|
|
Македонските Мистерии (Прв дел) |
Олга Новачева За да се создаде целосна слика на опстојување на древните Македонци низ илјадници години во минатото треба да се опфатат случувањата во сите сегменти на живеење. Историјата ни нуди многу битки,походи,освојувања и губење на територии,зближувања и разијдувања на разни македонски племиња одиграни во одредени временски периоди, но многу малку сознанија се нудат во врска со верските и религиозните прашања на древните Македонци. Во што се состоела верата на древните Македонци? Во што верувале,какви им биле обредите, ритуалите.Колку и каде се почитувале божествата, како се славеле? Како се воспевале во химните,во одите,во песните,во трагедиите? Во периодот наречен ,,пред наша ера,, во прифатената историја утврдена е религија на многубожество кое се одбележува во разни епохи. Според времето и просторот на живеење, на божествата им се давале нови имиња,поради што Пантеонот се збогатувал со митови и преданија. Затоа македонската митологија е најбогата,најинтересна и длабока. Во врска со духовната традиција на древните Македонци да наведеме дел од официјалното историското толкување кај нас. Древномакедонските култови и митови јаодразуваат духовната култура на античките Македонци. Древните култови и митовина античките Македонци,како дел од културната митологијана античките народи што ја населувале балканската територија,имале силно влијаниеврз хеленската мистериска и религиска стварност.Во грчките и латинските книжевни записимакедонските божества,споредсвоите атрибути,добиваат различни интерпретации;имено хеленските и римските автори ги предаваат македонските божества со хеленски и латински еквиваленти. Тоа се случува затоа што античките Македонци својата религиозна содржина ја засновале на колективната меморија и на родната традиција така што за да се открие автентичноста на оваа духовност е неопходна методата на аналогија и споредба со митолошките претстави на другите индоевропски народи и од индоевропското наследство. .—(Институт за национална историја Скопје 2008—,,Историја на македонскиот народ,,)...http://www.scribd.com/doc/67790259/Istorija-Na-Makedonskiot-Narod-History-of-the-Macedonian-People Тука би ставиле две забелешки. 1.Секаде во нашата историска номенклатура под придавката хеленска се подразбира нешто што е грчко или што се разликува од македонското,како што е наведено во горниот текст-хеленска стварност,хеленски автори,што не соодвестува на вистината. Треба што поскоро да се корегира овој начин на интерпретирање на хеленизмот зашто создава забуна. Хеленизмот не е никава грчка ниту културна определба туку состојба на духовност,на просветлување.2.Зошто ни е потребна методата на споредба со другите таканаречени индоевропски митолошки претстави кога се знае дека се потекнува од Македонија? Ако постои индоевропско наследство тоа е наследство на македонското исконско,ведско знаење и традиција Васил Иљов ќе рече -,,Македонците се најстар народ со сопствен јазик и свое гласовно (фонетско) писмо на Македонскиот (Балканскиот) полуостров и пошироко со специфично,но и променливо општествено уредување низ илјадолетија со богата четиригенерациска митологија, која од еднобоштво (Хаос,Уран-Геја со титаните и титанките,киклопите и сторачниците,Крон-Реја со синовите Ѕеус-владетел на светот,Посејдон-владетел на морињата и Хад-владетел на подземниот свет,та ќерките Хестија,Деметра иХера,односно семоќните немирни 12 олимписки богови меѓу кои и Македон-епонимот на Македонија и со кои неприкосновено владее Ѕеус,кој се гледа и се може,а нему му помага неговата сестра и сопруга Хера,подоцна преминува во еднобожна религија (Ѕеус-Марија и нивниот син Исус Христос,т.е.Синот Божји ,,со крстот,, со наука која се состоела од ,,виши,,и ,,нижи,, науки со степенуван систем на образование. ( http://www.unet.com.mk/ancient-macedonians-part2/spomenici.htm) Најголем грев на денешното доба е незнаењето, особено кога се работи за историјата и исконската традиција на Македонија.