- Главнината на ДАГ од Грамос се повлекува во Албанија и Југославија ( Р. Македонија). -IX и X месец 1949 г, VI и VII дивизија на ДАГ се повлекува во Бугарија
Повлечените ( Албанија и Бугарија) се 18.000 борци и околу 56.000 лица во источноевропските држави ( без пребеганите во Југославија). - 30.VIII.1949 г. , заврши Граѓанската војна во Грција според Декларацијата од 15.X.1949 г., на Привремената влада, но овој датум ќе биде менуван од другите влади од политички причини. - 05.III.1950 г.- Први Парламентарни избори во Грција, по интервенција на Американците. Учествуваа 29 партии. …- Резултатите од изборите од 1950 г. и покрај се, се негативни за режимот : · Партиите на Центарот = 760.000 гласа или 47 % · Партиите на режимот = 640.000 гласа или 38 % · Демократскиот табор = 170.000 гласа или 10 % · Популистичката партија = 300.000 гласа или 19 % Влада треба да формира Ген. Николас Пластирас од Националниот прогресивен сојуз на центарот, но не е овозможено. Тој е за помирување, укинување на смртната казна и сл. демократски процеси во Грција, што не му одговара на режимот, кралот и САД,Шефот на Американската воена мисија Ген. Ван Флит е директно инволвиран во овие процеси. - 23.IV.1950 г. - Влада формира Софоклис Венизелос, не за долго, има протести и реакции во внатрешноста и надвор (во САД печатот). - 01.IV.1950 г. - САД се принудени да ја повлечат подршката на влада формирана со недемократски махинации. Амбасадорот на САД во Атина со писмо го информира Венизелос дека : “ неговата влада никако не ги задоволува САД, бидејќи не дава гаранции за стабилизација, неопходна за искористување на Американската помош “
( Гиоргис Катсоилис, Историа тои Кке Томос Z 1950-1968, Атина, 46-47 К. Теодоропулос АП, То Догма Троиман Остои Догма Xoynta, Atina 1976 ). - 16.IV.1950 г.- во САД, печатот објави телеграма на Зам. Министерот за надворешни работи Дик Ацеон, во која целосно го одобрува амбасадорот во Атина. По ова Венизелос дава оставка. - Влада формира Пластирас кој сака да го демократизира грчкото општество.Не успева,противниците го сметаат за антинационален а се мешаат и САД. Со војната во Кореја се интензивира и студената војна, во Средоземјето на САД им треба цврста рака а не демократи. - Ген. Ван Флит во таен извештај до Пентагон, наведува и дека Пластирас е опасност за Грција ( всушност за САД ?!). Стејт Департменот е за Пластирас но во разногласието победи Пентагон. - 17.VIII.1950 г. -Николас Пластирас, свесен за позицијата дава оставка. - 21.VIII.1950 г. -Софоклис Венизелос пак формира влада. Прва одлука – учество на Грција во Корејската војна ( в.“Елефтериа”,18.08.1950 г.). - 30/31.V.1951 г. - Незадоволна од спороста на Венизелос група офицери од тајната воена организација ИДЕА, врши воен удар. Паѓа ГШ, има подршка со единици од внатрешноста, но маршалот Александрос Папагос кој е планиран за челник на диктатурата - не се согласи. - САД заради можноста од реакции на печатот, одат на тоа Папагос првин да формира партија и со популарноста, да победи. - Папагос ја формира “Грчка тревога” за да учествува на закажаните избори во јуни 1951 г. (?!) - Свесни за краткото време во промоција на партијата а камо ли победа, изборите се одложуваат за септември. - 8.VIII.1951 г. - Едновремено во грчкиот печат е објавено циркуларно писмо на ИДЕА, ( “маша” на Папагос) , во кое се вели : · Единствен сигурен елемент во земјата е војската. · ИДЕА има подршка од 2/3 на офицерите и представува се што е вредно во армијата. · Целите на ИДЕА се – истребување на комунистите, предавниците, востаниците на Средниот Исток и на државните службеници инволвирани во корупција. · Тоа што целите