Среда, 03 Декември 2014   
Македонија во праисториско време

praistoriska-makedonijaНа територија на Македонија е евидентиран активен живот уште од најраните етапи на човековата праисторија. Климата, геоморфологијата и другите природни фактори на целата територија на Македонија предусловиле организирано живеење и создавање различни култури, чија еволуција се одвивала континуирано од првите земјоделски заедници до крајот на железното време. Археолошко-антрополошките истражувања на артефактите од првите населби во Македонија претставуваат базични сознанија без кои не може да се објаснат потеклото на подоцнежните популации ниту, пак, историско-културните влијанија и движења.

Територијата на Македонија се наоѓа во средиштето на балканските природни сообраќајници и ги поврзува двете големи културни сфери: егејската и анадолската, како жаришта на најстарите земјоделско-сточарски заедници, со внатрешниот дел на Балканот и со Средна Европа. Посебна улога во тој поглед имаат природните патишта по должината на речните долини; долината на Вардар, која се надоврзува на долината на Морава, овозможува контакти помеѓу егејскиот свет и Панонија, а Струмешница, преку долниот тек на Струма, ги поврзува југоисточна Тракија со предниот дел на Мала Азија, додека долината на Дрим со јужното јадранско крајбрежје. Големо влијание имаат и патиштата на планинските превои на масивите околу Охридско-преспанскиот регион, кои го поврзуваат овој регион со културите во Албанија, и Малешевските и Осоговските Планини кои, пак, ја поврзуваат Македонија со средниот тек на Струма и со централна Бугарија.

Палеонтолошките истражувања ги откриваат податоците за животот во палеолитот и мезолитот, посебно во Пелагонија, во околина6 та на Велес, во пештерата Макаровец во кањонот на реката Бабуна и во Штипскиот регион, каде што се откриени материјални наоди на првите оружја и орудија од коска и од камен (орудија од камен во облик на клин на човекот-ловец; во гробниот наод во Штипско, пронајден е скелет на човек, чија старост се датира околу 9.000 г. пред н.е.). Артефактите од мезолитскиот период (меѓу 10.000 и 5.000 г. пред н.е.) – секири, чекани, кремени ножиња, камења за точење, чукала, авани, игли, коскени и рогови длета сведочат за првите земјоделскосточ арски заедници.

Картата на археолошките наоѓалишта покажува постоење на околу 160 неолитски наоѓалишта (во периодот од околу 5.300 – 3.200 г. пред н.е.), главно населби сместени во плодните полиња, по речните долини и на планинските подножја на Пелагониската, Скопската, Кумановската, Струмичката, Радовишката и Полошката Котлина, како и во Овчеполско-брегалничкиот регион и во Охридскиот басен.

Во источна Македонија е карактеристична т.н. Анзебегово-вршничката група, според епонимните населби и доцнонеолитската култура наречена Ангелци-Зелениково. Во повеќеслојните населби се домувало во дрвени живеалишта со четвртеста или правоаголна основа, со двоводен покрив, премачкани со кал и бојадисани со бела или со црвена боја, понекогаш украсувани со пластични орнаменти; во секоја куќа имало печка, огниште, поретко и култен објект (Тумба Маџари). Податоците од Тумба Маџари (Скопска Котлина) укажуваат на густо изградени куќи, групирани околу заедничко светилиште и со подеднаква ориентација. Во Охридскиот регион населбите имаат поинаков изглед; имено, има наколни живеалишта, кои се аналогии на културите од Јадранската зона.

Се претпоставува дека жителите на прадревна Македонија се занимавале со земјоделство (одгледувале жита и мешункасти растенија), со сточарство (овци, кози, свињи и говеда), но и со лов и риболов. Изработката на керамички садови веќе не била само за домашна секојдневна употреба (во раниот неолит тоа се грубо изработени садови, монохромни или во црвена боја, украсувани со орнаменти и геометриски мотиви во бела боја – амфори и заоблени длабоки паници) туку се обрнувало внимание и на ликовно-естетскиот израз (облиците стануваат поразновидни, со поголеми димензии, врчви, ќупчиња, амфори, пехари на висока конусна ногарка, сликана керамика со темнокафеави геометриски фигури), а култната керамика се изработувала во занаетчиски работилници. Меѓу религиско-култните артефакти доминантно божеството е божицата на плодноста – Големата Мајка, претставена во теракотна скулптура на женско тело, кое во долниот дел преминува во облик на куќа; оваа единствена среднонеолитска претстава на божество од Скопската Котлина е заштитник на домот и семејството; се почитувале и култот на огнот, домашните животни, култот на умрениот, сите поврзани со разни религиозни обреди во светилиштата.