Во таа историја влегува јазик и одржливост на потеклото,вера и сеопшта религија,духовна наследеност и сите божествени тајни. Македонците како најдревен народ, од своите претходници ги наследиле светите ритуали, ги вршеле редовно и ревносно во одредени периоди од годината. При тоа мислиме не само на обичните кога се славеле раѓањето на природата, плодноста на животните и луѓето,доаѓањето на новата година,туку и на оние кои се поврзани со светите знаци на потеклото.Овие последниве,светите ритуали, денес се нарекуваат Мистерии. Зошто се нарекуваат Мистерии? Кава е таа мистика? Какви се тие тајни и на кого им биле наменети. Мистериите не можеме да ги објаснуваме одделно од религијата и традицијата на Македонците. Исто така не можеме да се потпреме на досегашното парцијално претставување на ритуалите,на верувањата,на обичните и скриените обреди. Треба да се опфати целокупната култура и филозофија на еден народ во континуитет кој трае со милениуми. Ова ни дава за право подетално да се запознаеме со суштината и улогата на македонските Мистерии. Не само да се запознаеме туку и да го отстраниме тој немилосрден фалсификат за постоење на грчката антика, грчките митови и мистерии. Иако скоро сите официјални извори ни диктират записи дека таквите Мистерии се вршеле на просторите на Грција,ние мораме да ги отфрламе тие невистини и да ги покажуваме како македонски Мистерии Називот па дури и симболиката на зборот Мистерии доаѓа од тајното знаење кои иницијантите го добивале учествувајќи во тие ритуали. Тоа биле одредени и проверени церемонии во кои се давал завет за чување на основните содржини на тајното знаење.Иницијација е процес на воведување кон Високото Знаење. При одредени церемонијални постапки иницијантот минувјаќи во состојба на транс се доведувал до Големите Вистини. Иницијантите морале да бидат испитани по свое потекло-генеричка лоза,по својата издржливост, воспитание. Само некои можеле да ги достигнат сите степени на учењето. Само Одбраните можеле да бидат посветени во светите тајни. Обично подземните храмови, во кои се славеле династиите на боговите и полубоговите,биле вистинско место на тајните мистериозни церемонијали. Денес остана само поимот на Големите Мистерии чии тајни не може лесно да се откријат. И со право. Посветените биле тие кои до смрт го чувале вистинското скриено знаење. Битни се три поставки како заеднички именител на древното знаење, а тоа се - сфаќањето на ономамопејата (имитација) на природата, лингвистичкиот гностички код во македонскиот јазик и забрана за мешање на просветлените со оние кои имале понизок еволуционен статус. Мистериите се поттик и аманет на одржливост,нои верба за враќањето кон златното доба. Златно доба е време на расно единство и на еден заеднички јазик,време на длабока посветеност кон космичките правила. Природно е што Македонците верувале во божества,богови и божици, денес наречени невидливи ентитети или Високи Битија. Тоа се првопочетни создавачи на нови генерации на луѓе чиј живот се одвивал во постојан развој и во нови циклуси. Во древна Македонија отсекогаш имало школи за Мистерии. Постоеле Големи (високи) и Мали (пониски) Школи на Мистериите во зависност од длабочината на тајните кои ќе се восприемаат од иницијантите.Одбраните кои се иницирале станувале Просветени,Адепти,Првосвештеници кои биле подготвени да ги водат Мистериите зачувувајќи ги божествените тајни. Се разбира таму не се дозволувало пристап на туѓинци, не-Македонци, оттаму не може воопшто да стане збор за Грци како посетители на тие Школи.