на ИДЕА се сеуште неостварени, е заради незаинтересираноста на владата. · Единствен начин за реализација на овие цели е воведување на диктатура од старна на ИДЕА. ( Вес. Та Неа, Елефтериа, и др. 08.VIII.1951 г.) - 03.IX.1951 г. - Парламентарни избори , но и покрај очекувањата на САД, Папагос и крајната десница , не победија. - Резултатите од изборите од 1951 г. беа : * Сили “За промени и за помирување” = 34 % * ЕПЕК( Национален сегрчки сојуз) – Либерали = 25,5 %. * ЕДА( Обединета демокраска левица) =10,5 % - САД прават се, Папагос да формира влада, интервенира и Претседателот Труман, но Папагос одби такво премиерско место од нелагодност пред јавноста. Бара нови избори за кои тврди дека сега, ќе ги добиел. - 21.X.1951 г. – Н.Пластирас пак е Премиер, како победник од силите “За промени и за помирување”.Тој е за демократизација на Грција и тргање на трагите од Граѓанската војна : * Ја забрани смртната казна на осудените комунисти и др. граѓани, * Ги ограничи ингеренциите на воените преки судови, * Почна истрага и затварање на офицери-членови на парадржавни организации како ИДЕА и пучисти. * Почна политика на помирување граѓани. - Милитантите се противат, ги има и меѓу Министрите, кои дури и ги заострија терористичките методи и мерки. Се стрелаа комунисти ( на 30.III.1952 г.,- членот на ЦК КПГ Никос Белојанис и осум активисти), судат воени судови а со Кривичниот закон 375/36 за надворешна безбедност, донесен уште за диктаторскиот режим на Ген. Јани Метаксас во 1936 г.(?!) - Тензијата за наводна нарушена надворешна безбедност е долевана од САД и НАТО разузнавачките служби. Во еден извештај од нив, стои : “...надлежните служби на Атинскиот ГШ добија податоци доставени од Американската контрашпионажа во грчката престолнина дека широка шпионска мрежа на Информбирото дејствува во невралгичните центри на грчкиот фактор... ...Американските служби располагаат со многубројни факти, кои докажуваат дека левото крило на ЕПЕК( Национален сегрчки сојуз) и дел од Либералната партија се придобиени од комунистичките агенти. Соодветните напори на Балканскиот разузнавачки оддел на Инфорбирото дадоа резултати неочекувани за комунистичкото раководство..“ (П.Параскеиоилои, Поиос Скотосе тон Мпелогиани, Атина, 105, 107). - Посочувањето на вторите по број на освоени гласови ЕПЕК – Либерална партија, како “придобиени комунистички агенти” на надврешен фактор - Информбирото, наведува на поткопување за легитимитетот од изборниот процес. - Се удри и по победникот - Премиерот Пластирас и тоа со помош на лидерот од КПГ Никос Захаријадис. ПБ на ЦК КПГ преку радиоемисијата “Глас на вистината” соопшти : “ Во оваа пригода, во врска демантот на Пластирас, категорички и одговорно изјавувам дека тој самоиницијативно повеќе пати побара соработка и оставри контакти со представници на КПГ “ ( Радиоемисија “Глас на вистината”, соопштение на ПБ на ЦК КПГ, 12.II.1952 г.). - Напаѓан постојано, (и внатре- одделни Министри ),Пластирас не може долго да се оддржи. Се договораат нови избори во што своја улога имаат и САД. Изборите се оддржаа на 16.XI.1952 г. - Резултатите од изборите од 1952 г. , беа : · Грчка тревога на А. Папагос = 783.000 или 49% · ЕПЕК( Национал. сегрчки сојуз) Либерали = 640.000 или 31 % · ЕДА( обединета левица) = 160.000 или 10 %. САД внимаваат на изборниот модел кој преку амабасадорот во Атина, се промени. Со ова иако ЕДА и центролевицата имаа повеќе гласови од “Тревога” на Папагос, во бројот на пратеници нескладна е разликата .Така Тревога на Папагос доби – 240 пратеници, ЕПЕК-Либерали – 60, ЕДА – 0. ЕДА како прибежиште на забранетата КПГ во Парламентот нема глас, што го овозможи новиот модел. - САД успеа да добие стабилна влада во Грција а низ демократска процедура и со цврста НАТО позиција во Средоземјето. - Изборите од 1952 г.