Среда, 24 Септември 2014   
Писмо од братот на Мара Бунева, Борис Бунев, од 1945 г

Boris Bunev"Почитуван г. министре,

Во текот на септември 1941 година, заедно со семеjството, сопругата и синот, се преселив во Скопjе, при што од Софиjа jа пренесов сета покуќнина.

Немаjќи сопствен дом, бидеjќи моите родители живеат во Тетово, од чиновникот за државни имоти ми беше определено да живеам во куќата на ул. 248 бр. 6, во коjа jа сместив сопствената покуќнина. Поради настаните на 8-ми септември 1944 г., го напуштив Скопjе без да jа изнесам покуќнината и заминав за Софиjа. Причините поради кои jа напуштив татковината Македониjа, ќе ги изнесам подолу.

Поради различните патишта по кои одев за слободата на Македониjа, денес сум определен како неподобен жител на татковината..., иако постоjано живеам со убавата мисла дека ќе ми биде дозволено да живеам во Македониjа и да бдам полезен. ...

Тоа мое решение да живеам во Бугариjа е привремено и ми налага да си jа соберам покуќнината. Домашните ми jавуваат дека во куќата во коjа се наоѓа покуќнината се вселило службено лице, кое одбило да ги пpедаде работите. ...

На почетокот на молбата ветив дека ќе ги изложам причините поради кои ги напуштив Скопjе. Бев загрижен за навлегувањето на Љотиќевците и Дража Михаиловичевите вооружени групи, за кои имаше сведоштва дека се веќе во Сурдулица и второ, ако останев во Скопjе, ќе требаше да се потчинам на германските воjски.

Од Љотиќевците и Дражамихаиловичевците се плашев дека како стар борец на ВМРО ќе посегнат по мене, а на Германците не сакав да им служам.

Треба да ви раскажам за следното:

Неколку денови пред бугарските воени и административни власти да jа напуштат Македониjа, во кабинетот на обласниот директор Тома Петров, на состанок бевме повикани неколку граѓани.

Обласниот директор ни рече дека бугарската влада му наредила да свика состанок со видни граѓани и да основa 'привремена македонска влада' под покривителство на германската воена команда и германскиот конзул во Скопjе, и таа влада треба да jа обjави автономиjата на Македониjа.

Сите присутни требаше да се изjаснат. Jас прв се jавив за збор, и буквално го кажав следново:

' Господине директоре, не во 11 часот, туку сега земете го телефонот и соопштете им на министрите, да им jа ебам маjката, зошто ни советуваат да jа обjавуваме автономиjата на Македониjа. Ние тоа нема да го направиме.

Господине директоре, вие не водите сметка дека меѓу нас нема пpедставници на тие што имаат право да зборуваат, тие што се по планините. Вие ли сте врската со нив, со тие што утре ќе влезат со оружjе в рака во градот? Тие со право ќе кажат: кои сте вие да основате привремена влада на автономна Македониjа без нас да не прашате? Вие ли, кои цели три години танцувавте во воениот клуб, вие ли имате право на такво нешто без да сте ополномоштени од нас, кои во тоа време бевме во планината и водевме борба со бугарските и германските власти? ...Затоа господа предлагам понатаму да не дебатираме по ова прашање. '

Господине министре, моjот став по ова прашање им беше познат и на германските воени власти и на германскиот конзул, и го ризикував животот во Скопjе поради повлекувањето на бугарските власти.

Некоj би прашал: а зошто не отиде в партизани? На тоа прашање, еден човек како мене би можел кратко да одговори: немав гаранциjа дека ќе бидам примен од нив, ниту пак сакав да бидам смешен и да се определувам во последната минута за да се наредам до тие што со месеци беа по планините. ...

Великобугарин сум до толку, до колку сум можел да имам право да живеам во сопствената татковина Македониjа, слободен и невознемируван. За слободата на Македониjа сум се борел против великобугарството, за што во Бугариjа сум бил осуден на смрт и сум лежел во затвор 5 години и 4 месеци.

Ако бев великобугарин ќе се согласев на државна служба во Скопjе коjа настоjчиво ми беше нудена. Ако бев великобугарин, барем на едно државно собрание во Македониjа ќе говорев. ќе пишував во весниците за великобугарството...

Ако бев великобугарин, немаше да ги одбегнувам прославите и банкетите, иако сум бил специjално канет....

И наjпосле, ако бев великобугарин, ќе отидев на приемот во општината организиран од цар Борис. Упорно бев покануван да присуствувам, но откажав и не отидов. Тоа ќе го потврди и г. Кирил Жерновски, коj во своjство на помошник на кметот имаше наредба да ме покани.

И кога официjалните органи ми составуваа белешки дека одбегнувам од тоа, им одговарав:

'Додека бугарските власти jа сметаат Македониjа за своjа колониjа, jас не сакам со присуството да го потврдувам тоа'. ...

Како член на В.М.Р.О. Да, таков бев, и имав престапи против бившото Кралство Jугославиjа. Титовата Jугославиjа и Федерална Македониjа не можат и не треба да бараат сметка од тие кои по своjата идеологиjа се бореле против Кралска Jугославиjа. В.М.Р.О. и неговите членови не водеа борба против новата демократска Титова Jугославиjа.

Почитуван г. министре,

Интересно е да наредите едно сеопфатно истражување на моjата деjност од 1941 г. до 8-ми септември 1944 година...И ако се докажат моите полезни работи во Македониjа, да наредите да ми се врати покуќнината според приложениот список, за дa останам со добри чувства кон управителите на моjата татковина Македониjа во коjа мечтаам да живеам.

Со почит кон вас и за доброто на моjата татковина Македониjа

Софиjа 15 октомври 1945 година
Со почит,
Борис Бунев

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.