Среда, 08 Октомври 2014   
Македонија и Еврејскиот народ

makedonija-i-evrejskiot-narod

Не попусто е речено дека историјата е огледало на вековите. Во ова чудесно огледало од античко македонска и еврејска историја, се опфатени различни примери и периоди, како  историски декор, каде историската судбина е заслужна за чудо. Ова е како легендарна историска драма глумена на различни сцени од различни актери, содржејки ја истата суштина од дејствието во приказните и темата. Континуираниот внатрешен судир и дефанзивни војни, кои Македонија ги извојува за времето на нејзината државност им беа познати на еврејската држава и исто така знаеа за слава и пораз, триумф и солзи.

Македонската стратешка позиција и нејзините плодни земји ги привлекоа ордите на Тракијците, Илирите, Персијците, Грците и Тесалијците како магнет.

Еврејските земји беа исто така под константен удар од соседите Асирци, кои владееа над целиот Исток, подоцна Вавилон и Персија исто така, со векови, кои ја трансформираа нашата античка историја во мозаик од војни и мирен развој, рангирајки ги од процветувањето на културниот развој до ужасни катастрофи. Ова беше мозаик со големи воени лидери како Давид и Соломон и храбриот Император Еровоам, но исто така со кукавички водачи, кутри бранители на своите  народи.

Во Македонија династијата на двајцата бесмртни императори, Филип Втори и неговиот син Александар Трети, ја доведоа македонската држава до невидена воено политичка моќ. Во нашата држава династијата на двајца други бесмртни императори Давид и Соломон, повторно татко и син, ја крунисаа еврејската држава со најсветли страници во нејзината историја.

Македонскиот Крал Филип имаше задача за обединување на Македонија и ширење на нејзината моќ, исто како и подобрување на внатрешните политики преку основни економски и воени реформи. Tој успешно ја извојува војната против соседите Грци, Панонци и Илирци и постигна невидена моќ на војниот и политичкиот фронт.

Во нашата држава, исто така, Императорот Давид имал слични квалитети како вешт лидер и брилијантен војсководец. Исто како Филип Македонски, многу години порано Императорот Давид оформил обединета држава и ставил крај на вековните внатрешни конфликти зајакнувајќи го духовното и племенското единство на нацијата. Како и Филип, древниот библиски император Давид со себе носи серии од брилијантни кампањи против непријателите од Израел, давајќи му на својот народ не само невидена воена моќ, туку и сигурност во сопствената сила, што е многу значајно. Легендарната историска драма на овие двајца големи императори, Филип Македонски и Давид, не инспирира уште повеќе бидејќи тие биле многу слични, ова се однесува и на нивните синови – Александар Велики и најголемиот Еврејски император, Соломон. Работата останала незавршена поради неблаговремената смрт на Филип во 336п.н.е, па ја продолжил неговиот инзвонреден син Александар кој на тој начин достигна бесмртна слава и моќ. Соломон исто така ја продолжи работата на својот татко и ја поведе израелската држава до зенитот на нејзината историска слава и развој.

Ова се поголемите историски аналогии од Македонија и Израел.

По смртта на Александар Македонската држава почна да се распаѓа. Беше освоена од страна на Рим по три македонски војни.

По смртта на Соломон еврејската држава се подели на 2 империи – Израел и Јудеја (978г.п.н.е.).

Така Рим завладеа со Македонија, Асирија завладеа со Израел и Бабилон завладеа со Јудеја. Историјата на две нации  може да има различно поставување, но нема потреба од различен тек и факт е дека би се споделила истата историска судбина.

Лоза

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.