- обезбедија владеење на крајната десница 11 години. - Владата на А. Папагос со помош од САД обезбеди стабилизација, пораст на стопанството и куповната моќ .За помошта од САД следуваа и закони за нивна привилегија. · 12.X.1953 г.- Законски акт за привилегии на воените сили од САД. · 12.XI.1953 г.- Закон бр.2793 со кој се регулира правниот режим за престој на силите на НАТО во Грција. · 08.IV.1954 г.- Закон бр.2893 со кој се дорегулира правниот режим за престој на силите на НАТО во Грција. Следуваше и.. · Закон бр.2687/53 – Низа даночни, царински и финансиски олеснувања на туѓиот капитал инвестиран во Грција врз основа на Законот бр. 2687/53. - Папагос е национален лидер, што му го овозможи оваа победа но и оние како командант на грчките војски против ДАГ, и против Италија- 1940/41 г. - Да ја зацврсти позицијата, Папагос го користи Кипарското прогрчко движење. САД се противат заради добрите односи со Турција и В.Британија. - Папагос ги игнорира САД и го крева Кипарското прашање на меѓународно ниво.САД го приземјуваат, на 29.III.1954 г., владата се цепи ,Министерот за координација Спирос Маркцинис формира – “Прогресивна партија” земајќи 23 пратеници. - Папагос се инаети со САД, август 1954 г., Кипарското прашање е пред ООН во Атина -митинг ,100 повредени и ранети (и 25 полицајци). - Пораката е -толку се жестоки грчките чувства, што дури и САД, ќе мораат да ги почитуваат.Но тоа не им е по ќеиф на САД. - Август 1955 г. од Истамбул се праќаат и други чувства. Масовни антигрчки митинзи, со запалени грчки згради, дуќани и канцеларии а има и убиства на Грци. - 6.IX.1955 г. Турските националисти ги уништуваат грчките гробови во Цариград а слично е по др. градови. - 17.IX.1955 г. Министерот за надворешни работи на САД Фостер Далас на грчкиот колега Стефанопулос му праќа порака : “ ..со вознемиреност ја следам опасноста за грчко-турските односи поради кипарското прашање. Независно од причините за разноглност, кои се се посложени, верувам дека единството на НАТО, кое представува основа за безбедноста на сите нас, треба неодложно да се воспостави “ ( С. Теодоропулои, Ап,То Догма Троиман..., 18). - Грција ја сфаќа директивата од САД, па да ги одоброволи носи Закони со кои отстапува нови простори за НАТО и регулира нивни потреби : · Закон бр. 1036 / 53 · Закон бр. 2799 / 53 · Закон бр. 2613 / 53 и др. - Врз основ овие Закони, прописи и договори , САД и НАТО можеа неограничено да користат јавни патишта, железници, да градат бази кога сакаат, носат трупи на копно и море и се е ослободено од царини и даноци. Грчката влада уште е и должна да им плаќа оштета за сите објекти, машини и материјали што се увозуваа или градеа. Грција е своевиден протекторат на САД. - За уште поголемо умилкување, режимот удри пожестоко врз комунистите како главна мета на САД, но и по др. леви и синдикални движења. Се донесоа : · Закон бр. 2613 / 53 – морнарите кои беа во морнарски бунови, се лишени од правото да се вратат во грчката морнарица. · Закон бр. 1933 / 53 – работниците во претпријатија од националната одбрана, се лишени од право на штрајк. - За судовите правото на штрајк е кривично дело и антидржавен акт. Синдикатот е под контрола на полицијата. И покрај се од 1951-1956 г. има 1 500 штрајкови со преку 500 000 работници. - 04.X.1955 г. – умира Папагос, следниот ден САД бараат мандатот да се даде на Константин Караманлис ( 1935 и 1946 г. – пратеник од Популистичката партија а повеќе пати и Министер ). - Со ова се гази желбата на Папагос, кој за наследник го посочи Стефанопулос.