|
|
Молба од Наум Ичко до српскиот кнез Милош Обреновиќ |
МОЛБА ОД НАУМ ИЧКО ДО СРПСКИОТ КНЕЗ МИЛОШ ОБРЕНОВИЌ, ЗА ОТКУПУВАЊЕ НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО ЗАРОБЕНО ЗА ВРЕМЕ НА НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ ( 23 мај 1822 год.) „...Сега Ви јавувам, бидејќи Ви е познато за страдањата во Негуш за мојата несреќа. Тука се потрефил еден мој брат од стрико со целото семејство кој побегнал од Катраница во Негуш за посигурно, речиси кога го зеле Негуш и тие паднаа во ропство: неговата жена, четири девојки и три сина. А за мојот брат не се знае дали е е жив или мртов. Тука семејството го заробил еден буљукбаша од Дебар и го потерал во Битола за да им го продаде на христијаните, бидејќи тамошните трговци и еснафи многу робови откупиле, само владиката откупил 30 робови. Кога повеќе не можеле да откупуваат робови, тогаш жената им јавила на тамошните трговци, дека имала свој род во Белград, тоа му го кажале трговците на буљукбашата за да не ги води во Арнаутлукот, туку да се притрпи за 25 дена дури мене не ми јават. Буљукбашата се согласил и рекол од 4000 гроша поевтино не дава. Тогаш трговците ми пишаа да испратам толку пари за да се откупат 8 души. Должни сме Господаре, не само својот род да го откупиме туку и секоја христијанска душа да ја избавиме од турските раце. Туку ми е тешко да дадам 4 илјади гроша, затоа што епархијата е слаба;... затоа сум наумил во ова тесно време да дадам 1500 гроша, а кусур до 40 илјади да коленичам пред Вас... да помогнете и Вие да ги куртулисаме 8 души (молејќи се) за душата на Вашите родители и за здравјето на благород-ниот Милан”... Наум Ичко Архив Србије - Београд, КК ИИИ 492, 1822; Документи..., т. И, док. 120, стр.173-174;
Д-р Иван Алексов СТРАНСКИТЕ ПАТЕПИСЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА |