Среда, 15 Октомври 2014   
Русија ја призна Р.Македонија под уставното име во август 1992 г.

mac-rus

“Кога Козирев пристигна во Белград во 1992 г., се најде под синхронизиран притисок од страна на грч­ката дипломатија во Москва и оној што дојде од Милошевиќ и неговиот режим. Излез од таа состојба Козирев побара во прекинувањето на турнејата и откажувањето на посетата на Ма­ке­донија...

Козирев пет-шест дена потоа ја посети Македонија.

При посетата го извести македонското раководство и јавноста дека Русија донела одлука да ја признае Македонија, но при посетата не ја предаде нотата со која Р. Македонија официјално се извес­тува за приз­на­ва­њето.

Со тоа Козирев во Македонија не постапи на начин како што постапуваше кога ги ­по­се­ту­ваше Словенија, Хрватаска и Босна и Хер­це­говина, туку на крајот на својата по­сета рече де­ка нотата за признавањето на Македонија ќе ја ис­пра­ти штом ќе се врати во Мос­ква. Тој се врати...,но нотата не дојде... минаа јуни и јули 1992 г., нота немаше.

Во почетокот на ав­г­уст 1992 г., при посетата на претседателот на Русија Борис Јелцин на Бугарија, состојбите се про­ме­ни­ја.

Со упорниот и аргументиран нас­­тап на бугарскиот претседател Жељу Же­лев, отпадна­ле ре­зер­вите... и рус­­киот претседател решил веднаш да ја приз­нае Македо­ни­ја. Одлуката ја до­нел уште кога се наоѓал во Бугарија и веднаш од Софија го испрати заменикот на Ко­зирев, Ви­­талиј Чуркин во Македонија, кој на 5 ав­густ му ја пре­­даде нотата за приз­­­на­­вањето на министерот за надворешни работи на РМ Денко Малески... Тој настан беше од ог­ром­но зна­чење за Република Македонија, меѓу другото и затоа што Русија ја приз­на Република Маке­донија под неј­зи­ното ус­тавно име...“

Инаку, Жељу Желев како пријател на Македонија, за времето на своето претседателствување на Бугарија, беше првиот државник и Бугарија е првата држава која ја призна независноста на Република Македонија под нејзиното уставно име, а нешто подоцна лобираше кај тогашниот руски претседател Борис Јелцин и Русија набргу ја призна независноста на Република Македонија под уставното име.

Исто така во времето на својата функција како претседател на Бугарија, Жељу Желев не ја прифати поканата од Грција за средба на Балканските Држави каде Македонија не беше поканета, и токму од таа причина Балканската конференција во Грција не се одржа.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина...

Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија.

Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Република Македонија, кои сеуште траат.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.