Протестираат опозицијата и матичната партија на Папагос против желбата на САД. Но се е залудно... - Караманлис ветил дека Кипарското прашање ќе го затвори (затоа и цврстиот став на САД за него). Да си ја зацврсти позицијата, тој ја расформира “Грчка тревога” и го формира “Национален радикален сојуз” (ЕРЕ). При зголемен терор, разединета и опозиција , Караманлис за 18.II.1956 г. закажа нови избори. - Резултатите од изборите од 1956 г. , беа : · ЕРЕ ( Национална радикална унија ) = 165 пратеници или 47,38 % · Демократскиот сојуз = 135 пратеници или 48, 15 % ( од нив Демократс. Центар = 18 пратеници, Демократс. Иницијатива = 4, ЕПЕК = 16 и Земјоделс.партија = 7 ). * Фронтот за Демократски промени доби 63 пратеници, останатите 62 пратеници пристапија кон конзервативната група на Демократскиот сојуз ( Либерали – Папандреу - Венизелос ). - И покрај помалку гласови на ЕРЕ заради добро скроениот модел, добива повеќе пратеници а со тоа и влада. Но заради внатрешни судири се закажаа нови избори 2 години подоцна. Имено... - 27.II.1957 г. - двајца Министри заради несогласувањето со Изборниот закон кој е во процедура, дадоа оставки земајќи 15 пратеници кои не ја подржуваа владата веќе. - На 11.V.1958 г.- нови избори, со зајакната пропорционалност во корист на двете најголеми партии. - Резултатите од изборите од 1958 г. , беа : · ЕРЕ ( Национална радикална унија ) = 47,7 % · ЕДА ( КПГ и сл. леви сили) = 24,43 % · Либерална партија = 29,68 % · Останати партии = 10 % Грција и Кипарското прашање во овој период : - Успехот на КПГ (скриена зад ЕДА) иако тероризирана, ја плаши десницата, но и западот. Се јави теза за комунистичка опасност. - 10.II.1958 г. – со сценарио од Запад, Кипар е независен со што јакне десницата во Грција, која сега е комотна да удри по комунизмот. - Знаејќи ја Грчката занесеност со мегаломанските територијални аспирации, САД ја предупредуваат Атина да се согласи со крајното решение за Кипар, во спротивно Турција ќе има право на свое решение. - Со Договор исклучени се акции за спојување на Кипар и Грција. Британија, Грција и Турција, како гарантни сили имаа право да интервенираат во случај кршење на Договорот. - Оваа одредба Турција правно ја користи во 1974 г., воено да интервенира на Кипар и освои 40 % од островот. - Со наградата -Кипар, САД за поуспешна борба против комунизмот кој во Грција е втора сила, иницира и формирање нова партија, која треба да одземе од влијанието на ЕДА и левите сили. - Ова мисија ја презеде познатиот политичар Георгос Папандреу, кој интензивно работи на терен со полиберална политика на новата партија. Иборите - 29.X.1961 г.,се со големи притисоци и фалсификати. - Резултатите од изборите од 1961 г. , беа : · ЕРЕ ( Национална радикална унија ) = 176 пратеници. · Коалиција на центарот и “Партија на прогресистите” ( С. Маркезинис) = 100 пратеници. · ПАМЕ (ЕДА заедно и Земјоделската партија) = 24 пратеници. - Бројни се фалсификатите, - следниот ден опозицијата - “ нема да ја признае владата што ќе произлезе од изборниот пуч “.Стотици илјади лица назаконски впишани на списоците и парадржавни органи што сеат страв,толерирани од полицијата . - Притисокот и теророт особено е силен во Егејска Македонија и воопшто врз македонскиот народ во областите каде е поброен. - За победа на ЕРЕ изработен е план “Периклис”во чија подготовка и реализација се вклучени ГШ на армијата, службите на безбедност и др. - “ Црвените “ ( ЕДА) и “Жолтите “( Центарот) се на удар. Полковникот Георги Пападопулос шеф на разузнавачката служба ( водач на пучот од 21.IV.1967 г.) е еден од мозоците на планот “ Периклис“. - САД