Историја

Битола станува седиште на реумелискиот Валија и румелиската војска

rumeliska-vojska

ФЕРМАН СО КОЈ СЕ ИЗВЕСТУВА ДЕКА ГРАДОТ БИТОЛА СТАНУВА СЕДИШТЕ НА РЕУМЕЛИСКИОТ ВАЛИЈАИ РУМЕЛИСКАТА ВОЈСКА

(18 април 1820 год.)

rumeliska-vojska

„До благодетелниот господин кадијата на град Битола…и до нашиот кајмакам царскиот силархшор Рустем-беј…и до царскиот капуџибашија благородниот Абдул-Керим беј, војвода на град Битола…и до ајанот, видните граѓани и градски службеници…се соопштува:

Бидејќи град Битола е главно управно седиште на румелиските валии и високите везири, по царска наредба и надевајќи се на бога… решивме во овие среќни денови да ја напуштиме Софија и за неколку дена тргнавме за Битола. Поради тоа, вие споменатите, до кои се упатува овој ферман, пред се потребно  е  да ја осигурите храната на војската под наша команда која има преку 30.000 војници… потоа на брза рака да извршите некои потребни поправки на сарајот, определен за високи везири и да го уредите мебелот…тогаш да уредите некој конак кој донекаде одговара на сарај. Исто така да подготвите по еден конак за внатрешното и надворешното одделение на нашата канцеларија, за делиите, за пушкарите, за сејмените и за бе-говите и агите ајани на Румелија, што се наоѓаат во нашата придружба. Потоа да извршите попис на сите конаци и анови во град Битола колку што ги има, а можат да се употребат за живеење… Да работите и да постапувате по повелбава и да се чувате од спротивности”.

Турски документи замакедонската  историја,

Државен архив на НРМ, Скопје, 1957, стр. 47-48;

Најново од: Историја

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

To top