Среда, 07 Јули 2021   
Александар бил и лекар

Античките Македонци оперирале случаи тешкии за современата медицина

makedonska-drevna-medicina

На малкумина им е познато дека Александар Македонски бил и лекар! „Ми се чини дека и љубовта кон медицината на Александар му ја внушил Аристотел. Александар не само што ја сакал медицината, туку и им укажувал помош на своите болни другари, одредувајќи им лекување и начин на живеење, како што тоа може да се види од неговите писма. Тој по природа ја сакал науката и бил љубопитен” (цитат од Плутарх, Споредбени животописи - Александар, 8). Александар бил ранет најмалку 10 пати, а при најтешката рана, пробиени гради

на десната страна од стрела долга два лакти, од која од белите дробови излегувала крв и жабурки од воздух, и самиот соработувал со лекарите, т.е. со главниот хирург Критобул, исплашен од раната на царот. „Критобул, владеејќи со високо искуство на лекар, при дадениот тежок случај се плашеше да се зафати за раната“… Царот му рече: „Што тегавиш и не ме ослободиш веднаш од страдањата мене, несомнено осуден на смрт? Или ти се плашиш да не испаднеш виновен што јас добив неизлечива рана”? Тогаш Критобул, совладувајќи го својот

страв или скривајќи го стравот, почна да го убедува царот да дозволи да го врзат додека тој го внесува острилото, бидејќи може да биде опасно и најмало движење на телото. Царот, откако кажа дека не треба да го врзуваат, го препушти своето тело на лекарот и како што му беше укажано, прележа совршено неподвижно. Така, раната беше расширена и кога беше извадено острилото, „крвта бликна во поток”… (Цитат од Квинт Куртиј Руф, „Историја на Александар Македонски”, книга 9, глава 5, 25-28, Издатељство Московского универзитета, 1993). Според описот од К. К. Руф, врвот на стрелата бил со рецки и не можел да се извади без проширување на раната. Таква операција е тешка и комплицирана денес, за современата медицина, со најмодерни средства и лекарства, а онаа врз Александар е извршена во „полски услови”, под шатор. Она

што е зачудувачко и за восхит е фактот што Александар брзо заздравел и на седмиот ден од оперцијата, се појавил пред војската за да видат Македонците и непријателите дека е жив. Во денешни услови би бил во шок соба или на интензивна нега, сметаат некои наши лекари. Каква ли медицина била таа древна македонска?

Книгата на Ангелина Маркус, професор по филозофија, психологија и логика, нема за цел да ја раскажува историјата, туку да влијае врз директрисата на размислувањето на читателите. Таа нафрла купишта размислувања, мноштво

збунувачки тврдења, безброј посочувања со хипотетичност или изричност, но и многу зачнувања како предизвик на оние кои, секој во доменот на своите знаења и специјалност, би можеле да се нафатат со сопствени истражувања и личен пристап, игнорирајќи ги безбројните интерпретации од туѓинци. На пример, за болеста од која почина Александар, никој Македонец не ја проценил дијагнозата според изворните описи. Наши лекари раскажуваат што прочитале од странски автори, кои имаат хипотетички тврдења - ту го отрул овој или оној, ту се истоштил од пиење, ту го совладала маларија. Во веродостојните извори (Квинт Куртиј Руф, Аријан, Плутарх, Диодор и Јустин) можат да се сретнат многу детали за рамислување, вклучувајќи и за тогашната медицина. Според описот, Александар извесно време имал дијареа, а паднал в постела по една седенка, на која се пиело вино. Се пиело вино од сребрен пехар од кој се црпело и за другите, но никој не паднал болен. Значи, отпаѓа отров поради таа околност и поради сребрениот пехар и сребрените чаши врз кои отровот брзо остава траги. На Александар му се усложнила состојбата на четвртиот ден, а на седмиот починал, при свест речиси до последниот миг кога на генералот Пердика му го предал прстенот. Да не случајно се работи за прснат чир? Македонски поглед нема.

Пред една деценија при случајна средба со поранешен полициски инспектор, Стамен, стана збор за неговото име. Се пофали дека тоа е старословенско и значи нешто стамено, цврсто, камено… Откако разбра дека Стамен се викал Македонецот кого Александар го поставил за „градоначалник” на Вавилон, нашиот Стамен изнапрочита се` што му падна до рака за тоа време и од аспект на екс-инспектор по дрога, прв посочи на еден опис на дрогираност. На свој трошок организира фудбалски турнир во чест на роденденот на царот Александар и трага по симболи и записи на археолошки наоѓалишта. Браќата Калиников (лекар и новинар) не малку беа изненадени за коренот на нивното презиме од Александрово време, кога имало Стефан, Тимотеј, Дамон и слично со назнака Македонец. Ташко Белчев и Васил Иљов би изнашле етимолошка подлога на денешното Толе од Птолемај, брат на Александар од друга мајка, основоположник на македонската владетелска династија на Птолемеида (Египет) од 322 до 60 година пред Хр. Парапсихолозите денес би се запрепастиле кога ќе прочитаат дека Македонците во строј со вперен поглед ја задржувале толпата непријатели отспротива!

