Среда, 01 Октомври 2014   
Вистински Македонци, верни деца на татковината!

МАНИФЕСТ НА ПРИВРЕМЕНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА

СОБИРАЈЌИ СЕ ОКОЛУ СЛАВНОТО ЗНАМЕ НА МАКЕДОНИЈА ДА НАПИШЕМЕ: ЕДИНСТВЕНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

(23 март 1881 год.)

edinstvoМакедонци,

Нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така, удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги и Аристотеловата просвета, ги цивилизирал човештвото и Азија. Но таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност која, светејќи со таков сјај не може и нема никогаш да пропадне... Таа денес е географски поим. Гробот и го ископале нејзините интриганти, кои крстосувајќи ја нашата земја, и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина; тоа се исто така оние интриганти кои бараат да ја раздробат или поскоро да направат да влезат во неа победничките трупи на Австро-Унгарија. Со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонија нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се работи за нејзиниот живот или смрт.

Вистински Македонци, верни деца на татковината!

Зар ќе трпите нашата милаземја да пропадне. Погледајте како е покриена во ропство и со рани што и ги направиле околните народи. Погледајте ја и видете ги нејзините тешки синџири што и ги произведува султанот. Наоѓајќи се во ваква немоќ и гледајќи ја целата расплакана, нашата мила Македонија, нашата драга татковина Ве вика: вие што сте мои верни деца; вие што по Аристотела и Александра Велики сте мои наследници; во чии што жили тече македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете ми. Каква тажна глетка за вас, вистински Македонци, ќе биде ако станете очевидци на мојот погреб. Не, не, еве ви ги моите крвави грозни рани, еве ви ги моите тешки синџири: скршете ги нив, излекувајте ми ги моите рани; направете сеж на знамето на што ќе го кренам да биде на-пишано: единствена и обединета Македонија! Штом тоа ќе го сторите храбро, истерајте ги од вашата земја овие убијци кои го држат во своите раце знамето на неслогата и внесуваат отцепувачки страсти, ве делат вас мои деца на безброј народности, потоа собирајќи се околу знамето на Македо-нија, како ваш единствен национален белег, кренете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишеме едно гласно:

Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!

Постои гласот на нашата татковина, постои слободата, тоа скапо наследство на народите. Да ги прогласите овие зборови, тоа значи да ви ракоплескаат слободоумните луѓе, тоа значи да ги повикате благородните срца да побрзаат да дојдат да се бијатза да ви помогнат да ја добиете таа света слобода која од многу векови побегнала од нашата драга татковина.

Македонци, сетете се за вашето потекло и немојте да го откажувате!

Ќустендил, 11/23 март 1881 г.

Верно на оригиналот

Доспат 18/30 април 1881

Претседател Васил Чомо (Симон)

Секретар, Никола Трајков”

Славко Димевски, Привремената влада на Македонија... , Разгледи, 1-2, 1973, стр. 173-180; Љ. Лапе, Одбрани текстови..., II,стр 256--258;Документи за борбата ..., т.I, док.189, стр 267- 268

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.