се нервозни од гласноста на опозицијата за фалсификатите. Амбасадорот во Атина се обраќа до јавноста за Божиќ, потенцирајќи дека изборите од 29.X.1961 г. се пример за чесност и доказ за вербата на Грците во идеалите на личната слобода (?!). - Опозицијата, оценува дека САД грубо се мешаат во внатрешните работи на Грција. Особено “жесток” е новиот опозиционер Папандреу со што сето незадоволство тој го собира а не левичарите. - Но во САД е нов претседател- Џон Кенеди, и не му е по воља власт со крајна десница. Планира смена на владата со нова од сили на центарот. - Април 1962 г. – “Коалицијата на центарот” на митинг во Атина, против Караманлис. Разжестени од ова, парадржавните организации се вон контрола. - Едно од најужасните нивни злосторства кое силно влијае на политичкиот живот во Грција е убиството на независниот пратеник Григори Ламбракис во Солун.. - Убиството е доказ за нивната неограничена сила. Вознемирен од ова, и лут на дворот, Караманлис дава оставка на 01.VI.1963 г. - Паѓа режим кој владее 8 години. Барањето за нови избори кралот Павле не го прифаќа а мандат за влада му дава на Панајотис Пипинелис. - 16.VI.1963 г. – владата на Пипинелис дава заклетва, треба да организира посета на кралот во Лондон но и нови избори. - Опозицијата, владата ја смета за дворска, и бара службена.Притискаат и САД ,се формира влада на чело со претседателот на Уставниот суд. Новите избори се на 03.XI.1963 г. Резултатите од изборите од 1963 г. , беа : · ЕРЕ ( Национал. радикална унија )= 132 пратеници или 39,3 % · Коалиција на центарот = 138 пратеници или 42 % · ЕДА = 28 пратеници или 14,4 % · Партија на прогресистите = 2 пратеника или 3,8 % - 09.XII.1963 г. ,Караманлис минимално поразен се повлекува од политиката и илегално ја напушта Грција, што се толкува како страв од парадржавните формации и нивниот бес. - За време мандатот, Караманлис ја јакне економски Грција со Американско влијание. Странскиот капитал е во 4 од 10 приватни банки а 12 надворешни банки имаат филијали во Грција. - Надворешниот банкарски капитал, посредно преку банкарски кредитирања, го контролира грчкото стопанство и население. Надворешните осигурителни компании наплатуваат 52 % од премиите. - Трговијата, металургијата, бродарството и рударството се под 90 % странска контрола; хемиската идустрија, стаклото и цементот- до 70 % ;прехрамбрената, конфекциската и пластичната индустрија до 50 %, во тутунската и текстилната до 20 % и.т.н. - Но 60-70 % од работната сила е на странски компании,па бегаат Грците, од 1960-66 г., 350 000 лица бараат работа вон Грција . - Во однос македонскиот народ и владата на Караманлис е доследна со политиката на терор а се протежира и опасноста од комунистичкиот север – СР Македонија ( Југославија). Се шири омраза и кон др.земји. - По изборите, влада треба да формира Коалицијата на центарот. Но не може без ЕДА, која ја сметаат за комунистичка творба. Нова криза и избори на 16.II.1965 г. - Резултатите од изборите од 1965 г. , беа : * Коалиција на центарот = 171 пратеници или 53 %. * ЕРЕ заедно со Маркезинис = 107 пратеници или 39,3 % * ЕДА = 22 пратеници или 14,4 %. - 19.II.1965 г. , Георги Папандреу е нов Премиер со самостојна влада. - 06.III.1965 г. ,умира кралот Павле.. - Папандреу ја демократизира Грција но во слепилото од антикомунизмот не наоѓа начин како да ги релаксира односите со левите сили но удира по нив а војува и против десницата. - Со парадржавни милитантни и националисти кои не мируваат, владата не презема конкретни мерки за нивно ставање под контрола (вооружени формации -МАИ и др.). - Десницата ја смета власта за “непријател на нацијата”,ја слабеела