија (на североисточниот дел на Халкидишкиот полуостров, на падините на Холомонда планина, н.б.). Тоа место во старо време се нарекувало Хрисити. Сега тоа е село, кое поради големото количество злато и сребро, му донесува на Турчинот исто толку голем приход, како најголемиот град во цела Турција. Освен тоа, од неодамна повторно почна да се извлекува руда за да се добие злато и сребро... Поради металите што се вадат во Сидерокапса овде се населиле рудари и го зголемиле населението. Таму тие направиле прекрасни градини и овоштарници, зашто тука секаде има вода, што го олеснува градинарството. Лозјата, што се наоѓаат во околината се особено добро обработени. Оние што се населени во рудниците на Сидерокапса се собрани од разни краишта и се служат со различни јазици, како словенски, бугарски, грчки и албански. Френски п’теписи на Балканите, ЏВ-ЏВИИИ в. Софија, 1975, стр. 95-96; Документи за борбата на македонскиот народ..., т.И, док.87, стр.138-13; Д-р Иван Алексов |