|
|
Резолуција на претставниците на привременото народно собрание од името на „Македонското народо население“ со барања |
(Мај 1880 година) а) Да им се соопштат справедливите барања од македонското народо население на Високата порта со посредство на генерал-губернаторот во Македонија за Портата да побрза со исполнувањето на чл. 23 од Берлинскиот договори да свика законски претставници на Македонија за разгледување и приспособување на Органмскиот устав. б) Да им се предаде ова решение на претставниците на европските држави потписнички на Берлинскиот договор со молба да им го препратат на своите респективни влади и да ги замолат да интервенираат кај Портата за незабавно воведување И исполнување на решенијата од гореспоменатиот договор што се однесуваат за Македонија. в) Да се испратат специјални лица да го напарават истото тоа и во Цариград. г) За исполнувањето на денеска донесените решенија назаначуваме Привремена македонска влада од следниве: Васил Симу, Анастас Димитриевич и Али Ефенди (Албанец). д) Привремената македонска влада е задолжена да настојува да се направи следново: а. За обезбедување на сосем таен начин помош од Европските сили за незабавно исполнување на одредбите од Берлинскиот договор што се однесуваат на Македонија. б. За назначување воени началници за исполнување на желбите на македонското население, во случај на неуспех, со вооружена рака. в. Ако Привремената влада увиди дека Високата порта води политика за одлагање на решението, тогаш со решителна прокламација да ја повика вооружената помош од македонското народо население, да го повика на оружје за самото тоа да ја прифати борбата за своето постоење. г. Со исто таква прокламација привремената влада ќе се обрати за помош од владите заинтересирани за преродбата на старата Македонија, а исто така за помош од сите слободољубиви. д. Привремената влада се задолжува да ја организира привремената организација на воените и граѓанските власти, да изнајде средства за исполнување на наведените решенија и симболот на македонското знаме, печатите и воопшто сеж што се однесува за изградувањето на привремената управа”. АВПР, ф: Посолство в Константинополе, 1880, оп.517/2, д. 2276, лл. 209 с об.; Блаже Ристовски, Македонија и Македонската нација, Детска Радост, Скопје, 1995, стр.188-189; |