И самата Ангелина Маркус, како дипломиран филозоф, се впушти во препрочитување на Диоген Лаерциј и од него пишувањата за античките филозофи, делејќи ги според спротивставените филозофски мисли, местото и времето на живеење. Таа имаше доблест да им се извини на своите ученици од 35 гимназиски генерации за тоа што, според пропишаните методски единици, неримските филозофи по инерција ги дефинирала со одредница грчки. Демокрит, Аристотел и плејада други, со „материјалистички” поглед на светот се македонски, а оние со „идеалистички” поглед на светот се „грчки”. Демокрит е

основоположник на атомската физика, Аристотел творец на „петтата димензија” (етер, енергија, згусната енергија-материја, т.е. на духот). За Аристотел е просторната димензија вселената и Сонцето, а за идеалистот Платон ѕидините на Атина во рамките на кои се стреми кон идеал: правдина. Грчките полиси никогаш не излегоа од своите ѕидини и не создадоа своја заедничка држава сè до 1832 година! Од таа 1832 година отпочна грчкото приграбување на македонските величини со груби фалсификати, прифаќани од српската, а преку неа од југословенската, вклучувајќи ја и македонската, наука. Неодамна, со својата книга „Македонски јазол”, среде МАНУ, поранешниот германски амбасадор во Македонија, Ханс Лотар Штепан, и` удри шлаканица на македонската историска наука. Вечерта, нашиот единствен историчар, член на МАНУ, академик Иван

Катарџиев го демантира Германецот, недоветно изјавувајќи на непоставено прашање на МТВ дека ние сме овде 1.500 години (и тоа двапати го нагласи!). Човекот, инаку, е специјалист за 20 век и пред една деценија, исто така на МТВ, на прашање што мисли за античките Македонци, Александар и ние, одговори

дека тоа е романтизам, тоа се глупости, каква врска имаме ние со нив! Утредента лично го поканив да дојде во другарството „Александар Македонски” да одржи предавање за античките Македонци, Александар и ние, на кое, пред 15-мина

молчеливци пред телефон вклучен на интерфон, призна: „Па јас појма немам”! Изгледа беше во наплив на искреност, а тие 15 мина гракнаа во смеа.

Книгата на Ангелина Маркус секако ќе придонесе да се зголеми интересирањето за нашата древнина на мнозина во доменот на нивниот предмет на интересирање и специјалност, со нужна критичност и неопходен сомнеж за вистинитоста на доскорешните тврдења што не се плод на македонски пристап и сопствени истражувања. Македонија до скоро беше во четири светски блокови: СР Македонија во Југославија со неврзаните под пресија да не се караме со соседите; Грција, со Егејскиот дел на Македонија, во НАТО беше столб на јужното крило и и` беше прогледувано низ прсти поради верност на одбраната на Запад и стратегиските поморски патишта од Исток; Бугарија, со пиринскиот дел на Македонија, беше најверниот сојузник во Варшавскиот договор и и` беше

дозволувано да го прикажува македонското просветителство од Самоилово време за свое, па и многу повеќе, како награда; Албанија, со македонскиот дел под нејзино владеење, беше сојузник со Кина и тотално изолирана од светот при што беше препуштена нејзината наука на некритично фантазирање без страничен коректив, а со самоповикување на сопствени пишувања. Но, паднаа блоковските поделености и настапи 21 век, во кој никако не сакаат или не можат да влезат многу наши од порано видни личности, веројатно за да не си плукаатсамите во своите магистратури и докторати под определено менторство.

Ангелина Маркус во континуитет ги избира и ги изложува бисерите од нашата древнина наваму, согледувајќи ги и симболите како печат на македонската творечка оставштина, по кои таа е препознатлива.

Ако се најдат барем еден „Стамен” или една „Ангелина” себеси по „име” или предметна проблематика, книгата е успешна. Таа, врочем, се надоврзува на претходните нејзини неколку книги. Ангелина Маркус три ипол децении ја предаваше Аристотеловата (формална) логика и во своите трудови поаѓа од неа со Хегеловски пристап, аналитички отфрлајќи го логички неможното. Можеби има по нешто што би требало да подлежи на логичка селекција како ненужно или непотврдено со научна апаратура, но тоа во моментов не е битно. Битна е пораката да се пристапи помасовно во размислување поинакво од диригираното, но без предрасуди, а со педагошки принципи спрема бараното (не како некои со недопуштлив приод: дали Александар бил Грк; дали античките Македонци биле Грци; дали античките богови биле грчки; дали античката медицина била грчка? итн.), слично на сугестивното прашање кога Словените се доселиле (со тврдење дека се доселиле, а само прашањето е кога) наместо прво: дали се доселиле?

Всушност, отвораат многу прашања за кои многумина можат да се ангажираат, секој онолку колку што може сегментарно да истражи за да имаме доволно „штоф” за кроења и ресла, неопходно градиво за интегрална историја.

Рецензија на книгата „Македонска древна медицина“ од Ангелина Маркус

18.04.2005  Спасе Шуплиновски

 

На прво место

News image

Засрами се Љупчо Палевски – Палчо

Палчо и се‘ е можно. Предавник може да Ви биде само роднина, пријател, соборец, „истомисленик...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.