Среда, 29 Декември 2021   
Македонскиот јазик во книгата на Тезеј Амброџио Албонесе од (1469 – 1540/41) г.

Како и во сите науки, така и во историјата сите дискусии треба да се водат аргументирано и со факти. А кога биле во прашање дискусиите за македонскиот национален континуитет, неговите негатори секогаш ја наметнувале тезата дека не постојат средновековни докази за постоењето на Македонците како нација или пак за постоењето на посебен Македонски јазик. Но, ваквите тврдења пополека почнуваат да паѓаат во вода со откритието на неколку книги во кои јасно е наведено нивното постоење.

Тезеј Амброџио Албонесе (1469 – 1540/41) е италијански хуманист од периодот на италијанската ренесанса, претставник на христијанскиот(католичкиот) кабализам и предвесник на Ориентализмот. Негово најзначајно дело е книгата Introductio in Chaldaicam linguam, Syriacam, atque Armenicam and decem alias lingua, издадена во 1539 година, во која се преведуваат црковните псалми од повеќе јазици, а се бележат и тогашните јазици и азбука која народите ја користеле како средство за писмена комуникација. Она што е важно за нас е дека во неговата книга тој прави јазична и азбучна паралела помеѓу повеќе јазици како латински, грчки, далматински, сиријски, арапски, еврејски… вклучувајќи го и македонскиот,кој е наведен како посебен јазик, различен од грчкиот, српскиот и бугарскиот.

albonese-1

Интересно е тоа што македонскиот и далматинскиот јазик се наведени како првенци од словенските јазици и постојано се нагласувани во книгата.

albonese-2

“Боже, Боже моj, зошто ме остави?” напишано на македонски и далматински (хрватски)

Значајно е и тоа што е потенцирано дека грчкото писмо, кое во книгата е поделено на неколку верзии, се користело во различни форми и од страна на повеќе народи, што ни покажува дека неговата употреба од страна на некој народ не значи дека тој народ имал некаква хеленска национална свест, со што им става крај на грчките тврдења дека пронајдените текстови во Македонија пишувани со грчко писмо се доказ за нејзиниот “хеленски карактер”.

albonese-3

Дополнителна занимливост за историчарите е и тоа што авторот во неговата книга го забележал и постоењето на етрурското писмо за кое тој тврди дека сеуште се сретнува во италијанските книги и библиотеки.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.