Тешко е да се читаат книги кога таму никаде не е спомната Македонија со своите школи на Мистерии. Се наведуваат египетски,индиски или хиндуистички, зороастриски или грчки? митови и преданија. Како да периодот на македонските династии не постоел или истражувачите не сакаат да знаат дека постоеле. Тие истражувачи се водат од грчки? автори и ги толкуваат запишаните остатоци не по своја логика и инстинкт, туку се зависни и диригирани од наметнато водство. Нема сомневање дека Мистериите се тесно поврзани со митовите. Од богатата древно македонска митологија произлегуваат и Мистериите како потсетување на она што било како поука за прочистување и обезгрешување. На тој начин иницираните се здобиваат со посебна магична моќ и просветлување. Познат е митот за борбата на Тезеј со минотаурот во лавиринтот,Херакловите дванаесет подвизи,потрага на Аргонаутите по златното руно,борбата на Дионис Загреј со титаните и негово растргнување,патот на Орфеј во подземниот свет за ослободување на Евридика,потрагата на Деметра по својата ќерка Персефона,патешествијата на Одисеј и други. Така се објавуваат ритуали во знак на славење на своите предции се добиваат познатите називи -Дионисови мистерии,Орфички, Самотракиските,Елисејски (Елевсински) Мистерии. Многу езотеричари посветуваат особено внимание на некогашните Мистерии. Тоа е неопходно за да се задржи невидливата врска на она што било со она што е сега. Затоа што се може да се прекине и уништи,освен универзалниот концепт на создавање. За да се вратиме на идејата на самиот езотеризам треба да се сфати дека во многу древни земји Египет, Грција?(читај Македонија) на пример паралелно постоеле две религии една догматска и церемонијална,друга мистична и езотерична. Едната се состои од популарни култови кои претставуваат полузаборавени облици на древните мистички и езотериски митови,додека друга била религија – мистерија. Оваа друга религија отишла подалеку над популарните култови,објаснувајќи го алегориското и семиотичкото значење на митовите и обединувајќи ги оние кои биле поврзани со езотерискиот круг или кои тежеле према него. (Д.Успенски-,,Нов модел на универзумот,, ) За индискиот филозоф Шри Ауробиндо Ведите се Елевсински и Орфички Мистерии. Познати се Мистериите кои се вршеле во време и пред Александар Македонски. Познато е дека и Филип и Олимпија биле посветени или иницирани преку Мистериите. Сите тие имаат свои корења во мистичната традиција која се наследувала од генерации на генерации за да се запамети изворот,за да се слави единството на вселената. Мистериите се поврзани со гностичката традиција. Таквата традиција, како и да се нарекувала во тоа време, во вид спознавање за себе и за своето потекло,во Македонија отсекогаш постоела. Таа била основа за одржување на континуитетот на просветлување, а со тоа и очистување на човековата популација. Гностицизмот е продолжување на веданството,на непишани и пишани правила взаимно испреплетени со користење на химни, песни, обредни ритуали. Гностичката традиција се поврзува со периодот на антиката и во просторот на Средоземјоморието и во Азија. Таа традиција се поврзува со она што денес се нарекува источно учење. Во тоа време тоа биле најнормални и редовни школи во кои се учело скоро се. Од природни науки- медицина, биологија,физика,астрологија,математика па се до спиритуалните науки.Окултните науки имале блиски врски со астрологијата. Преку подготовките за иницијации се учело за планетарните промени, за цикличните процеси кои се условувани од движењата на соѕвездијата,сонцето и месечината. На пример,Асклепие не дозволувал да има свои ученици ако не ја знаеле добро астрологијата. Древната македонска доктрина е поврзана со македонските Мистерии и со македонската исконска филозофија. Во време на чистите Мистерии ништо друго не постоело освен ведска или ведско-ариевска култура Тибетанските вежби,тибетанските мудри,тибетанските школи,лами,ведските химни, прослави, записи и воопшто сите веди се македонски.Александар Македонски тоа добро го знаел. И не само тој туку сите македонски династи.Време е и ние да дознаеме каде е суштината на Мистериите со кои е поврзано дејствувањето на Александар. Ако Мистериите се тајни,таа тајност била потребна за одржување на континуитетот на основната Хермесова доктрина,на основните Универзални принципи кои го орджуваат светот. Подеднакво се важни вибрацијата на изговарањето на молитвите,пеењето на химните,усогласување на рамнотежата на машко-женскиот пар, улогата на кармичките односи. Мистериите служеле да се задржи Редот.Космосот,музиката природата претставуваат Ред. Треба така да остане, се во еден Ред за да може светот правилно да се развива Продолжува |