одбрамбената моќ, произведувала кризи и анархија кои ќе им овозможеле на комунистите да се вратат на власт. - Папандреу не ја реформира Армијата и отстрани милитантите ,со што допринесе за својот крах (но и САД и дворот ги штитат полујавно). - Одлуките од тајниот состанок на владата, за персонални промени на командите во армијата, се провалени а акцијата осуетена. Кралот изјавува дека решително ќе се противи на секој обид за промени во Армијата. - Грчкото општество не е во состојба да се демократизира. Разногласијата меѓу владата која сака промени и дворот,водат во криза. - 15.VII.1965 г., кралот не потпишува суспензија на Министерот за одбрана- П. Гаруфалјас, кого владата го суспендира сомненичејќи го за заговор во соборување на владата. - 16.VI.1965 г. – кралот не го почитува Уставот и без знаење на Папандреу, ја суспендира владата и формира нова со Г. Анастасијадис –дотогашен Претседател на Парламентот. - На овој преврат од кралот, му предходат монтирани саботажи со цел да докажат дека владата не може да се бори против комунизмот и др. опасности. - 29.XI.1964 г., - саботажа кај р.Горгопотамос каде е првата значајна антифашистичка акција во која од мини гинат 13 и се ранети 120 лица од Движењето на отпорот. - “комунистичка саботажа” и во воена единица во Тракија, и сл. акции искористени како доказ за влада – генератор на кризи, анархија и хаос. - Премиерот и син му Андреас, посочени се за агенти на комунистите, гробари на грчката армија и сл. Ова е мотив за потегот на кралот. - Папандреу наместо да е на чело од демократските сили во борба против антидемократските чекори, тој тајно преговора со кралот, оставајќи ги демократските сили на безбедносните. - јуни 1964 г., Советската флота е во источното Средоземје заради интерес во Сирија и Египет, што не му е во прилог на Папандреу. На САД сега Грција и е стратешки важна, па сакаат цврст партнер а не лабави демократии. - Папандреу се противи и Кипар да е Американска воена база (план на Пентагон). Изби и Средно-источната криза и се очекува судир меѓу Израел и Арапите. Папандреу не е интерес на САД. За да се е демократски, се готви план од тајната служба, дворот и група грчки офицери. - Со тајниот план се предизвика расцеп во Коалицијата на центарот. Се поттикна личната амбиција и разногласието, се монтираа афери и провокации. Папандреу го напуштија 48 пратеници- владата паѓа. - 28.V.1967 г. ,е договорениот датум за нови избори Меѓународната ситуација е лоша а позицијата на САД во Средоземјето не е јасна со неизвесните избори . - Судирот меѓу Израел и Египет и присуството на Русите во Средоземјето не им дава мир на САД. Неизвесно од изборите е што Папандреу за мнозинството сеуште е херој на демократијата. - Кралот Константин со мандат за службена влада, на гувернерот од Националната банка Јани Параскевопулос. Центарот и Папандреу ја подржаа владата, крајната десница убедена дека на изборите, Центарот и ЕДА ќе имаат подобри резултати, и прават пречки на владата па и таа паѓа. - Панајотис Канелопилос- нов мандатор со влада главно од функционери на ЕРЕ ( Нациоанл.радикална унија). Се тврди дека Канелопилос формира влада да спречи воен преврат. - Народот е за Папандреу, што не и одговара на десницата, дворот и САД .Почна пропаганда за опасна политичка ситуација во Грција со Папандреу на власт (Грција ќе ја отцепел од НАТО за сметка на комунистите),Парламентот ќе е 2/3 комунисти (комунистичка завера и сл.) - Антикомунистичка пропаганда е без преседан и се врз човек кој и самиот комунистите не ги поднесува и кој е протежиран своевремено од САД, кога им требаше за одземање гласови од ЕДА.
Превземено од Македониум |