Доцниот неолит е време кога започнале крупни општествени промени, предизвикани од демографските раздвижувања на популациите од соседните области. Преминот од камено во метално доба, познат како енеолит (од крајот на IV милениум пред н.е.) е поврзан со големите миграции, предизвикани од движењата на степско-номадските индоевропски народи, кои се населувале на Балканскиот Полуостров и се асимилирале со автохтоното население, што довело до нови праисториски етно-културни целини со специфична материјална култура, за кои има голем број археолошки потврди. Поради интензивното користење и обработката на бакарот, овој период е познат како бакарно време. Од бакарот се изработувале накит, оружје и орудија, со што се развила трговијата.

Луѓето од овој период се занимавале со земјоделство, сточарство и лов. Карактеристична е регионалната културна група Шуплевец – Бакарно Гумно од Пелагонија, поврзана со локалитетите во Кумановската Котлина (Нагоричане) и во Источнобрегалничката Долина; регистрирани се енеолитски населби на Скопско Кале, во Пелагонија, во Охридскопреспанскиот басен и во Кочанскиот регион. Населбите биле градени претежно на повисоки платоа – тумби, природно заштитени; исклучок се наколните живеалишта на Охридското Езеро.

Откриените артефакти на ситна пластика говорат за богатата духовност на оваа културна група и во религиозна смисла: зооморфни фигури, женски и машки претстави од Бурличево, мала керамичка фигура на машко торзо во седечка положба од Говрлево (крај Скопје), позната како „Адам од Македонија”, женски статуетки во седечка форма од Црнобуки и од Бакарно Гумно, камен скиптар од Шуплевец (потврда за индоевропското потекло на населението), бакарни секири со сечиво и кружен отвор (Враништа, Кравари, Прилепско); тука спаѓа и накитот изработен од школки, моделирани белегзии и печати, што укажува на комуникациите со народите на Медитеранот.

Бронзеното доба во Егејот и во Македонија започнало порано отколку во областите северно од нив. Податоци од овој период има најмногу во Пелагониската Котлина (пред и до 1900 г. пред н.е.), изразени преку културната група наречена Арменохори. Археолошките наоди од оваа културна група се слични со наодите од повеќе наоѓалишта во Егејска Македонија, а посебно со оние пронајдени во долината на Вардар и во околината на Солун. Посебна сличност на овие наоди, преку облиците на пехарите со две и на чашите со една држалка, се открива со наодите од Албанија. Овие групи ги поврзува и грубата сива керамика, како и начинот на нејзиното украсување. Според наодите на орудијата и оружјата, луѓето се занимавале со земјоделство, сточарство, лов, но и со занаетчиство (грнчарство, предење, ткаење). Населбите биле поголеми, изградени врз претходните енеолитски населби; откриени се и траги од некрополи со изгорени покојници, а во Варош кај Прилеп има некропола надвор од населбата, со гробови-цисти, оградени и покриени со камени плочи.

Од раното бронзено време во Македонија е пронајдена мегалитска опсерваторија, наречена Кокино (кај Старо Нагоричане, Кумановско); опсерваторијата, создадена од вулкански карпи, ги означува местата од каде изгреваат Сонцето и Месечината во периодите на краткодневица, рамнодневица и долгодневица. Кокино претставува светилиште од кое се следеле движењата на небесните тела за да се создаде религиозен календар за одредување на деновите за ритуални обреди; опсерваторијата ги определувала и деновите за извршување на сезонските работи во земјоделството и сточарството.

Посебно место во овој период има обработката на бронзата, т.н. „македонска бронза” (фибули, ѓердани, бразлетни, висулки, бронзени сатчиња во форма на бокал со рачка), пронајдена во археолошките локалитети во селото Пателе кај  Островското Езеро, Вардино во долниот тек на Вардар, во Радање, во некрополата Сува Река кај Гевгелија, во Пелагонија и во Охридскиот регион.

За овој период се карактеристични трговските врски со микенскиот свет и со југот воопшто, на трасата Тесалија – Халијакмон (Бистрица) – Пелагонија – Полог – Ибар, или патот Плетвар – Вардар; за тоа сведочи и пронајдениот микенски меч во Тетово. На југозападниот дел од централниот Балкански Полуостров, од бронзениот период до железното време, постои континуитет на една значајна етничка популација – Бриги. Старите автори сметаат дека Бригите се најстариот народ на светот. Според археолошките, ономастич ките, лингвистичките и историските истражувања, Бригите мигрирале и се населиле во Мала Азија под името Фриги (првите миграциони бранови се околу 1500/1504 г. пред н.е. и траат до 800/700 г. пред н.е.); помалите етнички групи што останале на територија на Македонија, во античкиот период се асимилирале со античките Македонци, Пајонците, Дасаретите, Едоните, Мигдонците и со други етноси.

Индоевропскиот начин на погребување под могили и, воопшто, материјалната култура (карактеристичните садови – бокали со две држалки) укажуваат на присуство на бригиска популација во Охридскиот регион, во Пелагонија, источно од долниот тек на Вардар, потоа во северозападна денешна Грција, во Епир, како и во централна, југоисточна и јужна Албанија. Но, според интердисциплинарните истражувања, во бронзениот период имало општа поврзаност на културите од Карпатите до Јадранот и до Пелагонија; во овој широк географски ареал влегуваат и областите на централниот Балкан, од Поморавјето и од Повардарието.

Археолошките истражувања на бронзеното па с¢ до железното време откриваат некрополи на територијата што била населена од пајонска популација; Пајонците, како стара популација, претставуваат алка што го поврзува Балканско-долноподунавскиот комплекс со Долна Македонија. Во Скопскиот регион (Долно Соње) и на локалитетот Болница – Прилеп се откриени гробови-цисти со скелетно погребување во згрчена положба, со гробни наоди на керамички садови и камена јаболчица од бронзен меч. Оваа етничка заедница го населувала јужниот дел од централниот Балкан: Хомер пее за „криволаките Пајонци” од „широкиот Аксиј”, а според Херодот, овие племиња биле населени во близина на Пангеј, реката Стримон и Прасијадското Езеро; Тукидид, пак, нив ги лоцира во областа западно од Пела, с¢ до морето.

Во ЏИИИ век пред н.е. Балканскиот Полуостров бил зафатен со нови бранови немири и преселувања (т.н. „егејска преселба”), кои со себе носеле нови културни елементи, со што започнала железната епоха.

За овој период е значајно влијанието на културите што настанувале на Медитеранот, но и културата од карпатско-подунавскиот простор каде што, пред крајот на IX век пред н.е., започнала да се распаѓа културата на жарните полиња. Како потврда за пристигнувањето на овие номадски или полуномадски племиња од руските степи, кои во бранови се движеле кон Балканот, се артефактите во керамика со жигосани орнаменти и со инкрустација; овие наоди се поврзуваат и со наодите на Понт, како и со формирањето на стилот басараби што го опфаќа просторот од Црно Море до Војводина, со големо влијание на запад и во Македонија. Интересна е појавата на коњска опрема и на новиот вид оружје (секири, лабриси, копја, стрели и нова форма на меч од железо, штитови). Во некрополата кај Требениште (Охридско) се пронајдени голем број наоди (од VII век пред н.е., с¢ до крајот на IV век пред н.е.).

Според луксузните материјални наоди (златни погребни маски, златни сандали, нараквици, златен и сребрен накит, масивни бронзени кратери, сребрени пехари и ритони, бронзени шлемови и други култни предмети), овие гробови се наречени „кнежевски гробови”, зашто очигледно им припаѓаат на покојници од племенската аристократија; вакви наоди има и во некрополата Синдос, близу Солун и во халкидичко-долноповардарскиот простор.

Овој период завршува во VIII век пред н.е. со формирањето на посебните етнички заедници со специфичен историско-културен развиток. Со интензивна примена на железото за изработка на орудија и оружја настанала промена во  материјалната култура која, пак, повлекла промени во општествената структура; имено, социјалната и економската положба се променила, а со стекнувањето богатство на еден дел од населението дошло до негово класно раслојување. Во текот на постарото железно време се создале првите родовски и племенски заедници во кои, со концентрацијата на економската и политичката моќ кај племенската аристократија, се создале владетелската класа, државите и државните уредувања и настанале наследните монархии и династии на античка Македонија.

ИСТОРИЈАНА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Уредник: Проф. Д-р Тодор Чепреганов

Автори:

проф. д-р Анета Шукарова

проф. д-р Митко Б. Панов

проф. д-р Драги Ѓоргиев

проф. д-р Крсте Битовски

акад. Иван Катарџиев

проф. д-р Ванче Стојчев

проф. д-р Новица Велјановски

проф. д-р Тодор Чепреганов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.