|
|
Ферман до кадиите (17 јули 1832 год.) |
ФЕРМАН ДО КАДИИТЕ, СО КОЈ СЕ НАРЕДУВА ВОЕНИТЕ ЛИЦА ДА НЕ КОНАКУВААТ ВО КУЌИТЕ НА МИТРОПОЛИТЕ И СВЕШТЕНИЦИТЕ И ДА НЕ ИМ ГИ РЕКВИРИРААТ НИВНИТЕ КОЊИ ...Бидејќи припадниците на воените одреди често пати барале да конакуваат во конакот каде живеел митрополитот, како и во конаците каде живееле неговите свештеници, и бидејќи земале и се служеле со нивните коњи и маски и на таков начин ги возне-мирувале и угнетувале, и затоа споменатите се обратиле и барале да биде издаден ферман за да се спречи сето ова... Поради тоа се наредува, кога ќе стигне... Постапете според оваа царска наредба, според прописите дадени во бератот на митрополитот, а запишани во дефтерите на царското кни-говодство и никому од припадниците на воените формации и на другите,... да не им биде дозволено земање на јавачките коњи и маски од митрополитот... И во никој случај да не се кона-кува во нивните конаци и на таков начин да бидат вознемирува-ни и малтретирани. Така да се знае и на славниот знак да се потпрете.... Матковски, Кануни и Фермани, за Македонија..., бр. 12, стр. 419- 420; Д-р Иван Алексов СТРАНСКИТЕ ПАТЕПИСЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА |